Се ми се чини дека советот е пишан од машка личност ама како извртена приказна. Знае дека ако пише дека и брани се ова на девојка му нема да биде подржан и мислеше ако ги смени улогите ќе добие подршка. Без разлика дали си маж или жена раскини на тој/таа спаси го од тебе!
Може и од женска да е пишано, reverse psychology trolling Пошто за машко нормално е бе, да ја тера да не работи, да изневерува.Или сепак не е. Само уште проблемот со голема куќа има не можам да го разберам
А со кого треба да живеете? Со свекрва и цела фамилија до 7мо колено? Не си направила грешка, си го изварала. Сите ги вараше досега и дознале и се направиле будали ко ништо да не било? И значи дечко ти го чуваш ко резерва Не, не се. Прво помислив барем 2000 евра зимаш минимум па биле доволни за фамилија ама 40 000 се смешки за двајца.
Со дечко кој се гледам ми е стварно ок и е доста сериозен , има свој стан (купен) живее во помал град (не е село, општина е) другарка ме убедува како да ако дошло до нешто посериозно да не сум одела во мал град да живеам и не така на купен стан од негова страна туку станот треба да биде под кредит пола пола за утре ден да не ми речел ете јас се сум направил , искрено малце се зачудев што ми збори ,не го кажа тоа како со некоја добра намера туку убедливо делуваше , не не немој да одиш ,па ова за станот...не сакам да се расправам ама нормално ли е ова од другарка ? и вакво размислување и убедување ?
Не ти кажала ништо лошо, туку баш те предупредила да се пазиш. Мажите се превртливи, колку и да ти изгледа денеска сериозен - утре може да смени мислење, а и воглавном маж неможеш вистински да го запознаеш се додека не му родиш деца, тогаш си ги покажуваат роговите. Дај боже се да биде во ред со вас, ама и јас исто би те советувала како другарка ти. Прво, дали ќе можеш да се навикнеш на помал град, ако си од поголем? Нема многу места кај да рашеташ, нема многу работни места, градот полека полека се празни, младите се иселуваат во поголем.... Друго, за станот. И да се венчате, немој да вложуваш во нешто шо не е твое. Не ме прашувај од каде знам. Деугарка ти скроз коректна излегла спрема тебе.
Баш би било вложување ако земеш кредит и отплаќаш и после нешто се деси ? Туку. За работа не се секирам пошто државно сме и 2 ,не ми мења мене многу тоа мал град , само многу демотивирачки ми делуваше ова ,што знам јас така не би рекла
Ако си ти стабилна и имаш каде да се вратиш ,што се замараш тогаш ,тешко е за тој кој нема каде да се врати , а тоа дека има сешто ,така е , но сега мора да се живее .
Само си споделила мислење има луѓе не можат да живеат по други градови. Јас пример во Скопје сум израсната и во никој случај не би живеела во друг град во Мк.
Не се работи за Мк , општина во близина на Нови сад таму има купено стан и таму планира во иднина да живее и мене нешто ми спомнува за тоа па затоа ме стави во мисла само ,секако се е прерано ,ама некако ми засмета ова од другаркава
Ти сепак најдобро треба да ја познаваш и да сфатиш со каква намера е тоа кажано. Јас на мојата најдобра другарка и имам кажувано многу работи про од страна звучат лошо но сепак јас сум и ги кажала со најдобра намера и со намњра да и ги отворам очите.
Зошто да земеш кредит? Немој во никој случај да го направиш тоа и да му го уредуваш станот. Нај на крај, ако планираш така, земи распитај се дали може се тоа на нотар некако да се направи, се шо ќе стаеш во станот да ти биде на црно на бело, незнаеш шо може да се деси. Многу жени, меѓу кои и јас, се зафркнаа така, му го уредиле домот на него и после разводот, останаа со прстот во уста и со долгови. А он си продолжува да живее во комотно.
Членката рече дека дечково купил стан , а другарка и и рекла дека не требало да купи туку поубаво било пола -пола , да не рече утре ден ете се тој направил. Јас така ја сфатив и се чудам на другаркава , не чини кредит ,не чини кирија па сега не чини и кога некој има свое нешто , ма ич не слушајте други , подобро да има свое од колку јас да му плаќам.
@franca јас сум од помал град и ќе ти кажам овде многу ограничени можности имаме, за работа, за ноќен живот, за шопинг и слично, е сега цените не се ко во поголемите градови но има моменти кога навистина е здодевно. Ова е една од причините зошто младите се иселуваат ама штета е што многу не го разбираат тоа па често провинција е напаѓана зошто се иселува во овој случај во Скопје, а тоа не може да го сфати тој што не почувствувал на своја кожа, да биде ограничен. Кога сме кај дечкото, не дозволувај друг да влијае за твоите планови за иднината, туку направи го она што мислиш ти дека треба. Во ред е што другарка ти дала мислење, до некаде е во право дека секогаш мораш да имаш и нешто свое и место каде можеш да се вратиш. Ти одлучи.
Најубаво е пола - пола, ама дечково веќе си одлучил да си живее во неговиот стан. Затоа јас ја советувам членката да не вложува ништо таму, поарно тој да дрнда дека се купил отколку она се да купи и накрај се да му остане нему.
За преселба од поголем во помал град, кажаното ѝ држи вода, пошто потешко е да се навикнеш од поголем во помал град, отколку спротивното. Голем град нуди повеќе можности во поглед на работа, градинки/училишта/образование на идно потомство и повеќе избор доколку нема универзитет/факултет во помалото градче итн. Секако, сепак е индивидуално и навика, едниот мора да направи компромис. Е сега, за станот не се согласувам дека е подобро пола-пола да се отплаќа, пошто (во случај на недај боже-развод) поголеми се главоболките околу поделба на имот=едниот секако мора да си оди, а имотот би бил на двата. Адвокат во ваков случај би предложил да се продаде имотот и двата да ги поделат парите, но еден партнер може да не попушта (секако има подеднакво право на имотот) и да се влечкаат по судови со месеци и години. Друг случај е да се договорат едниот да даде пола пари од вредноста на станот на другиот и да го задржи, а другиот пак би требало да се исели само ќе има кеш колку пола стан, што пак не знам колку е паметно пошто за пола цена едино би нашол гарсоњерче со помала квадратура, а ваму веќе маките околу купување и уредување ги вложувал напола во станот кај што останал другиот да живее. Мое (непопуларно) мислење: предбрачен договор за тоа што кому би припаднало во worst case scenario. Така да, тоа што станот е целосно на негово име не е толку страшно во случајов (претпоставувам и опремен е веќе, секако и ти можеби би имала некој трошок, апарати се сипат и треба да се менуваат повремено исто и мебел некогаш нешто ќе се прикупи, но овој трошок е далеку помал од тоа да се задолжиш за цел живот), па делење на кредит од 150к+ евра ми делува ко пострашна варијанта, отколку тоа едниот да има свој стан пред брак. Процедури на имот купен во брак, во голем број на случаите, се влечкаат подолго од самата процедура за развод. Сепак на крај ти си одлучуваш што понатаму, доколку бидне нешто, мислења посекако секакви ќе чуеш, што пак не е ништо лично, секој човек си кажува од своја перспектива. Некој би живеел во село на фарма, некој во метропола, трет во странство, четврт под кирија итн.
Пошто цел живот, од кои ќе се омажиш ти треба ноќен живот? Ако местото исполнува елементарни услови на живот, има градинка, школо за деца, доктор, продавница за основни намирници- ништо не му фали. Јас земав маж од помал град и таму правевме свадба, пошто целата организација беше 16 пати поедноставна отколку во Скопје. Кога би имале двајцата работа таму, и тој свој стан, ич ништо немаше да ни фали да живееме таму. Кога не би ми пречел општиот менталитет, и сега така би играла, пошто менталитетот во државата е ист, а Скопје, а Пробиштип на пример. Што ако се разведат- ич нека не мислат ни да се земаат, ако тргнат со тоа прашање.
Биле, ти у странство живееш така? Дали знаеш колку е иселена Источна Македонија, колку малку имаш шанси да најдеш асална, добро платена работа? Фабрики едвај и да има за работа, бирото за вработување е преполно, млади деца молат за работа, гимназиите ако некогаш биле во две смени сега работат само во една. Дојде недела, се е затворено, нема каде да седнеш, мртво е. Се согласувам дека за некои работи е поедноставно ама не за се, посебно ако бараш нормална стабилна работа во фирма или фабрика без страв дека нема да пропадне а многу пропаѓаат, тие добрите фирми што се бројат на прсти или ти требаат јаки врски, или моментално немаат потреба од нови. Не зборувам за брак, општо ги кажувам можностите у мал град. Многу се иселија, не само во Скопје, туку и по други градови ило држави затоа што мал град ти дава мали можности.
Здраво. Од неодамна почнав да се допишувам со еден тип на фејсбук. Вака за почеток многу фино делува по допишувањето, но понекогаш не ми е ок тоа што го зборува ( на пример какви болести има што пие , па што можел што не можел, и друго). Друго, вчера случајно ми испрати воис месиџ и по зборувањето не можев да приметам баш дали има некоја мана оти така некако ми делуваше. Не сакам и не ми е цел некого да навредам, но мене лично тоа би ми сметало. Инаку фин е многу и ми се допаѓа по сликите. Инсистира и да се запознаеме. Не знам дали да му дадам шанса.