Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    4.120
    Пол:
    Машки
    • Не испраќајте повеќе мислења едно по друго
    Ќе речеш ама :punch::punch::punch:

    Како Меси :D

    Додека плескал не му било брзо, а кога требало да преземе конкретни чекори, брзо како во сон.Ќе се утепате од ебење не знаете на што сте, после плачете и едните и другите.
     
    Последна измена од модератор: 12 ноември 2025
    На Unknown_7, Biljarkata, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    832
    Допаѓања:
    1.323
    Пол:
    Женски
    Според мене, запознавањето со децата во таа фаза од врската е прерано. Мислам дека за таков чекор треба прво да се изгради стабилност и доверба меѓу партнерите, сепак станува збор за психата на децата. Периодот на развод и малтретирање од страна на партнерите не е нешто лесно што поминала, и затоа треба девојката да е внимателна, прво за да изгради здрав и стабилен однос и таа сама да го запознае човекот со кој е во врска, а после да им го претстави на децата, не знам тоа е мое мислење.
     
    На Stressed Out, Unknown_7 и Stark им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.169
    Допаѓања:
    185.980
    Пол:
    Женски
    Вака
    Прашваш жртва зошто била тепана? Зар насилник бара причина за да врши насилство? Има оправдување за насилство? Прво ова морав да го тргнам од патот.

    Следно, јас сум за брзо врвење низ врска ако има можност за то. Ова е и за мене пребрзо, иако ќе се согласам дека сте возрасни и знајте ако кликнувате. Дали кликнувате? Јас на твое место то би гледала. Ете деца не ми сметаат - одлично. Со неа ми е забавно - одлично. Се гледам со неа 5 години од сега - одлично. Шо ми смета? Ми треба малку време се ова да процесирам. И баш вака би му кажала ова на партнер.
    Се гледам во иднина со тебе, се гледам и покрај децата. Ама, ми треба малку време да се навикнам на новонастанатата ситуација. Знам дека го сакам ова, го осеќам ова, ама ми треба време да се навикнам и да "залепи". <--- Јас би направила ова. Нормално ако ова се и твои чувства, а некако како таков вајб да добив од тебе.

    Следно шо сакав да прокоментирам се коментарите дека женава скокала од врска во врска?! Ми треба директен цитат до то зошто јас не видов. Ни дека е авантурист. Ни дека има комитмент ијшус или шо и да беше друго речено за неа. Три врски се, со три насилници и тоа со (здраво) време измеѓу секоја врска. Од една страна, ако бев на страна на дечково - ќе ми беше брзање да запознам децата уште пред да имаме секс. Ама ако бев сингл мајка прво ќе сакав да знам како децата ќе реагираат на тој кој ми се допаѓа и дали се комотни со него покрај мене (и покрај нив). Така да мислам дека и ова е важна перспектива да се има, иако мислам дека подобро би било прво да е како разговор дека мама се гледа со некој пред да го запознат. But that's just me.
     
    На butterfly6223, eliesaab, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Токму така, две другарки имам со искуство сингл мајки. Реално, имаат ниски критериуми за маж-да е нормален и да сака да биде со нив. Хемија, физика, се подразбира. Образован, богат, слаб, дебел, разбира атомска фузија-небитно. И баш другарка ми има речено-ако децата не ја прифатат таа идеја, или него, не можам да бидам со него. Пошто децата ќе бидат со нејзе во наредните 10 години, и она не може баш да ги шутне. Има мајки што шутнале дете ради да бидат со некого, оваа не е таква.
    Ете толку е.
     
    На azelea, eliesaab, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    15.462
    Пол:
    Машки
    Аргументот на дечково, дека има нешто соомнително зошто толку често ја тепале партнерите(а не пријавила) е навистина безвеза. Многу добро знаеме зошто не се пријавува или колку тоа е често семејното насилство. Така да не знам шо тука е соомнително или чудно, многу глупо размислување е ова.

    Е сега, дека 1 месец е краток период да ги запознаеш децата на својата идна партнерка, и од тебе да се очекува да ги прифатиш веднаш како свои, јас сметам дека е.
    Меѓутоа, треба уште од старт да си до некаде свесен за ситуацијата и околностите по кои се впушташ. Сметам дека ти треба време, а и малку повеќе искуство за подобро процесирање.

    Од друга страна имам чуство дека женава како да сака да најде “прикладен” партнер и татко за своите деца, во експресен можен рок.

    И двајцата некако итате кон некоја замислена цел, а сепак не сте сосема свесни кон што целите.
     
    На eliesaab, Stark, Unknown_7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Машки
    Дечки извинете неможам на сите поединечно да вратам.Пред се фала ви на сите за секој совет.

    Значи вака ја никаде и за ништо не ја осудив девојката, само некој работи ми се нејасни во однос на брзање на партнери, неможете да кажете дека 4 партнери за 2 месеци неполни дека се малце, да не се правиме паднати од марс сега нели.Јас сум прифатил какво минато имала, и ми е премногу жал за тоа, јас ке ја заштитам од било што лошо додека се гледаме, пак ке кажам убаво ми е со нејзе, ок ми е све, само неможам толку брзо да го сварам со децата веднаш што се вика преку ноќ да ги прифатам, ми треба време све да легне.Во однос на сексот некој спомна, јас во 1 месец сум имал 2 пати односи, со тоа што искрено и двата пати беше поднапиена и буквално ме нападна ко никад секс да немала, може звучи чудно но верувајте јас не сакам да инсистирам на односи одма, ако си одговараме и тоа ке дојде спонтано, ајде сега кажете ми, дали е нормално ја спијам кај нејзе, децата се соба до соба, имаме односи таа вика со цел глас, неможев да имам односи да се сконцентрирам од што мислев на тие деца, и на сред односи ми се напна, зашто ладно сум имал односи не сум ја пипал, кога и кажав знаете кој беше одговорот? Дека она морала да ми е на прво место, па после нејзините деца..

    Во однос на искачањата исто спомнавте, искача да сама т.е со другарки викенди,пие и вози пијана, еднаш за ова ја подбрав и ми рече да си гледам ја моето возење, и да не се мешам во нејзиното, знаела што правела она..

    И да децата 70% од денот си седат сами, девојката си шета и искача по кафиња и дружби, затоа што големиот се грижел за малиот, јас во ова немам право ништо се мешам и коментирам искрено.
     
    На Gosh, senjorita-v и Stark им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.080
    Допаѓања:
    8.998
    Пол:
    Машки
    У старт ти кажав дека нешто ми е чудна. :^)

    Кога имате односи, а децата се блиску, треба да биде тивка како во библиотека, а не да урла.

    Оваа чим пие, пијана вози, децата сами си се чуваат, малиот се грижи за големиот и обратно, ми личи на распуштеница и и треба некој само за онака.

    Првиот пат не ги кажа овие работи, а ова е веќе сериозно.

    Ако љока алкохол ко вода, не ти треба. Ќе си најдеш некоја понормална. Оваа за 5 дена ќе те стави на малиот прст.

    Мој совет е да ја баталиш. Не е стабилна.
     
    На angel92, senjorita-v и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  8. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Машки
    За жал неможам сите работи во едно нели да ги напишам, ке треба реферати и реферати да пишувам, затоа кажувам од пост во пост.
     
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    19.083
    Пол:
    Женски
    Одвратен ти е зборов. :puke:
     
    На m.m12345 и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  10. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Машки
    Скраја било, по прво себе ке се повредам него на било кој рака да кренам, а најмалце на жена.
     
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.851
    Допаѓања:
    20.460
    Ако е ова точно, Господ на помош нека им е на тие деца. Страшно.

    И не бранете све шо е жена и мајка, пошо секакви ги има.
     
    Последна измена: 12 ноември 2025
    На Gosh, Amellie13, TrueToMyself и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Машки
    Немам потреба да лажам, ова се работи кој сум ги видел и слушнал, затоа што дојде пијана со кола кај нејзе пред зграда,и го видов со свои очи,и тогаш се спукавме и ми кажа да си го гледам ја моето возење..
     
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.465
    Пол:
    Машки
    Спаси се посовреме.:)
    Сега од се срце ти посакувам.
     
    На _Vera_, Billy Idol и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    42.377
    Пол:
    Машки
    RUN

    Колку побрзо, тоа подобро.

    Жално само за децата, ама тука не можеш ништо да направиш.
     
    На Mihaela2000, Amellie13, TrueToMyself и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    19.083
    Пол:
    Женски
    Јас можам лично за себе да кажам, ниту деца не би запознала со некого за 1 месец, ниту дома би го носела пред децата за односи, зборам за толку кратко време.

    Пијана што возела и себеси и децата, е премногу лошо и одвратно, сами децата да се 70% од времето исто е прелошо, оставени сами на себе, јас вкупно 5 пати не искачам у месец, зошто нема кој да ги чува де, и секако дека тиe ќе ми се поважни, а не јас да се начукам.

    Според ова што го кажа ти, си требало лично себеси да не си дозволиш за толку кратко време да ги запознаваш децата, првично неа да си ја запознал каква е како човек и партнер, после останатото, ама се случило, и ако не ти одговара сето ова, подобро тргни се со време, направи муабет со неа, разговарај отворено што и како мислиш, дај си време, ама сепак мислам дека не сте еден за друг, немате исти гледишта и навики. Секако одлуката е твоја тука.

    Си давам за право да зборам од лично искуство и да се ставам јас во исто, ама не, деца не би оставила и не би ја нарушила нивната безбедност, во никој случај.
     
    Последна измена: 12 ноември 2025
    На Darko90, Panda00, _Vera_ и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.697
    Допаѓања:
    13.524
    @Unknown_7 Најдобро е секој по својот пат :*:

    Во глобала, ако чувствуваш потреба да дојдеш на форум, да напишеш толкав реферат, па и од близок да бараш совет на долго, значи едноставно работата не ја бива.

    Не се убедувај себеси дека го сакаш ова, само затоа што за овие 4 недели некој бил пофин со тебе или бидејќи едното од децата се приврзало малку.

    Тоа е тоа, едноставно не иде уште сега, не па понатаму :*:
     
    На Panda00, Biljarkata, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.169
    Допаѓања:
    185.980
    Пол:
    Женски
    А, сега не е избрзано ако се вели да ја остај? :devil: На почеток маани ќе наоѓа. Или на мажи им се проства оти се простички, на жени никако? Ах бе. /s

    ---
    Овие детали шо ги изнесе со последното поголемо мислење - менват многу. Знам дека ти е веројатно тешко така отсечно да преќиниш ама биди свесен - порано е подобро.
     
    На senjorita-v, Munchmallow20, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.354
    Допаѓања:
    10.735
    Пол:
    Машки
    Оддалечи се додека не е прекасно.
    После ова шо си го пишал, значи станува збор за личност која прво не е ни свесна што прави, да се запраша "што правам јас, дали е во ред моево?" со тоа шо прво ставајќи си го сопствениот живот во опасност шо вози во таква ситуација а башка ставајќи ги и другите животи во опасност, а не пак да и е гајле за децата и хармонијата во домот, со оглед на сето ова што си го пишал. И башка, многу негативности има што ствараат огромна одбивност уште од сам старт.
     
    На NPN, Mumoftwo30, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Машки
    Јас не сакам отсечно да прекинам комуникација, ке се видам со нејзе и отворено со сите карти ке се разговара за сите овие проблеми, па ке видиме исходот каков ке биде.Јас не бегам од ништо, ни сум бегал, работите мора во 4 очи да се решат, а исходот ке зависи од одговорите.
     
    На Mr.Limonko, NPN, Компир Манџа и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    4.120
    Пол:
    Машки
    Според се кажано, јас не знам што би те задржало со неа, ама ти си знаеш голем си.
     
    На MiloMalo, Stark, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.