Какви дегени има образовани, човек да бега. Исто, дегени има и необразовани, што значи нема разлика. Ретко се наоѓа некој да е искрен, така да, секогаш сум за искреност во човек. И да, да се скараш и видиш каков е, за скроз да си на чисто. Е сега ако сакаш ултра погоден, барај таков што совладал животни препреки. Нема на што.
Дај бе престанете со тоа едно образование значи, претерани сте. Значи и алкохоличар да е и коцкар важно е да има образование. Значи кај човек се гледа да е пред се човек, да те почитува и да се најде заеднички јазик со тебе. Ова време тешко е да најдеш човек. Време кај што грото од луѓето работат онлајн и заработуваат многу повеќе од оние образовните во јавни администрации. Значи најважно да е образован, оние не образовните се неписмени значи?!
Битно е да ви одат муабетот и сексот. И да бидете идеални еден за друг. Што ви е тоа лош карактер уствари?
Гледајте дали во него има три емпатија, бидете како се однесува надвор без животни или пример во маркет или врз келнер како се однесува и општо со вас дали ве почитува и цени. То образованието кај нас се стекнува брзо ама тоа не го дефинира човек.
Битно ми е да знае каде стојат дома садовите, да знае што е ловоров лист и каде се купува, да разликува копан од наткопан у маркет, да си раскрева после јадење, да знае да пушти машина, да готви. Пошто ваквиве мажи се ендемски видови па оти често ги гледаме жениве се кикотат хихи како биле глупички. А ова другово со образование и лојалност више секој го има
Колку само воопшто не е битно дали е факултетски образован или не. Излегував порано со еден со диплома, таква ужасна некултура и дегенизам не можам да ви опишам, преку прозор од автомобил во движење фрлаше ѓубре (да, тоа е последниот пат кога ме виде). Друга ситуација, со еден уште по образован, на многу висока функција, не сакав да му дадам број (тогаш се запознавме, не бевме сами) и мислам дека за малце со голи раце ќе ме задавеше, дали му го повредив егото не знам ама толкава агресија од никој немам видено, најискрено почнав за животот да се плашам. Да не се разбереме погрешно, супер ако си е образован, но тоа не значи дека автоматски е добар и успешен човек, исто како што не значи дека е лош и пропаднат ако нема диплома. Има толку многу добри и вредни момци кои од некои причини не запишале факултет, кој немал можност, кој едноставно не сакал да учи, но сепак се трудат и работат и ги знаат вистинските вредности на животот. Дипломата не е мерило апсолутно за ништо. Битно е да е добар човек, да се разбирате и почитувате, да не е пропалица кој чека сѐ на тацна да му биде послужено. Партнерот е една од најважните животни одлуки кои ќе ги донесеш, освен неговиот карактер, амбиција и добрина сметам дека ништо друго не е битно.
Дали кога имате некој ви е битно другите како ве гледаат ? На пример што другите мислат за таа личност , дали е за вас или не? Дали нив ќе им се свиѓа или не ...? Знам, дека не е битно и дека се бира за себе ,ама онака како ги доживувате коментарите од другите луѓе за некој што сте го избрале
На луѓето тоа им е работа, да си зборат. И Бред Пит да им го донесеш, секогаш ќе се најде некој одстрана што ќе збори. Јас ти гарантирам дека никој од нив не е ниту блиску до совршенство, па да си зема за право да коментира каков е твојот партнер и дали бил за тебе. Не се замарај ама апсолутно ич. 0. Тебе да ти е убаво.
У СРМ и папагалов може да ми е со високо образование, јакиот критериум. Комшија повторуваше средно, хоби - дилање дрога, ене го со диплома, на државна функција. Да не се понаша и размислува како фиромец, тоа е најбитниот критериум. Значи, изборот ти е мал душичке.
Тоа со еден збор значи - снаодлив во денешно време. Овие со дипломи мислам комотно само да си ја замотаат и на комода да им фајќа прашина.
Боли ме уво. Живеам за себе, не за другите. Така по среќна сум, а народот секогаш има нешто да каже, да наклевети или да ти измисли некој муабет за тебе. Особено не слушав никој за моите избори, на крај краеви и да сум направила погрешен избор за нешто, јас си се носев со последиците, не луѓето. На нив само со г*мна им беа полни устите. Така да уживај си, свиркај си, живеј за себе, не за другите.
@franca Според мене, Се подразбира дека не треба да живееш за да им се допаднеш на другите, ниту пак да избираш партнер врз основа на тоа. Ниту да прескокнуваш оган и пламен и на тој партнер да му се допаднеш, бидејќи прво треба да се запрашаш дали тој ти се допаѓа на тебе. Од друга страна, постои многу битна разлика помеѓу кој тоа мисли и коментира, бидејќи едно се небитните мислења на општеството и комшиите наспроти мислењата на најблиските луѓе околу тебе кои те познаваат и ти мислат добро. Ако најблиските луѓе кои те познаваат и ти мислат добро отворено или индиректно имаат став дека твојот партнер е ходајучко црвено знаме или се чудат како тој тебе те освоил, понекогаш во такви случаеви и треба да седнеш и да размислиш зошто имаат таков впечаток. Бидејќи често пати кога сме заљубени, сме баш слепи и не си гледаме подалеку од носот т.е не го гледаме она што го гледаат тие однадвор. Ако станува збор за неприфаќање само бидејќи тој е од некоја друга националност или таква некоја стереотипна критикa, тогаш воопшто не треба да придаваш значење, бидејќи со тек на време сè спласнува и сите се навикнуваат на промените
Зависи од околината, од оние кои ти се блиски. Ако се некакви суетни ликчиња, полни со предрасуди, ќе ти го ругаат и Крис Еванс ако го држиш за рака. Секако дека е во ред да слушнеш добронамерна критика, ако овој човек има некаков испад спрема тебе, да си во ситуација да патиш или да се срамиш поради негови постапки. Е сеа, ако му наоѓаат мани ради име (старомодно ако му е, па да го тераш да го мења), работа, кола немал, не е јака фацка у град, па дури и да е “клошар” според нивните стандарди, гледај го тоа како аларм и менувај ги блиските.
Здраво. Долго време само читам, немам побарано совет но не ни знам како и каде во живо бидејќи ми е малку глупаво, па сметам дека вака анонимно подобро е. Имав некое чудно чувство и одлучив да ја прекршам приватноста на дечко ми, и му поминав низ телефонот дури спиеше. Не си ги споделуваме пасвордите и слично но јас го знам неговиот паскод за телефонот бидејќи мy го исклучив телефонот и му го дадов да го уклучи, и нели се внесува пинот и паскодот. Јас го ѕирнав и запамтив паскодот. Токсично но неопходно според мене. Е сега, главното. Додека спиеше минатиот викенд му влегов во телефонот и логично отворив Инстаграм прво и видов чет со девојка со која не се ни следи. Ги отворив пораките и видов дека зборат често, скоро секој ден освен кога е со мене или спијам кај него. Ѝ праќа reels прв, во последно време не е нешто заинтересирана ама кога отидов во споделени слики видов дека се знаат од 2023 значи скоро три години (ние сме во врска од Јуни 2025). Имаше слики од неа, слики од него што она му ги има праќано, слики кои покажуваат дека дефинитивно не биле само другари. Четот беше предолг, не можев да прочитам сѐ но тоа што ми фати око највеќе е дека пред некоја недела ѝ кажал дека ќе одиме во Белград и таа му рекла супер, ќе дојдам и јас (таа живее во Македонија моментално ние во Германија). На тоа ѝ одговорил нема шанси, со девојка ми одам? Му рекла ако бе дај да ја запознаам ќе се дружиме. Тука и вратил само со emojis што се смеат и толку. Исто така се имаат карано и смирувано, блокнувано и одблокнувано 100 пати, не знам што се случува. Пријатели мислам дека не се однесуваат така. Исто му имаше кажано за некој дечко со кој била и и има кажано не ми кажувај ми се гади. Не знам како да му кажам дека знам за ова и да прашам повеќе. Едит: низ некој депресивен период проаѓала и ѝ рекол не смееш да се убиеш дур не пијам уште еднаш со тебе, му има речено те сакам и во заграда ставила (како другар секако)
@Julianne89 Според мене, Дечко кој ти создава немир и го темпира времето кога не си ти присутна да се допишува со некоја трета, не ти ни треба. Не ја следи, за да не биде очигледен, ама интуицијата не лаже. Не си го троши времето на некој кој ти создава сомнеж и кој мора да го проверуваш. Не ни мора да му кажуваш дека знаеш, затоа што само ќе те обвини дека си му чепкала во телефонот Како беше таа, си ми чепкала во телефонот и си ме фатила на дело - јас веќе не можам на тебе да ти верувам Време е за нов дечко
Да ама сакам барем некакво објаснување барем, барем нешто да ми каже за неа. Ќе пукнам деновиве откако прочитав тоа што прочитав, а он најнормално се однесува.
@Julianne89 Единственото објаснување кое треба да го знаеш е дека тој тебе не те сака и не те почитува. Толку. Обичен кретен. Не дозволувај да запаѓаш во некој магичен круг утре да ти рече дека нешто поради тебе било, па малку оладил, па таа подобро го разбирала и сл, да ти создава некои лажни комплекси и да ти ја полни главата, како што обично знаат