@Julianne89 Дефинитивно не си го троши времето ни да го анализираш зошто, ни да му се објаснуваш како си дознала, ни да му бараш објаснување. Нема да ти биде од никаква корист. Верувам дека нормално можеби се чувствуваш повредено, но што и да правиш, не му давај втора шанса. Втора шанса за такви само значи дека утре подобро и повешто ќе се крие, ништо друго нема да се смени. Плус и на секоја расправија ќе ти го става тоа под нос дека некогаш си му чепкала низ телефонот, за да го свртува вниманието. Не вреди, he ain't the one
А што е битно извртувањето и кој е крив, и кој е чист? Ич не ве разбирам. Ете, бивша му е, немаат нешто расчистено. И што ќе правиш со тоа?
Отприлика му ги знам бившите и он моите, не е некоја забранета тема и имаме зборено за претходни искуства и слично. Оваа во никој контекст ја нема спомнато, веројатно некоја sex buddy комбинација ама па зборење секој ден, зборување за емоции и кој како се осеќа (не еден за друг туку општо)… не знам, да беше врска официјална некоја ќе сфатев можда зошто се навраќа ама ова? Плус имаат конверзации од типот “хаха ти текнува кога xyz” или фактот што го има блокирано и правел нови профили за да ѝ каже да го одблокне, или пишувал на нејзини другарки да ѝ кажат да му пише. Очигледно не ја остава ни неа да си продолжи со животот, и не ја обвинувам за тоа што зборува со него бидејќи е манипулативно копиле. Се надевам дека и она ќе си најде некој некој нормален. Ама во секој случај, во право сте сите и реално е одење по слеп пат врскава дури и да се разговара за ова. Нема поента да зборувам со него за тоа ама сакам да ми се тргне од душа тоа што го осеќам а тоа би било со една асална расправија и тука би завршило.
Значи своето време, внимание го троши на трета личност што некако му е нешто повеќе од другарка, а помалку од врска, нешто ко бенефиции. Јас едино би барал објаснување ако има простор да се смириме, ама ова не е добро твоето.
@Julianne89 некоја бивша му е што не расчистиле уште, а изгледа и не сака да расчисти со неа. Намерно не ти кажал за неа, затоа што одлучил никогаш да не расчисти со неа... Можеш слободно ако те интересира да го седнеш и да разговараш, ако сака да сврти како ти си виновна, а знаеш дека не си замини си...
@Julianne89 ова мене ми е емоционално неверство. Преочигледно е дека нивното допишување не е другарски (дали бивша, дали situationship не е битно), плус ти не си знаела за девојката. Ок е да има пријатели од спротивен пол, но исто така треба да знаеш за нив. А чим веќе се случило вака, големи се шансите да продолжи во иднина и да го соочиш со ова. Јас би раскрстила тука и би си го чувала менталното здравје.
Јасно ми е. Дефинитивно е неверство, па дури полошо и од физичко неверство пример да било секс за една ноќ или што и да е. Ова нивново трае уште од пред да се запознаеме и никогаш не прекинало. И се согласувам дека не вреди, искрено ради тоа пишав тука а не кажав на другарка или некој друг, бидејќи другарка моја да дојде и да ми каже дека е во ваква ситуација би ѝ рекла да напушти веднаш без размислување.
Girl ... 1) Има причина зошто не ја прати. Моја претпоставка е дека има тука некоја историја, дали то си се бивши еден на друг или биле friends with benefits. Нешто дека имало е hill I'm willing to die on. За мене и ова е изневерување (секое лажење, криење на партнер и се шо ми работи зад грб = изневерување). 2) Смеење дека ќе сте се дружеле со неа и ти да не знајш? Уште те понижва и размислуваш како да постапиш? Girl ... RUN. Не се тргај полека. Бегај. Колку и да сметам дека тарашвање во телефон е лошо, ти најде полошо така да нема зошто да коментираме то сега. Важно е дека имаш црно на бело шо не функционира и сте заедно од годинава. Се бега дур е рано. Покасно боли.
Амин. Дефинитивно е неверство и сум изневерувана… па, цела врска. Не знам, искрено помалце ќе ме болеше да беше random one night stand (секако дека е тоа исто причина за раскинување, само според мене помалце болна, барем немало никакви емоции) Потсетник до сите дека може да се преправа дека си единствена на светот, купување букети, резервирање вечери и палење свеќи за само кога ќе си отидам да ѝ пише.
@Julianne89 од некоја причина неможат/несмеат да се заедно,ама таквите врски се емоционални и многу многу тешко се става крај на тоа. Добро е што си дознала,поарно стави крај со време,оти он нема да стави крај на тоа допишување,и не нема шанса да му е пријателка
@Bettina23 Плиз, не романтизирајте кретени со карактер на Адидас сандала, не е ова Телевиса Пресента Тип кој има девојка, а притоа влече за нос и друга, не е некој кој живее трагично-забранета љубов, туку само обичен манипулатор кој седи на два стола А таквите не сакаат по никого, освен самите себе. Ни двете не ги сака, ни двете не ги почитува. Другата девојка не му е специјална - туку само девојка која не се сака себеси, па му е лесно достапна, затоа и постојано и се враќа. А 100% да е со неа, пак би се глупирал со некоја трета и така во недоглед Во прашање е само его на кое му годи дека моментално добива повеќе внимание, that is, додека еден ден не го откачат сите
Ќе и пројде..сите сме биле такви..после раскинување..големо чудо..за 1 год ќе се смее на сево ова во 2025 год барем треба да е човек без предрасуди за се..е сеа емоциите..треба време ..за опоравак..ќе биде супер само да е решителна и да си даде шанса..сите сме биле во врски..сме биле повредувани сме грешеле,сме пропуштале шанси..сме имале погрешни избори..се е тоа составен дел од живототСамо напред и позитивно
Дали одма се откажувате од некој ако нешто не ви одговара или ..знам нема совршено ама малце ми е чуден дечково со кој се гледам се вака ми одговара и ок ама му пратив слика (со дата што ми рече тогаш да се видиме ама на роденден сум тогаш) и му пратив ми пиша добро и ?му викам како добро за тогаш ми викаш еве на роденден сум ќе мора др ден да се видиме , му се испонашав баш ме изнервира што се прави слеп итн демек екранот му бил скршен па не видел убаво дата , ми пишува секако дека нема да имаме проблем поради телефонот мој ,си мислам ок ај,туку малце ми е чуден што се ми вика јас само со тебе зборам и нема да има некој проблем што не може да се реши , нити ќе се појави такво нешто , некогаш ми делува наивен ама некогаш страшно со тоа нема да дозволам проблем да не раздели ? И многу ми е чудно еднаш што се налутив нешто почна да ми пишува чекај ова тоа ,не знам ...језиво ми станува малце
Да веруваш на себе си. Се друго што ќе ти каже некој тука ќе е лага. Телото ти знае дека човеков е weirdo. Мани го и зачувај си го менталното здравје
Па мене ми се свиѓаат машки кои не се откажуваат одма , ама па некој вака да ми се однесува не знам , се чуствувам изгубено
@franca Aко чувствуваш уште на почеток дека something is off, тоа вообичаено е бидејќи и така е. Дечко кој уште не се тргнале заедно ти предизвикува језа, ти е чуден или едноставно толку многу се двоумиш за него, значи не си го трошете времето еден на друг
Па да ама интересен ми е некако и ми одговара само не знам , многу фино се однесува со мене и ми вика ти како ќе кажеш така , демек се по мое да било нема проблем