Здраво на сите, потребен ми е искрен совет. Извинете што текстов ке биде подолг, но ке раскажам колку е можно по просто. Пред 1 месец скоро запознав случајно една девојка, која си кликнавме од прва премногу јако, девојката е искрено убава,згодна, фина кон мене, премногу внимание ми посветува како ниту една до сега, што ми е премногу чудно.Девојката е разведена пред 7 години а има она 40 години, има два сина едниот е 9 години, другиот е 13 години, наводно се развледа ради тоа што бившиот маж нејзин си одел по други девојки и ја малтретирал физички и психички,а она никогаш не го сакала и не чуствувала ништо кон него, наводно се земала за да има каде да живее бидеќи немала каде да живее (мајката нејзина ја оставила на 20 год,се преселила и не сакала да има никаков контакт со нејзе,а татко незнае кој и е, затоа што нејзините се разведени кога она имала неполна 1 година) едното дете со бившиот маж било непланирано, а другото свесно го направила демек ке се смени нешто, за на крај и свекорот да ја истепа она тука решава да се разведе, наводно свекорот го подржувал синот.Всушност каде е проблемот, девојката ми кажува дека и претходниот дечко што го имала пред бракот, и тој ја тепал,па после тоа имала исто дечко после бракот пред мене да ме запознае неколку години, каде што тој ја малтретирал психички и се заканувал, но не дошло до тепање,јас кога ја прашував зашто секој дечко ја малтретирал, тепал, ми одговара дека све налетувала на лудаци и психопати и дека претешко се наоѓа нормален дечко.Се гледаме многу често,скоро секој ден со девојката, и еден викенд спиев кај нејзе, и со децата нејзини се запознав, големиот од 13 год само седи во соба и не искача и му е срам од мене, затоа што ги разбира веќе убаво работите, а тоа малото од 9 год почна да се приврзува многу кон мене, и ме бара често да сум таму, да си играме, да купуваме грицки, да играме на компјутер, да читаме, што мене не ми пречи тоа воошто затоа што децата не се воопшто винови, и јас искрено би прифатил девојка/жена со деца, ако ми е нормално убаво со нејзе и во све си одговараме, но искрено ми е све ова како еден сон, премногу брзо све се случува, еднаш и спомнав дека некако ми е све брзо и како во сон, и одма почна да го дига носот и да не ме бара неколку дена, што ми падна многу чудно, наводно не сме биле деца и немало што да ми е све брзо, ако сме си одговарале немало што да се мислиме за све,искрено незнам што да правам, целиот сум во прашалници, деновиве сум дистанциран од нејзе, ја лажам дека имам многу работа, дека немам време,за да размислам убаво што понатаму, морам да мислам на сите работи сепак не сме деца, а па најмалце сакам да згрешам.Иначе ја не сум бил во брак, немам свои деца, иначе она е постара од мене не многу, но не ми пречи тоа.Друга работа што ме мачи исто така, е пред јас и она да почнеме да се гледаме, она проблама во рок од 2 месеци, со 3 да излезе но не и биле тоа тоа во живо за разлика од што чатала.Иначе девојката е програмер, убаво заработува, има свој стан голем, не е за финансии со мене, тука сум во тотално бунило,плссс за совет. Фала ви однапред
@Tih-ana Ах безбедност и криминалистика, класичен профил, say no more Не му се замарај веќе, ти направил услуга навремено. Воедно, поука за следен пат да си ја слушаш интуицијата, а не таму некој си другар кој наводно го познавал. За да речеш дека вистински познаваш некој, треба да си му бил интимен партнер. Бидејќи за пред другари и познаници, многумина се лабави, социјализирани и забавни. Слушај си го само внатрешниот глас, бидејќи на крајот од денот, енергијата не лаже @Unknown_7 Ти дава впечаток дека не е баш сè така како што кажува или што конкретно те мачи?
Она очекувала веќе посериозно дс влезе со тебе, но ти си ја сецнал и сега сте на стенд бај. Може треба да пресечеш и да не мислиш толку. Или си со неа или не. Колку долго време ти треба за да ја анализираш? Очигледно е дека сака да е со тебе, е сега карактерно дали ти е компатибилна, тоа ти самиот треба да процениш. Тие што ја тепале ги пријавила? Зошто ги трпела и зошто баш сите ја тепале?
Секако и јас очекувам серизоност, како што и напоменав не сме деца, но премногу мал период е 1 месец, за јас да сварам све ова, деца, грижа за деца,да ги прифатам, тоа самиот организам треба да ги прифати јас неможам да знам временски колку ке ми треба, затоа што ми е премногу ново све ова, не сум имал до сега ваква ситуација, и не сум бил со девојка која има деца, која била разведена, незнам како да постапам.Нема никој пријавно од тие што ја имаат тепано, од мажот спогодбено се имаат разведено. Наводно како што напоменав демек све налетувала на некој психопати, и знаеќи дека нема татко и ситуацијата со мајка и, демек користеле тие да ја малтретираат.
@Unknown_7 Еден месец е премалку за толку брзање, па и запознавање на децата. Не велам дека жената е лоша, но можеби лошо ја менаџира очајноста и стравот да остане сама. Па од таму и тоа менување партнери за толку краток период и сето набрзина. Решението е да седнеш и отворено да разговараш, да прашаш подлабоки прашања. Воедно, и твоите чувства се валидни. За 4 недели свадба, брак и деца е баш Телевиса Пресента. Виe не се ни познавате Види што ќе ти каже, воедно и ти како и претходната членка, размисли убаво што ти вели внатрешниот глас Не дека нема такви успешни љубовни приказни, кои од прв ден знаеле дека тоа е тоа, ама штом те мачи целата ситуација и бараш совет, се двоумиш, ова не е една од тие приказни.
Многу поминала девојкава, но тоа не е причина ти да избрзаш со нејзе. Првин, мене не ми е баш зрело тие деца кои којзнае што се нагледале и наслушале за само еден месец да ги запознаваш со нов партнер. Супер што сте си кликнале, ама ако на едниот не му одговара брзање, треба да се забави темпото. Мене ми звучи дека таа е поимпулсивна и не размислува баш зрело околу формирањето врски, а ти си и се видел како добра прилика па сега те форсира. Сепак, треба да споделиш со неа дека ти одговара пополека да одите, да поразговарате отворено.
Пребрзо е сето ова, за месец дена запознавње со деца, не би искрено, би размислила и после долго време дали да ги запознаам, а не па вака за 1 месец, избразана одлука, се осеќа осамено девојката, барем од моја гледна точка. А можеби и нешто не штима со бившите што ја малтретирале, да не лаже нешто?! Не знам, само нагаѓам. Немате заеднички пријатели?
Искрено и мене ми е еден месец премалки за ова што она го брза, и тоа што напомена менување партнери со се смене за 2 месеци, јас ке сум и 4ти партнер, наводно не кликнала со претходните, све и било супер до дека чатале, но во живо немало врска тоа што она очекувала од самото чатање.Јас и кажав отворено дека со нејзе ми е стварно убаво, многу добро во све се разбираме, имаме исти интереси, деновите кога сме заедно многу брзо ни поминува времето, но кога и кажав дека премногу ми е брзо сето ова, она почна одма да го крева носот, демек не сум бил јас сериозен за моите години, и дека сум ја гледал како демек време да си тепам со нејзе, а искрено и кажувам убави работи како на ниу една до сега, незнам што ми се случува освен што знам дека ми е убаво со нејзе, но целата ситуација, деца,тепање од претходни партнери, менување ете на тие пред мене 3јца со кој искочила во 2 месеци ми се голем сомнеж. Иначе она не сака повторно брак, само сака некој да ја прифати искрено, со сето минато, и да и ги прифати децата што е нормално за една Мајка нормална, дека децата и све пред све. Да нешто не е океј, нешто многу е сомнително со партнериве и тепањево... Јас искрено не сакам да избрзам, затоа што ова не е играчка, тие деца не се играчка, јас сум сигурен дека тие деца имаат гледано како мајката нивна, секој што ке започне нешто го носи дома.. За жал немам ниту еден заеднички пријател за да ми каже нешто за нејзе, можеби и лаже све ова за малтретирањето да ме тестира нешто, да види мои реакции, не ми е искрено ич нормално да те тепаат и ти да си седиш со скрстени раце и така само да се разделиш.Као наводно одела 6 години на психијатри за да се стабилизира, затоа што била крш од животот и не сакала децата да ја гледаат во лошо изадине.
@Unknown_7 Многу малку се познавате за да те запознава со децата.. Не верувам дека лаже за тоа што била малтретирана, тепана, кој би лажел за вакво.. Најверојатно после толку неуспешни врски ти си и се видел како по светла точка од другите и за да не остане сама сака што побрзо да те врзе за неа.. Не се приврзувај многу за децата додека не си сигурен дали нешто навистина сакаш со неа или не, ќе те засакаат многу после ќе им го скрши срцето ако не биде ништо меѓу вас..
Незнам искрено во што да верувам, ова со тепањево ми е премногу сомнително..Јас искрено никогаш со ниту една девојка вака си немам кликнато, да ми посветува 24 часа внимание за буквално све, да ме нарекува со убави зборови нежни, емотивна е премногу кон мене, многу емпатија има за некој работи кој сум и ги кажал за мојата прошлост, ама пак нешто ме мава во глава за децата, за све ова брзо што се случува и ми се кочи мозокот што понатаму... Она е таа што ме вика и зима кај нејзе скоро втор ден, и децата се таму и неможам да не им посветам внимание, пак ке кажам тоа малото се врза многу и кога ке ме види да си одам, рика плаче, не сака, и мора да го излаже она некако, и на тоа ми вика она лелел бе колку те засака аман, што се случува демек.
Мислам дека треба убаво и смирено да разговараш со неа... Има причина зошто брза со се тоа сигурно, ама зошто незнам..
Тебе ти пречи она шо има минато... да не се лажеме.... Она ти ја кажала целата нејзина ситуација, за бившите и за децата, те запознала со нив, ти рекла дека не сака брак но сака да биде во врска (сериозна) и дека не и е дојдено до врска само за секс..... Освен шо многу избрзала шо те запознала со децата, јас не гледам друг проблем кај нејзе, туку проблемот е во тебе, ти пречат децата, ти пречат бившите, играш топло- ладно, и сам незнаеш шо сакаш. Како се ова е многу брзо? Не те разбирам. Шо ти е брзо? Тоа шо се гледате или децата? Ако се децата, тогаш другар, не си ти за нејзе.
Не искрено не ми пречи тоа што има минато, затоа што сите имаме некое минато, некој по тешко некој по лесно минато, и јас имам минато големо, без разлика што не сум бил во брак и што немам нели деца. Прво е брзо тоа што ме запозна уште привите 5 дена од кога почнавме да се гледаме со децата, тогаш не ни бевме ни интимни, се имавме видено само 2 пати во 5 дена, а она ме запозна одма со децата и ме однесе кај нејзе дома, далеку од тоа дека мене ми пречат децата, баш напротив, ја сум голем дечар и сакам многу деца, и јас сум и кажал и на нејзе ако е све океј со нас, нема зашто да не ги прифатам нив нормално, затоа што тие деца заслужуваат машко да се грижи за нив, да им бидам пријател,подршка и љубов да им давам од машка страна.Бившите нејзини не ми пречат, ми пречи тоа како доаѓало до секој втор бивши да ја тепа буквално, и она одговор дава на тоа, дека такви и се погодувале, што не е верно воопшто ова.Јас знам што сакам, сакам полека да се одвиваат работите, без брзање,форсирање, него да си течат по ред работите, а не одма децата, одма спиење кај нејзе, пазарење со едното дете, како да сме фамилија ние буквално, јас едвај името и го знам што се вика.
Нели кажа дека само мажот ја тепал, некој и се заканувал, а во последно време барала со некој да стапи во врска и по првото видување разбрала дека не се за неа.. А и ако гледаш на тоа и мислиш дека е проблемот во неа а не во другите, тогаш зошто ти до сега не си можел со ниту една бивша да изградиш нешто сериозно? Дали тоа што си видел дека со ниту една не си одговараш, проблемот е во тебе?
Па викаш дека она нема родители, нема кој да и ги чува децата. Ај едното поголемо, но каде да го остави другото од 9? Хм? Затоа и те вика кај неа, затоа и оди на пазарување со детето а во исто време користи и прилика да се видите. Реалноста е таа, нема кој да и ги чува децата и постојано треба да се со неа. Ако ти пречи тоа, нема шо да бараш со неа. А за тепањето ич не ме чуди. Ако е она толку убава како шо викаш, знаејќи ги мажите од нашето поднебје, точно е шо ја малтретирале. Мажоте скроз полудуваат кога до себе имаат убава жена, од љубомора. Она ти го раскажала нејзиното минато и ти покажала како изгледа нејзиниот ден и живот, а сега на тебе е дали ќе го прифатиш тоа.
Чичко ми ја има кршено од ќотеќ првата жена дур била трудна и тоа на пијано, она со него остана 15 години од како тоа се има дешавано, ама типот ќор пијаница, на жената и скурчи 15 години да рани ќор пијаница, го остави. Најде втора жена, пак беше ќор пијаница, пак ја малтретираше, и оваа будалата немаше да го остаи, да не ја натераше овој. Инаку вака чичко ми тие што не го знаат од блиску и интимно мислат дека е многу фин, океј лик,нема никакви знаци дека е тепач, многу фин со сите, ама а цврцне, им вади душата на сите.
Мажот бивши ја има тепано, и пред мажот дечкото што го има ја има тепано, и имала исто врска со некој тип каде што кога раскинале тој и се заканувал само, но тој ништо не и направил. Не сум можел со моите бивши да изградам нешто сериозни ради х причини, каде што ја сум оладувал, и биле некој сплет на околности, каде што сум имал две долги врски, една од 5 год и една од 7 год, и едноставно сме изгубиле љубов, и сме си се разделиле како нормални луѓе, секој на своја страна, не викам дека ја сум бил цвеќе за мирисање напротив, секој човек си има мани нормално. Да нема родители, децата си одат во школо, она работи само една смена од 8 до 4 часот,иначе на пазарување бевме заедно, затоа што малото не сакаше да седи со брат му, него сакаше со мене да дојде, и на нејзе и викаше, мамо седи ти дома ние ке одиме да пазариме, не сакаше ни со мајка му да оди на пазарување, каде што она почна да менува бои на лицето, и да ми вика во кола, човече што е ова, ова искрено се нема случено до сега од кога сум разведена...Со тоа што она си ги остава за викенд децаа дома сами, и си искача по журки, и по кафиња без проблем.Искрено ми е најубав партнер што сум го имал до сега, и е стварно убаво и згодна, барем за мој вкус нели, секој си е убав на свој начин.