На почетокот изгледа многу поинаку како што мислите додека ви влезе под кожа а после почнува играта мислите создадени сте еден за друг пажна внимание грижа но по некое време доаѓа до некои неочекувани случки што на крај памет не би ви паднале ко неверство увреда нормално заминуваш раскинуваш сакаш да одиш тој се кае плаче простуваш со недраго срце трае извесно време се случува пак нешто боли не се раскинува ко што мислите обично и претходно сме имале врски но личностите не биле такви од почетокот до крајот превртливи или искачаш 2 до 3 пати сваќаш со кој работа имаш и веќе не се гледаш овакви врски се малку или многу поинакви и се многу болни и јас не верував само имав ко чуено нешто карма она ова но не било така тоа е сродна душа која се сретнува од прошлите животи т.е иста душа во две тела која ја сретнуваме во овој живот поради лекции незавршени ситуации од друг живот но во овој никако не можат да опстанат заедно болно е тешко разбирливо за кој не поминал
Кој друг живот, какво селење на душата... Мислам дека те прочитав во христијанска тема, ако не се лажам и ако си христијанка те замолувам да престанеш да читаш вакви глупости, наместо тоа земи читај Библија.. Последната врска што ја раскинав мислев исто, дека е готово, крај, јас да засакам пак нема, си велев "подобро ќе живеам со нејзе колку и да боли, отколку со друга"... Имам сега девојка и сто пати ми е поубаво од таа врска, дури многу касно разбрав дека тоа не било баш толку хепи врска како што си мислев јас.. Тогашниот јас никогаш не би поверувал дека 10 пати повеќе сегашната ќе ја сакам од бившата.. А причината поради која што мислиш така е поради психата и што си станал зависник од тој човек.. Исто како зависност од цигари, знаеш дека е штетно, ама пушиш затоа што сакаш и мислиш дека ти прават задоволство, те прават среќен и дека нема шанси да се откажеш од нив... А пробај стави се на режим неколку месеци без нив прво ќе ти биде тешко ама после ќе разбеше колку повеќе си добил со тоа што си ги оставил.
Е тоа да видиш баш дека сум православна но ете се случи се онака опишано ко во кармичка врска инаку кај хиндуизмот и будизмот само е ова но кога побарав прочитав се совпадна со кармичка врска
Абе да, обавезно. Точен одговор- типот е манипулатор. Точен одговор бр.2- ако не ти е кравата свето животно, не постои кармичка врска за тебе.
Во православието не постои ова ниту во Библијата од погрешни извори се информираш. Ниту има љубов, особено не од неговата страна, ниту пак ви се поврзани душите или незнам што... Ова е само токсична врска... Секој од нас имал врска која што потешко ја преболел за разлика од другите врски, тоа не значи дека тој човек бил вистински за тебе и дека по секоја цена мораш да продолжи со него... Искрен совет од мене, ако сакаш послушај го ако не сигурно за брзо пак ќе пишеш во некоја од темиве.. Расчисти секаков контакт со дечкото, почни да работиш на тебе, престани да веруваш во вакви чудни работи, немаат врска со христијанството и православната вера, многу подобро е да си атеист отколку во ова да веруваш.. Почни да се занимаваш со нешто друго, спорт, читање книги (нормални не вакви секташки), научи да правиш нешто ново (било што, разни фризури, плетење, програмирање...).. Нема да те боли толку колку што ќе те боли ако останеш во таа врска.. Не си го губи и троши времето на човек кој може да те изневери и од кој во врската никнуваат постојано нови проблеми... Не си го уништувај живот.. Зарем мислиш заслужуваш да бидеш изневерана? Те боли тоа тој што те повредува, а не дека е некој кој што ти е љубов.. Вистинската љубов не боли, човекот кој те сака ќе се плаши со прст посилно да те допре за да не те повреди. Вистинска љубов е онаа поради кој ќе си насмеан од уше до уше, а не поради некој кој ќе плачеш..
Mи треба совет и мислење. Пред извесно време пишував некаде низ темата за проблемите со бившиот и токсичната врска, за среќа тоа заврши. Реков да не брзам и да му дадам време на времето, меѓутоа пред некое време на фб ми пиша еден дечко. На почеток не бев нешто многу заинтересирана, кажав веќе не сакав да брзам и да се глупирам. Но некако ми го привлече вниманието и ми се допадна. Се запознаавме тоест излеговме на кафе и уште еднаш на вечера. Сеуште се нема случено ништо, ниту има станато тема за нешто повеќе, но јасно е дека му се допаѓам иако му наговестив дека моментално не сум спремна да се впуштам во врска. И се беше супер се додека на фб не видов некои слики и не сфатив дека со бившиот дечко се школски и очигледно биле другари во тоа време, тоа е пред некои си 14 години. И од тогаш како некако ептен да се повлеков, не ми е сеедно. Се мислам дали ако излеземе уште еднаш да му спомнам или да си молчам. Искрено ми се допаѓа дечкото и еве не знам ако е се како што треба би сакала да бидеме и нешто повеќе од пријатели, но што ако нему му пречи ова за бившиот, Не сум паметна.
@m.m12345 Според мене, Ако биле школски и другари, штом имаат слики на социјалните мрежи, логично е дека и се следат. Па од тука, зарем не те забележал некогаш на слики кај твојот бивши и да не те знае до толку? Сепак не е ова Њујорк
Имам пишувано наназад на темава. врската од почеток со бившиот не ни беше идеална и јас не сакав мои блиски да знаат и да се експонирам, така да немавме слики на социјалните мрежи. Требаше да одиме и на одмор, јас го откажав,
Не сум до толку паметна но мислам дека немој ич да чекаш што поскоро решавај кажи му се па како биде нека биде така ќе бидеш на чисто
Да ме имаше додадено пред некое време и сум го прифатила. Не верувам бившиот да се има вмешано зошто тие сега не се дружат. Јас повеќе од 1 година бев со него да беа другари ќе сум знаела. Биле школски одамна, тие слики се стари, што значи се познават се дружеле во тоа време. Мене ми е глупаво, не знам дали да му спомнам.
Јас мислам ако не се сега (блиски) другари, нема значење што некогаш биле школски. Ако се блиски не би си фаќала воопшто работа со него. Но навистина, зар тој никогаш не те забележал на слики порано кај бившиот? Чудно ми е. Освен ако е некој што не користи многу социјални мрежи. Најубаво разговарај со дечкото, кажи му дека тој ти е бивши и прашај го дали се дружат активно, што мислење има тој за ситуацијата. Не избрзувај со одлука, видете прво како стоите.
@m.m12345 Пред 15 години е доста долг период и да заборавиш некој како изгледа, не пак нешто друго. Штом од тогаш не се дружат, најверојатно не ни биле премногу блиски другари, туку само другарство базирано на школски односи. Според мене, нема поената зошто да спомнуваш, ако тие двајца во моментот не се дружат - ако за ова си 100% сигурна. Плус, имаш право да продолжиш напред, особено после токсична врска. Нормално, ти си знаеш зошто те мачи ова, ако нешто интуицијата ти вели и ако толку многу ти е на ум, па и отворено спонтано и самоуверено прашај, не можеш да упропастиш ништо ако е вистинското за тебе
Затоа, не брзајте одма да стапите во врска со некој. Прво запознајте се убаво со личноста, па после одлучувајте дали ви прија. А зошто мислиш дека тој не знае дека си бивша на негов бивши другар? Може те посматрал кај него, а може и имале комуникација. Јас не би брзал.
Кажав веќе со бившиот никогаш не ставивме слика на социјални мрежи, ниту многу излегувавме во јавност. Немаше тој многу другари зошто на 34 години повеќето беа женети. Да се дружеле ќе знаев. Да не ја видев сликата кај овој дечко немаше да знам дека биле школски. Прашањето ми р колку е паметно во иднина ако излеземе пак да спомнам за врската или да си притрајам.
Играј со отворени каети. Боље на почеток да дознае од тебе, отколку подоцна да дознае од друго место. Јас би ти препорачал да му кажеш и да ја видиш неговата реакција.