Разбирам да имаш вишок време ама да го користиш за тролање? Инаку 40.000 не е доволно за живот и за двајцата.
За колку големо семејство? Да е само за тебе да, ама за двајца, утре, задутре за деца не ме заебавај. Не живееш во 2012та каде што 40.000ден беа доволни за две фамилии. На крај ќе бараш банки и продавници за пари.
За вас двајца доволни се, можеби, но зависи како трошите и на што, но добро е и тој да заработува. А за семејство со деца, малку се бидејќи трошоците се поголеми, а и плус сами викате дека живеете. Чекајте, не мора на 3 коментари да се заклучи дека некој трола. Можеби и стварно си има мака, а вака и се одмага. Остави времето да покаже дали трола или не.
Јес. Многу голема куќа имал, многу работел, треба отказ да си даде. Стварно е проблем и тоа реален И ова
Да доволни се некако да преживееш.А да живееш се малку.А што би правел дечко ти дома додека ти си на работа?стварно ме интересира.Ако не си трол,бараш партнер или куќно милениче?
Замисли ќе има потреба да купи шампон, прибор за бричење, да треба да се шиша или да иде со другар на кафе: Срцее, ќе ми дадеш 1000че?
Да да не прави девојкава грешки е најубаво тој да е дома по цел ден.и тој запнал да оди на работаако не раскини му направи услуга и себе и нему
Прво, не можеш и не треба да му велиш да не работи. Тој ти е дечко, не може тој од тебе пари да бара, а и во брак ако би биле, пак е исто. Не може да се потпрете само на една плата. Секој треба прво за свои лични потреби да си има пари, потоа и за домот и семејството. А и што ќе прави, здрав, работоспособен, така да седи. Друго, ако не сакаш да го изгубиш, не се плеткај со други машки. Не треба некој да ти простува туку ти не треба да правиш такви грешки во врска.