само кога сака интимни односи само тогаш така не. Ни прегратки ни бакнежи. Кога излегува седи до сабајле, а дома седи по цел саат во тоалет и постојано е со телефонот или лаптопот во рака Како што имам слушнато бившата ја третирал подобро. како се става крај на брак и како се објаснува тоа, кога тој вели дека не направил ништо
@Lajla_ Си слушнала од кого? Од пријатели, познаници, другари, трачари? Значи само кога човек ти е интимен партнер можеш да кажеш дека го познаваш и дека го знаеш каков е. Тебе ти е сопруг, па самата гледаш каков кретен е. Не ти треба други да ти кажуваат како наводно бил добар. Ова со, не сака да те гушне, ама може интимни односи кога ќе посака е уште поголем доказ дека прво не те почитува како човек и сопруга, а потоа и дека не те сака. Како се става крај? Прво седни и убаво направи си план и разгледај го секој аспект - финансиски и физички. Можеш да се консултираш и со адвокат за поконкретни насоки. Ако пак и покрај сè, му веруваш, го сожалуваш, и не сакаш развод, тогаш прифати ја ситуацијата и продолжи да живееш како ништо да не било. Ама не очекувај позитивни промени
Апсолутно со право ти е сомнежот. И не е ниту само сомнеж, туку веќе ти ја признал лагата, само не ти признал неверство. Тоа може никогаш нема да го откриеш како што сакаш ти со сигурни докази, а и да го откриеш, нема многу да ти смени, оти на крај одлуката што треба да ја направиш е иста.
Не сакам да живеам така како досега, многупати и зборев со него но нема никакви промени. Размислував и јас за раздов но секогаш си велев дека можеби преовеличувам. Но според вашите одговори сум била во право
Мене одма би ми било ред флег тоа што викнала некој дома кај неа да спие што не го знае ни 1 месец, да биде на исто место со нејзините деца, може си педофил, може си манјак, како така прибира рандом човек од улица кого не го знае ни еден месец дома кај што живее со децата.. После тоа, ти треба да сфатиш дека таа жена има обврски позади себе, а тоа се децата, замисли на 1 Септември си сингл, а на 1 Октомври глумиш татко на две деца од кои едно тинејџер.. Доколку кога ќе и кажеш дека ти е се пребрзо и дека сакаш да одите поспоро, а она тогаш се дистанцира од тебе, тоа е класична женска манипулација..
Не знам дали бил на бензинска, од која страна дошол, дали те изневерува, дали се дрогира, дали... Со вториов дел имам јас повеќе проблем. Како после 5 години брак ти примети дека не те есапи? Да не биде муабетот зошто воопшто се мажите за такви лигуши, да, нормално е да се чувствуваш како што се чувствуваш, не е нормално да те гушне само ко ќе му се сака (а тогаш не ли е повреден, не ли му се кочи), не е ова баш нормално за брак. Ни за врска не е нормално, ама тоа е што е. Сакам да кажам, валидни ти се чувствата скроз.
100 посто те изневерува. Како и да е, тоа негово однесување не е добро и чим со разговор нема промена.... ти си знаеш најубаво шо ќе праиш понатаму. Или цел живот ќе го трпиш така и ќе си ќутиш, или ќе си одиш да живееш на раат.
Види, прво не бегај од чувствата и интуицијата, ако нешто те мачи и има нешто шо те прави несигурна е лигитимно право да се сомневаш во него бидејќи има причина шо ти го предизвикува тоа чувство, а причината е дека те изневерува. Втора работа, делот со искажувањето љубов е чиста манипулација и лага а пред се огромна непочит спрема тебе со самото тоа шо го спомнал воопшто минатото со тебе која си му иднина т.е сопруга и као тоа е причината зошто не можел да ти покажи љубов. Е како па да не, не верувај во лаги. Секој разумен човек го остава минатото на страна и се фокусира на иднината, тоа што било некогаш е завршено и затоа е минато, тогаш зошто вооошто влегол во врска/брак ако нема расчистено со минатото. Него друга е работата, вниманието му е кај друга, е тоа е проблемот.
Дечки се видов со девојката и разговаравме, па имам обврска да ве известам. Девојката се отвори уште повеќе, иначе пиела антидепресиви и ги мешала за викенди само со алкохол, ова ме трогна ептен.Имала другар кој е психијатар па и препишувал апчиња без да биде заведена во историја за да не и ги земал бившиот маж децата, ова било пред некоја година, ама апчињата ги пиела до ден денеска, плус ми призна дека имала профил на апликација за запознавање и си чатала и до ден денес и со други машки за да си имала резерви, за со некој што се гледала кога ке прекинела да имала одма друг.Друга работа кога искачала и гледала со мене ги гасела нотификациите на моб од сите апликации за да не случајно кога е на маса моб да не сум видел јас, а искрено никогаш телефонот не и стоел на маса, секогаш во ташна или во џеб, каде што јас на ова до сега не сум обрнал внимание.Јас сум во шок искрено, жена со две мали деца што прави цццџц.Друга работа тоа што ми смета што ги остава децата сами, не било моја работа ја да сум кажувал што она да прави со нејзините деца, било само нејзина работа.Немала да прекине викенди да пие и да искача, не и е гајле што мене ми сметало тоа, она си уживала и не би го менувала тоа уживање, искрено немаше потреба веќе да влагам со прашања и во дискусии, се договоривме човечки дека повеќе нема да се гледаме ни комуницираме, каде што она рече дека најдобро е за двајцата, немало зашто понатака да бидеме во комуникација, ке си барала некој кој ништо немал да и паметува, зашто знаела она што е најдобро за нејзе.Профатив и посакав све најдобро, и кажав дека деф јас и она сме два различни светови и да не си губиме залудно време и ствараме проблеми.Во однос на децата, ми рече не се секирај они знаат све, јас све им кажувам и за тебе знаат дека си се дејтаме, и не те сваќаат ништо озбилно, јас на ова ништо не одговорив зашто веќе ми е све јасно како ден. Фала ви дечки на сите за советите, чувајте се и само љубов ширете.
Ти всушност, благодарение на советите од форумов, успеа да искомуницираш со девојкава толку многу во 24ч… Абе ајде седнете да учите, доста приказни пишување, колоквиуми идат.
И среди све, исто и жената што ја вара мажот инстантно се освестила Ме нервираат шо си играат мајтап со сите, ама па како да не вратиш коа толку многу се потрудиле и се креативни..
Извини госпоѓо на тебе ако мојата објава ти е лага, замисли како ми е мене сега у моментов. Значи пишав овде за совет и плус напоменав дека имам сомнежи само се двоумев. Што ти е тука лажно не ми е јасно.