Едно е и природно е кога ќе помине некого во твоја близина, да го погледнеш, па дури и да си помислиш дека е убав/убава. Но, ако седиш со партнерката на кафе и буквално се вртиш во сите правци и загледуваш се што ќе мрдне и ова да ти е постојана очигледна пракса + постојано да фантазираш за други, едноставно значи дека со партнерот до тебе не си емотивно поврзан и не го сакаш. А па и на глас да коментираш кој каков е е постојано, е едноставна непочит кон партнерот, бидејќи има нешто што се вика common sense - осет и основно однесување во различни социјални ситуации и земањето во предвид чувствата на тој до тебе
Абе не е дека немаме мрсни мисли, ама не дека ќе имам за некоја што ќе ја видам на улица и кафич. Јас за мене си кажувам, за другите не знам со сигурност, но претпоставувам дека се како мене. Мрсни мисли можам да имам кога ќе видам слика од Сидни Свини, а не од Ивана и Елена у кафич.
Еве јас на пример немам за секого такви мисли. има што кога ќе го видам ќе си помислам уххх. ама не за секого
Абе мањаци у кафич одма ќе препознаете или ако некој ја вара на некоја, одма по погледот ќе го приметите, како што спомна погоре членката, дека ќе се врти по сите како вртимушка.
Веќе ако е за секого тогаш највероватно си имаш проблем. Некогаш една личност со поглед може од такт да те извади и само тој да е до крај. Тоа го сакам
Сигурно не ми е секој втор до толку убав, за да го коментирам. Има и девојки, јас и за нив си коментирам, без задњи намери.
Нене, ако прокоментираме жени, може и нив сакаме "да ги легнеме" не смее тоа, изневерување може и ова да е, кој знае.
Да без врска. А најубав и нај искрен комплимент може од жена да добиеш. Мажите секогаш може да имаат скриени намери