Тоа е тоа. И да биде брзо и да биде бавно, таков ќе биде вашиот живот понатаму. Ако ти одговара, седи си, ако не - терај патот.
Двајца ја малтретирале физички не е секој втор... Гледав пред некој ден едно видео и човекот што објснувше кажа дека машката популација е многу на лошо отидена и дека поголеми се шансите да ти падне метеор на глава отколку да запознаеш нормално машко, затоа и толку многу жени има што не се во врска или разведени.. И верувам во ова затоа што се гледа, можеби шансите не се добра споредба со метеорот, ама да голем дел мажи се такви какви што се... Ако не можеш да стекнеш доверба во неа и не ти држи вода тоа што го зборува мислам дека без разлика што ти е физички привлечна не треба да продолжиш со неа..
Адидас ова не ти е Немачка па да не оставаат 9 годишно дете само дома. Ги оставаат и помали. А башка има и постаро дете дома. Него смешна ми е типкава во приказнава. Изгледа не си учи од сопствените грешки. Имала проблематичен љубовен живот и и се брза пак да биде со некого. Или е проста или нема друго. Второ, не е воопшто наивно сето ова. Гледајќи дека брзо се впушта во авантури и децата ги соочува со сето тоа, дали таа воопшто мисли како влијае тоа врз нив. После само еден месец дома со нив да го запознаеш новиот дечко, особено после цело претходно насилство ми е....премногу чудно.
Сигурна сум дека жената не лаже што и де случило, и некако ми е невкусно и непријатно што тоа е предмет на расправа. Секој што поминал такво нешто па и повеќепати најмалку му треба осуда. Ми делува дека членот искрено е ок со минатото, но се плаши од иднината, што е и нормално. Поголеми се очекувањата кога има и деца во сликата, не е битно чии. Детето си бара татковска фигура, и помалото го покажува тоа. Јас сум сепак за малку подобро запознавање пред да се вмешаат децата, а тоа дека немало каде да се гледаат ок, ама па и не мора секој втор ден да се гледаат. Ова почнало интензивно и сега малку е можеби too much
Абе се зависи каде живеат и какво е детето. Има деца шо не можат сами да седат дома. Или ај во Ск остај само дете. На 7,8 спрат. Па не знаеш шо може да се случи, притоа нема ни баба ни дедо да трчаат на помош. Ај ќе кажеш има и 13 годишник дома, ама и тоа е дете, од кај знаеш дека нема да излезе и да го остави другото само? Шо знам, јас не би оставила дете само, посебно не во Ск. За во помал и помирен град ќе се размислам.
Побогу, тоа што пишувала со двајца, тројца, десетмина, и на видување не кликнало-не е менување партнери. Можам со сто да пишувам дури да кликнам со некого. За тепањето ти одговорија, некој просто има таква ,,несреќа,, од повторувачки искуства. Едниот и се заканувал, со вториот се омажила се развела, поминала низ процес на психичко зацелување- ич не разбирам што има тука да те тригерира. Има мажи говеда и тоа е, нема никаква врска со нејзе. Е децата... просто постојат. Или го прифаќаш тоа или не, толку е. Веројатно е пребрзо за запознавање деца, ама кај да ги носи, што да им праи? Имам другарка во иста ситуација, има 2 деца отприлика на иста возраст ко оваа, и очајно сака дечко. Не маж, не прстен, просто врска со некој со кој ќе кликне а да не биде само секс. Секакви ги има само за секс заинтересирани, и со деца, и без деца, за врска никој. И ај кажи ми, што е проблемот да речеш ок, ни оди фино, врска е. Се гушкаме, пиеме кафе, не само соблечи-облечи-замини. Нема врска ни со деца, одат за викенд кај татко, не мора да се среќаваат кај нејзе, ама ете. Мислам, стварно не си сериозен со дилемиве- или сакаш врска или не. Па што ќе биде, тоа, никој со ланец не те врзува.
Ех, ако нема кој да ти ги чува, шо ќе праиш? Сум седела лично ја на тие години, 9-10,сум го 'чувала' и брат ми, сме искачале пред зграда, не сме се прибирале од играње, имале доверба у нас.. И ова не било пред 100 год па да речеме дека времињата се сменети драстично. Туку, баш е чудно тоа што толку рано го запознала со децата, најчудно е ко шо рече Арабела тоа дека брза да скокне од авантура у авантура, без да и' текне дека треба да биде поучена од досегашното искуство, и да забави, да остаи време и простор да се запознае со човекот. Вака делува премногу очајно. Мене највише за децата ми е жал, посебно коа кажа дека поголемото дете се срамело и многу незгодно му било од ситуацијата. Во ред е да сака жената некој до себе, да не е осамена, да си најде љубов, ама вака.. Делува ко да сака да е со некој по секоја цена. А ова не го читате бе? Значи коа ќе и се сака можела да ги остава сами. Чудна прикаска..
Не се чудам за неа. Едноставно сите сме различни, некои сакаат да бидат сами, некои неможат да бидат сами и сакаат по секоја цена да имат некој. Углавном, овој не е за неа.
Кај гледате скокање од авантура во авантура, кај го пропуштив тој дел? Во ред е да сака некој до себе, ама не вака, очајно било? Е што е очајно и како не е очајно?
Не баш скокање од врска во врска, него не треба да бидеш претпазлива со било кој со оглед на минатото? Особено што за толку краток период го запознава со децата дури и имаат заеднички дешавки. Што знае за него? Ништо. Колку и тој за неа.
Разведена пред 7 години, со 4ца пишувала пред да кликне со овој, бооо скокање од врска во врска На овој му импонира згодна женска ама децата ако може негде да ги паркира. Ваљда сакала да види како и они би реагирале, ако има отпор од нив, ништо од врската. Да не ја дејта другарка ми овој?
Нз, партнери мењавање што пишал, тоа што вика иде по журки за викенди. Не кажа со него дали, без него, шо и како прави. Него дилемата сигурно му е, дали навистина го има засакано и е искрена, или си бара единствено татко за децата.
Не бара татко за децата, проверува како децата би реагирале на идејата да таа има партнер. Со него кликнале, децата не се нешто против, овој не знае што сака. За журки за викенди не знам, него му е менување партнери што пишувала со некого пред него
Абе најубо, додека е уште свежа врската, да одиме и јас и ти таму да се запознаеме со нив . Па да видеме дали стварно кликаат или не
Па нормално дека не знае што сака. Еден месец се заедно. Веројатно и он сака да види таа дали му одговара. Или не смее да дознае, бидејќи женава има деца и е греота. Мора да знае што сака, сега и веднаш.
Па не се работи за брак тука, не сакале брак. 1 месец мислам дека е доволно за да знаеш дали сакаш да си со некој во врска или само за секс. Или па треба да се утепат сексајќи со години и пак да не знаат на шо се?