Па што мора одма да му се исповедаш... притрај си. Ако паднете на тема бифши и тако даље ако сакаш можеш да спомнеш ако не никому ништо. Големо чудо се знаеле. Секој се знае со некој... Прво види како ќе ти тече со него ако ти се свиѓа и му се свиѓаш, па понатаму ќе се отвори тема некад.
Немаш потреба да објаснуваш за бифши. Зошто имаш потреба да објасниш на некој за твоето минато ако не те допира тоа?
На пример јас со дечко ми многу ретко ставаме слики, не мора секој детал да биде изнесен на социјална мрежа. Тие што треба да знаат, знаат.
Сметам колку толку треба да се има нешто заедничко... јас барем сум немал проблем за слики со девојка и слично. Барем да се знае дека сум во врска или е во врска, хаха.
Никогаш не би задржала слика од бивши партнери ако било се во ред би бил овде а не на слика бог да чува
Кој рече за бивши, општо викам ако си во врска и да си ставите заедничка слика ми е океј. А да сте со години, а да немате воопшто слика нигде, ми е ред флег. Како прво и некои потенцијални да речеме ќе ви пристапат пошто под претпоставка мислат дека сте сингл..
Многу Многу со слики не се играјте ни ако сте во врска ајде во брак ама во врска која не е сигурна како ќе заврши подобро е не зошто луѓето знаеме какви се подобро сликите зачувајте си ги за вас лично или многу блиски од семејството
Јас немам проблем ако сум во сериозна врска не ја кријам девојката и сакам да се знае на некој начин дека сум во врска. Нити се срамам ни ништо, во тоа дадено време сум верувал сум бил искрен и дал од себе за да успее некоја врска (под претпоставка дека е некоја бивша) итн.
Според мене, Најдобро е ако сакаш да објавиш романтична фотографија на социјалните мрежи, тоа да го сториш бидејќи едноставно си го сакаш партнерот, убава ти е сликата, сакаш да биде дел од feed-от, сакате да се фотографирате. А не за да некој види дека си зафатен или дека партнерот ти е зафатен. Од тој аспект, е апсолутно ирелевантно. Бидејќи многу од нив имаат и заедничка профилна, па пак си играат на страна. А исто така, многу парови имаат заеднички фотографии, па тоа некому трет не му пречи да флертува со еден од нив. Односно, многу поважен е карактерот, дали личноста има интегритет во себе, е лојална и како ќе се справи во ситуација некој да флертува со неа, бидејќи тоа може да се случи и надвор, во живо
А ако не останеш со неа кој гарантира колку љубови завршиле у река па само ќе се офирате но сепак ако ти веруваш дека е исправно напрај го тоа
Каков тренд бе, стори, 24 часа и ајт, толку, ако сакам. Друштвото мое, знае за него и го има запознаено, исто и неговото мене. Исто и домашните. Од тоа секој да знае, секој си дава право за мешање и испрашување. Не е муабетот за срамење, туку дозвола до каде ќе дадеш дозвола за приватниот живот и шо ти се случува. Ценете си интимноста луѓе, небитни ликови не мора да знаат се шо се случува.
Не секој пат сликите од љубовен сојуз значат доказ дека ти не се срамиш од неа или она од тебе ноооо.стсрите рекле пу пу да не ме урочат рамен народ има и меѓу пријатели шо мислиш дека ти се затоа кажав меѓу блиското семејство но секој си знае
Искрено, понекогаш си мислам најдобро и најпаметно е само сториња тук там додека си во врска. Прва слика на пост од веридбата. Тој што треба да знае знае, а тоа се семејството и блиските пријатели. Има разлика помеѓу тајна и приватна врска. Постојаното постирање слики и срциња на социјални мрежи не е доказ дека си го сакаш партнерот, а обратното дека не го сакаш. Што дека постирав па многу слики со бивши порано, седев и ги бришев после, уште помизерно се осеќав додека пред очи ми поминуваа спомените.
Нема врска не мора типично слики јавно да ставаш само тесен круг на пријатели мојот фб е таков можам да размена фб исклучиво за разговор на кој нема слики јавни внатре свашта има но пријатели ми се само ептен луѓе на кои може да верувам и тоа до години сме заедно