Интересен ти е, ти одговара, сакаш да ти угодува, ама не сакаш што е чуден.. Ако е чуден, нема да те интересира. Сепак пробај, забавувај се, може ќе искочи нешо. Не мора одма у све негативното да се бара.
Види, не мораш да трпиш чудна енергија. Ако ти делува конфузен или премногу драматичен, кажи му директно дека сакаш нормална и јасна комуникација како со човек. Не треба да мислиш и погодуваш ти што видел тој, ако нешто не му е јасно треба да кажи, ако имал проблем со телефонот истото требало да го кажи, не е ништо страшно да кажиш, извини не можам да видам телефонот не ми е ок. Но проблемот е тоа шо воопшто не сакал а можеби па имал некакви намери и кога тогаш ќе ги покажел. Побарај му здрав и зрел став и транспарентност. Ако и после тоа продолжи со истото чудно однесување, тогаш веќе ќе си знаеш дека човекот не е за тебе. А ти не се залажувај ако нешто те прави да се чувствуваш језиво, оти инстинктот обично е во право.
@franca ти ко групно да нѐ тролаш тука? Темава едно време беше за реални проблеми, сега замина во неповрат.
Тролам што ми е чудно некој како се однесува према мене ? Ок, не знам кој ве тера да ме читате и одговарате , може некој има слично искуство па ме интересираше дали е нормално сето ова , ама ок
@franca ти кажал дека ќе биде како што ќе кажеш ти и еднаш не било така и сега ти е мака зошто не е така, иначе неговото ќе како кажеш ти така е очајнички од негова страна само за да бидеш со него!
Јас не разбрав што е проблемот овде. Уствари нема проблем овде, само ти нешто си несигурна. Па уште совети "остај го ако ти е чуден". Што? @franca драга, биди среќна што имаш човек кој вели дека секој проблем ќе биде решен и знае да се однесува, да разговара, да најде решение и да остане, а не некој што одма ќе стане недостапен за тебе. Што поточно ти е чудно?
"Љубовта е тешка", "љубовта е борба", "љубовта е постојано простување" - оф колку само не Здравата вистинска љубов е всушност најлесното нешто на цел свет бидејќи само во таква врска и брак, нервниот систем е регулиран, а личностите - цветаат. Комуникацијата е природна, трудот е инстинктивен, срцето и разумот се на иста страна, природно сакате сè да направите еден за друг и да си го разубавите животот. It is that easy, бидејќи сето доаѓа природно. А врска или брак во кој постојано со нешто "се борите", постојано сте неприродно трпеливи, постојано се толерирате со партнерот, постојано нешто се простува, постојано уште од почетокот се убедувате самите себе и другиот дека тоа е тоа - е само survival проект кој се форсира и од двете страни, а не љубов. @franca Уште самиот почеток треба да биде природен, со чувство на сигурност. А ако уште пак на почетокот ни комуникацијата не е природна, тоа не значи дека некој е лош. Само едноставно не си одговарате и најздравото нешто е да се разидете.
Чудно е што ,за се се согласува што и да речам , еднаш на шала реков те нема , може пишуваш со некоја на Инстаграм хехе шала беше , ми врати дали сум сакала да го избрише Инстаграмот , мене некој така да ми рече, дали е нормално ова да му го кажам ? Што имам јас да бришам соц мрежа за некој што се пошалил само да му докажам дека сум искрен демек ? Викам, не зашто да бришеш секако се шалев, не вика ќе го избришам и стварно избришал , ете мене ми е чудно некој се да се согласува и да ми вика се како ти што ќе кажеш а воопшто не ми делува на некој таков дека би слушал некоја , тоа однесување ми е чудно ,ете како за тоа со датата вика до телефонот нешто било и не видел за што сум му зборела , еднаш ми рече јас ако треба и нема да имам телефон ќе го фрлам само немој да се налутиш Јас сум се срамела ? Да не ме имаш помешано ?
Или жена нема видено досега па се држи ко слеп за стап или е тежок манипулатор. Ниедна прогноза не е ок.
Мене ништо тука не ми е чудно. Те почитува. Само внимавај да не е опсесивен, да е попустлив не е страшно.
Од една страна убаво е што сака се да реши, да немате проблеми во врската.. Од друга имам лошо искуство со ваква врска. Сакаше да бидам најавен на нејзините соц. мрежи иако одбивав, ме тераше, не сакаше да следи ниту едно друго машко и ми беше чудно мислев дека и е траума од претходната врска, ја убедував дека не е така ама џабе.. Ми беше малку чудно, ама ме убеди некако дека имам девојка која никогаш ама баш никогаш додека е со мене нема да погледне друг, често ми изговарање една реченица "Ако сакаш да одиш со друг партнер, прво заврши со едниот па после барај друг". На крај дознав дека со месеци е со мене и со уште еден во исто време во врска, незнам кој со кого изневеруваше, тој не ни знае дека паралелно имала врска со мене, едно време сакав да му кажам, ама си реков нека си тераат и онака тој е малку полоша верзија на неа, на неа и реков ама не послуша ќе си види со време... Дали и порано некогаш се случило истото незнам никогаш не глумев детектив верував до крај како и секогаш. Инаку од сосема друг инста си пишувала со него... Незначи апсолутно ништо ова, можеш да продолжиш уште малку да видиш што како, за сигурна да бидеш , ако имаш сомнеж, само не се затрескувај веднаш, анализирај малку..
@franca сум те помешала, да. Инаку, биди среќна што си запознала таков човек што сака да ги решава проблемите наместо да бега од нив.
Инаку update ако некому му е гајле, го прашав другар ми (кој ни е заеднички) и рече дека е само “курва” и дека последниот пат кога се видела лом му го направила станот. Го прашав и него директно, рече дека ништо значајно не било, за онака му била (иако се немаат видено повеќе од година дена). Кога прашав зошто се во контакт, рече “ненормална е, ќе проба да се убие, ќе ја носам на душа”. А да, најголем аргумент - знае дека сум во врска, она мене ме замара. Од моја страна, завршено е. Фала Богу на антидепресиви сум па не чувствувам многу, само малку жалче за потрошеното време.
@Julianne89 Ахам, nothing says more дека тој е курвата и ненормалниот, од тоа што бившите девојки така си ги нарекува (или било која девојка). Појасен знак за тежок манипулатор - здравје. Си се спасила на време со тоа што си верувала на внатрешниот глас и нема зошто да се нервираш или да жалиш по било што, си имала голема среќа да заврши