Добро, јас општо кажувам, не дека јас правам така. Може е малку глупо, но мислам дека не е предзнак за изневерување.
Незнам во која категорија да го напишам ова но дали верувате во кармичка врска и дали некој член му се има случено ако му се има нека пише да споделиме зошто јас знам дека поминувам низ нешто такво или било какво искуство совет за вакви врски кога двајца се сакаат и премногу но се повредуваат еден со друг тешко им е раздвоени а кога се заедно нон стоп се караат нема заеднички збор дури и се влошува значи со неверства вреѓање понижување и после тоа пак смир скар и така во круг
Реалноста е дека ако некој сакаш нема ни да го повредуваш намерно,а не пак да го понижуваш,за неверство па да не зборувам.Освен ако немате по 15години од прилика.
А се изневерувате двајцата од толку многу љубов или?Која е причината што не можете да ги надиминете кавгите.
Тој ме има изневерувано не јас му простив но веќе не е тоа тоа сега и мене ми е краток фитилот но кога не сме заедно ми недостига а и ако јас не се јавам тој прв пишува незнам многу лоша врска викаат кармичка врска било пошто природно да беше никогаш не би опрости неверство
Едно да те прашам!? Шо уствари очекуваш од некој што те варал???? Дека ке се промени? НИКАД Не се држи очајно за најтенката гранка,оти кога ке се скрши и кога ке паднеш многу ке те боли. Размисли дали утре задутре посакуваш таков брак... Факај патот навреме и некоја друга будала нека го трпи твој недораснат и исфрустриран лепотан.
Пробај да не веруваш во тие глупости.Не си ни прва ни последна што простила неверство.Само гледаш дека не фунционира.Секогаш ќе му префрлаш за тоа,што значи му немаш простено и не треба.
Не е, туку е немање самопочит и способност да се преземе одговорност за сопствениот живот. Ама ако ти е полесно ќе го спакуваме во целофан и ќе го наречеме кармичка врска.
Падната е во канџите на токсичен манипулатор и мисли дека нема подобар од него. Абе WTF кој дефект кој имате во главата шо дозволувате некој мамин мочко да си поигрува како сака со вас.
Штом не можете да најдете заеднички јазик за да се разберете, џабе ви е таа "љубов". Ќе се скараш некогаш за нешто, ама за тоа едно, еднаш само после решение се наоѓа. Мислиш дека некој што толку те сака како ти што велиш ќе те изневери? Ти не си заљубена во него, туку во она што го имаш замислено дека е тој и се плашиш да не останеш сама.
И ти веруваш дека има љубов помеѓу вас? Навика е тоа само, ништо друго. Убаво ти напишаа, кај има љубов, не постои неверство. Е сега размисли ти со кој си губиш време. Валда не планираш да минуваш живот со некој кој те изневерува или? Ова мене ми делува прави што сакаш само не ме оставај.
Ова е сѐ освен врска каква што треба да е. Ако сакаш лажно да се тешиш нарекувај го кармичка или каква год има таму. Чим има неверство нема љубов, крај на дискусија. Трагикомично ми е кога некој ќе речи бурна врска имале ама битно се сакале, не можеле еден без друг. You're both sharing a trauma, it's not love. Не знам колку ќе е послушан советот, но треба да се разделите. Ќе сфатиш тогаш колку загаден воздух си дишела и ќе се осеќаш дека си се родила одново. И потоа некој ќе пишува дека во темава премногу сме викале остави го. Што да речиме во овој случај ај, да се венчаат и да направат 3 деца? Најмногу тука доаѓаат да пишуваат кога е веќе дојден нож до коска. А тоа колку се слушаат советите е друг муабет.
@Veseli _cvetovi Да, кармичка врска е. Кога веќе прашуваш, дали знаеш што е и поентата на кармичката врска? Поентата е да ја искусиш, да си ја научиш лекцијата и да ставиш крај, не е наменета да трае засекогаш. Не станува збор за вистинска љубов. Тоа е начин на Универзумот да ти каже дека мораш да научиш да се сакаш себеси на потешкиот начин. Односнот можеби е интензивен, токсичен и чувствуваш како да е судбинска љубов, но не е. Кармичката врска е тука за да те тригерне и да те разбуди да видиш зошто не се сакаш себеси, зошто мислиш дека не вредиш, па опростуваш изневерувања и понижувања. Да те онака размрда на малку поболен начин да видиш дали оваа твоја ниска самовредност потекнува од дома, од детството или од каде, тие некои скриени рани да си ги излечиш. Те тера Унверзумот да го смениш ова кај себе, да го смениш начинот на кој толерираш луѓе да газат по тебе и да те понижуваат, како дечко ти, а и верувам други во твојата средина. Непопуларно мислење, но враќај му се на дечко то онолку пати колку што е потребно за да конечно ти се смачи од самата себе и ти се згади од него. Нема друг начин да научиш
@Polyincognito научив нешто ново денес. Имав чуено за овие врски, но мислев дека е нешто во смисла сите тешкотии да се поминат со личноста и пак да останите заедно на крај, да се достигни некој "мир", одредени сте од универзумот да не се разделите и сл. Но не било сосема така. Сфатив дека и јас сум била во ваква врска, бидејќи беше скроз исто како што опиша. Осеќаш пул, конекција и како да е meant to be со личноста, но на крај е само една голема лекција за твое добро. И навистина си ја сфатив вредноста после тоа.
@Amellie13 Жал ми е што си поминала низ ова, но сега се сакаш себеси и тоа е најважно Инаку, ова може да се објасни уште полесно со психолошки термини, бидејќи во динамката на една токсична врска со создава trauma bond која функционира токму вака. Започнува со магнетска привлечност, каде на нездрав начин се приврзуваш, па со поместување на висечкиот морков и тоа топло-ладно, само се таложи тензијата, ескалира и пак се враќа од почеток. И сето тоа е бидејќи најчесто имаш подлабоки рани од детството или од нешто друго, па поради тоа препознаваш нешто познато, а е само искривена слика за блискост и љубов (љубов и кон себе и кон другите). Јас и одговорив во стилот на нејзиното прашање, бидејќи штом спомнува кармичка врска, најверојатно е навлезена во оние тарот работи и бара на секој начин да најде доказ дека им е судбинска љубовта. Но, тоа е само уште едно класично однесување кое настанува како резултат на таа токсичност, каде стануваш зависен, благо опседнат и бараш изговор за секое негово однесување. А во суштина, објаснето на еден или на друг начин, се доаѓа до истиот одговор, ќе мора да научи да се сака себеси на потешкиот начин, за жал