За мене ви кажав како функционирам и мислам дека е добро, не ми претставува проблем да си споделам заедничка слика со девојка ми по социјални мрежи.
Секој споделува толку колку што сака да се знае за неговиот живот.. Нема врска тоа колку споделуваш од љубовниот живот дека и толку ти значи. Ама ако си во сериозна врска не треба да ти биде проблем да споделиш некоја фотографија. Јас не сакам многу да споделувам знам од време на време да ставам стори и никогаш не ми било проблем да споделам фотографија со девојката со која сум во тој момент. Точно е тоа колку повеќе знаат луѓето толку повеќе и можат да уништат, ама ако ти не им дозволиш не можат да уништат..
Имам прашање до девојките ( женско сум). Дали имате одредени критериуми при изборот на партнер и дали строго се држите до нив, или повеќе ви е битно да е добар и чесен? Што ви е битно кога бирате? Мене на пр.ме привлекуваат мажи според образовниот статус, да има барем високо образование и да биде на професионално поле остварен. Имав и таков дечко, се тоа беше нај нај, ама џабе тоа кога не вредеше како човек, имаше лош карактер. Очигледно премногу барам и бирам. Што ви е вам битно? Врз основа на што го избирате партнерот?
Да биде добар човек,да ме почитува,разбира и поддржува.Да нема пороци како дрога,коцка и прекумерно конзумирање алкохол.И нормално неговиот однос кон опкружувањето.Искрено не мора да значи ако е високо образован е и паметен,денес секој можи да има диплома и добра работна позиција.Тоа во мкд.е барем лесно
Мислам дека не би било на одмет и ,,машки" совет. Џабе е образование ако нема карактер. Подобро барај некој со добар карактер, отколку некој со високо образование, ферари, пентхаус и најнов ајфон. Поважно е каков е внатрешно, отколку надворешно. А и факултетот, образованието, знаењето, не играат толку голема улога. Не дека треба да е глуп ако има карактер, ама барем да има свој став, самодоверба, добри размислувања, да нема пороци итн. Не гледајте певиот што ќе ви се засвиѓа да го фатите одма, туку дај со време и дај му време, запознај го подобро, види дали ќе се поклопите карактерно и после ако сметаш дека би си одговарале, тогаш влегувај во врска.
@Devojkata55 Според мене, Како прво и прво, 2025-та сме. Редно е да се престане со стереотипите дека ако е богат и со Ферари е автоматски лош, а ако е сиромав со Нокиа 3310, е автоматски добар Значи добри и лоши луѓе има насекаде, тоа не зависи од тоа што го поседуваат или од каде доаѓаат. Имањето критериуми е нормална работа, не бараш премногу, туку можеби само премногу брзаш и лошо ги проценуваш луѓето. За следен партнер, едноставно не брзај. Запознај го, запознај го неговиот карактер, обрати внимание каква енергија има и како се однесува во одредени ситуации. Луѓето уште на почеток преку ситници, ставови и енергијата откриваат баш какви се, само не треба да се лажеш самата себе
Самата си одговори, образованието не е пресудно, поважно ми е да е добар човек и да ме почитува, секако не сакам пороци да има, па кој сака де.
Во ред е да имаш критериуми ама треба да ги поделиш кои можеш да ги спуштиш кои не.. Критериумите за изглед и образование можеш да ги спуштиш, плус ќе ти е ако најдеш некој што има високо образование, ама не треба да ти е пресудно... Ама критериумите за каков човек да биде, за карактерот немој.. Утре кога ќе треба да живееш со тој човек, поважно ќе ти е како се однесува со тебе и колку те почитува, отколку дали има диплома или не.. Може поврзуваш дека ако има диплома има и попаметни размислувања, позрели ама не е секогаш така. Дипломата не ти кажува многу за карактерот.
Почна премногу да ми е напорно да го слушам то: богат = лош, сиромашен = добар. Инаку @Devojkata55 според мене тоа добар, лојален и сл. е bare minimum, не би го сметала ко критериум баш. Покрај другото мене ми е многу битно на пример, да функционираме и како најдобри пријатели, но да има и хемија меѓу нас, да сме на иста фреквенција. Има многу нормални и добри, но не секогаш е тоа доволно за партнер. Мислам, доволно е ако едноставно сакаш to settle down, а другото го ставаш во втор план. И тоа е океј за некои луѓе. Види си, процени си сама што ти одговара и не брзај.
Најважно е да биде човек пред се.Не секој имал можност да се образува каде што сака и колку што сака.Поважно е образованието што го стекнал низ животот и лекциите кои ги научил.И докторат да има ако не човек џабе е се
Какви дегени има образовани, човек да бега. Исто, дегени има и необразовани, што значи нема разлика. Ретко се наоѓа некој да е искрен, така да, секогаш сум за искреност во човек. И да, да се скараш и видиш каков е, за скроз да си на чисто. Е сега ако сакаш ултра погоден, барај таков што совладал животни препреки. Нема на што.
Дај бе престанете со тоа едно образование значи, претерани сте. Значи и алкохоличар да е и коцкар важно е да има образование. Значи кај човек се гледа да е пред се човек, да те почитува и да се најде заеднички јазик со тебе. Ова време тешко е да најдеш човек. Време кај што грото од луѓето работат онлајн и заработуваат многу повеќе од оние образовните во јавни администрации. Значи најважно да е образован, оние не образовните се неписмени значи?!
Битно е да ви одат муабетот и сексот. И да бидете идеални еден за друг. Што ви е тоа лош карактер уствари?
Гледајте дали во него има три емпатија, бидете како се однесува надвор без животни или пример во маркет или врз келнер како се однесува и општо со вас дали ве почитува и цени. То образованието кај нас се стекнува брзо ама тоа не го дефинира човек.
Битно ми е да знае каде стојат дома садовите, да знае што е ловоров лист и каде се купува, да разликува копан од наткопан у маркет, да си раскрева после јадење, да знае да пушти машина, да готви. Пошто ваквиве мажи се ендемски видови па оти често ги гледаме жениве се кикотат хихи како биле глупички. А ова другово со образование и лојалност више секој го има