@natashaaz.09 очигледно ми е некако дека прашуваш за себе а не за другарка, ама како и да е сите знаеме како треба да постапиме, тука бараме само потврда.
Ја убедил дека ништо не бил разговорот а еве бил као демек го памти ли дека живееле порано. Другарка и сигурно се најдобро и кажала за него (иронично демек). И не му рекла нишо и продолжил да ја следи девојката. А оваа мојава нервен слом доживеала почнала да се тресе. Арно било 6ти ден пред одење вика.. И почнал као за шо драми чист муаб али таа повеќе ни сеен не му напрсвила.I am confused шо да и речам на другаркава? Сеа збори дека не можела да си опрости шо опростувала, преотечена е не престанува да плаче. Не не и погоре кажав дека сличен аирлија беше и тој мојот. Овој е бетер па и 4 год е постар од мојот бивши. Знам дека може ве асоцира дека е за мене, затоа и кажав за другарка дека е.
Ахам да, типичен машки одговор. Тој правел глупости, ама таа е виновна бидејќи не ќутела Му станала одбивна за брак, ама не и за секс. @natashaaz.09 Да, може до толку да има нелуѓе. Како што гледаш, мажи може да те отсакаат ако се расправаш со нив, ама немаат проблем да продолжат да ти го трошат времето. Воедно, нормално е сега плаче и да и е најтешко, ќе помине, нека му даде време на времето
@natashaaz.09 А другарка ти толку ли не се цени самата себе си па што продолжила да тера врска со некој таков? Луѓето се менуваат кроз годините, не знам за кој плаче, за некој што не ја почитува? Или плаче дека има 30г и мисли дека нема да најде некој друг, подобар? Дечково ми изгледа дека му се доволно изиграни играчките. Штом на 35г си ѓи 'бара' другарките што живееле порано нека не очекува дека ќе седи дома со неа и ќе си игра на брак.
Секој раскин боли, дека ќе ја боли тоа сигурно.. Било што било назад да се врати и да смени нешто не може. Единствено што можеш да направиш за неа е да останеш покрај неа сега, сврти и го муабетот на друго место излезете на кафе, дружете се... И јас секогаш велам подобро нека плаче сега нека го преболи отколку после со него цел живот да го помине плачејќи.
Не е типичен машки, само нагаѓаме сега. Не реков дека 100% е така, туку дека постојат индиции. Од кај да знаеме за што се карале, ама не е дека македонски парови се расправаат за 100 работи, туку тие 2-3 се. Знаеме сите кои...
Тој ако сакал да и неверен демек не му требало девојки на инста/фб. Ама му требале ете очигледно. Зашо би го праел тоа ако знае на жена му идна дека и смета? 6 год му кажувала.
Боли да, боли се додека ти сам не си кажеш стоп. Луѓето губат деца, фамилии итн. тоа боли, а не боли раксид од такво г*мно. Не ме почитуваш, ајде вратата е таму. И 5 деца да имам, нема да живеам со некој што си го чеша патлакот на друѓи. Тотално не почитување. Треба само да си прифати девојката и да си продолжи понатаму, да не се депресира дека нема подобар од него и заради годините. Ова заради годините го кажувам дека нашиов менталитет го нафрлува тоа, 30г сингл демек стара мома ќе си остане. Па најголемите неверства почнуваат по социјалните мрежи. Он си режира филмови, нашол будала што му верува.
Едно прашање, зошто пишувате за "другарка"? Као демек така помалку ќе ве осудат луѓево тука или тоа некако влијае на анонимноста? Стварно не ми е јасно.
@natashaaz.09 Сè што треба девојчето да направи е да научи да се сака себеси. Кој се сака себеси, не троши 6 години да моли да биде сакан од некого. Не ни треба некого да го учиш да те сака и како да те сака, ниту пак можеш да го натераш. Дефинитивно треба да седне самата со себе и да види кој психолошки дел од неа ова го дозволувал и да го исправи, во спротивно секоја наредна врска ваква ќе е. Тоа е сè, нема зошто да се навраќа на годините кои поминале, животот е пред неа
Имам за мене сто пати пишано. Седевме со другаркава синоќа и знае за форумов мислеше ќе наиде на мислења како нејзините и ми рече да пишам.
А како ќе го опишете таквиот профил на партнери? И јас имав долга врска со ваков човек на што се должни нивното понашање? Нашле овца па ја стрижат? Ама зашо ти е да стрижеш некој ако си со искрени намери? Можда на првиот ред флег ако сме биле со став ќе било ли подруго? И другарка ми тоа ја мачи а и мене богами… Што све сум допиштила. Господ не споил у исто време со сличен проблем да сме.
Никој не може да те стриже ако не дозволиш.Нека додава негово право,само сами сте криви што одолговлекувате толку години.Промени нема,а разделбата не е иста по неколку месеци и години.Тој таков ќе биде и во брак.
Затоа што такви луѓе не се со искрени намери. Има и женски такви не се само машки. Тони Робинс вика во животот го добиваш тоа што го толерираш. Ако толерираш вакви нарцисити тоа и ќе го добиваш. Ако толерираш некој да те прави будала при здрав мозок, ништо нема да се смени се додека не кажеш доста е. Не го кажувам ова за да те нападнам или навредам, ама искрено не ми е јасно како можете да губите години со некој што не се менува? Со години пишувал со други женски, што очекуваш да се случи ако бидете во брак? Дека магично ќе се смени нешто? Неее бе душо. Уште полошо ќе биде. Видел тој дека без разлика што и да прави, девојката е со него и ќе си ја зафркава како сака. Достапна му е кога сака. Кога му е досадна ќе си пишува и ќе си излегува со други. Кој знае колку пати ја има изневерено досега. Кажи и на другарка ти дека треба да се радува што на 30г и се отвориле очите. Замисли да поминеле уште 30 и да се кае за животот што го живеела (или не го живеела). Животот не завршува на 30, баш напротив сега почнува. Убаво ти пишаа погоре, треба да се сака себе си и да се цени. Затоа што ако продожи како и до сега, пак ќе најде некој како претходниот. И по 5 години пак ќе прашува што да правам?
Изневерување не е само секс да има со други. Веќе ја изневерил и со самото тоа што пишувал со други со намера да ги има. Изневерување е и да погледне во друга со такви очи, со намера да ја има и да рече "еј што би и правел".
Целосно се сложувам со тебе. Само за жал сеуште има наивни што веруваат дека изневерување е само физички..
Абе сега ако погледнал друга, големото чудо ако погледнал, претеруваш сега Лимонче, не е тоа изневерување ако кажеш еј добар дечково/девојкава, па ај ако не да мижиме на се што е добро и убаво. И тие мажи што бараат внимание од други жени, се red flag, исто така, па? Изневерување се знае што е, чувство и емоција, љубов за друг, физички контакт, итн... разговори постојани да, ама ако кажам дека некој е убав и згоден, не е изневерување, ниту пак задња намера.
Па види сеа, зависи со каква намера и помисла погледнуваш.Некад поглед може да каже многу повеќе од збор.Едно е да погледнеш некој, да го искоментираш дека е убав, убаво облечен тогаш не е проблем.Ама сеа ја ако шетам низ градов, буљам во секоја втора што ке помине, а дома ме чека некој, мислам дека имам проблем и дека не е океј.