Порано жените едвај чекаа да најдат некој со стан и куќа и да не му ја мислат, сега испаѓа и ќе речат дека е ред флег ако купил сам нешто.. Ама не ми е јасно како може некој да мисли на делба на имот после развод, а уште не влегол ни во брак..
Не можеме ние да знаеме дали треба или не треба да му дадеш шанса, а не можеш ни ти само со допишување на социјални мрежи.. Испијте едно кафе со детето, ќе видиш на што си, после тоа немаш никаква обврска да имаш било што со него ако неќеш, едно кафе не значи ништо.
Не мислев на шанса за да отпочнеме врска туку дали да се запознаам во живо со оглед на тие некои работи што не ми се допаѓаат кај него ( во допишувањето).
Излези пиј едно кафе и така ќе го комплетираш целиот впечаток за него. Вака можеш само да нагодуваш и да си правиш сценарија што е и како е.
Па таа рече имала работа, не било проблем, затоа коментирав што коментирав. А не живеам ни во мал ни во голем град во мк, од причините што ги наведе.
@Biljarkata Правењето свадба во мало место и живеењето таму се две различни работи. Нормално ќе биде 16 пати поедноставно кога има помалку гужва, полесна логистика, повеќе слободни термини, поевтини услуги и куп поволности. И ако едно место има градинка, доктор и маркет, тоа значи дека местото е функционално (и тоа до одреден степен), ама не значи и дека е стимулирачко. А секојдневниот живот не е само имањето основни услови за живот како вода и струја. Секојдневниот живот значи и да имаш можност да го работиш тоа што го сакаш, не да си приморан едното од двата избора. Да имаш можност да отидеш на различни активности и да си ја избереш средината. Значи и да можеш да сретнеш и да запознаеш нови луѓе и енергии, не само тие 20 кои ги гледаш секој ден. Да имаш можност да се развиваш без да се чувствуваш дека некој ти виси над глава или си заглавен на три улици. И менталитетот дефинитивно не е секаде ист. Во поголемите градови луѓето имаат шанса за поголема слобода и анонимност, отколку во помалите. Поентата ми е дека секој е различен. Некој претпочита мало место, некој сака во метропола и ниту едно од нив не е погрешно. Погрешно е да се присилуваме да сакаме нешто во кое дефинитивно не се гледаме себеси
@franca Јас би те советувала да си го продаде станот и да си купи во градот стан. Многу е по различно да си живееш во поголем град отколку општина (или село). Може би другарка ти советот не и е бил кажан убаво, не е знаела како да се изрази. Како што те советуваа членките, многу повеќе можности имаш да си во поголем град. Подобро последна во град отколку прва во село. (еве во твојот случај општина). А за тоа да ви е се пола-пола бегај подалеку. Нека си среди он сам се, тебе мирна нека ти е главата и ако ти искоментира демек се е од мене само кажи му ти си маж, личи да е се од тебе. Може би ќе ме искритикуваат за коментарот но на маж само пари да му зимаш. И јас сум во заедница со кредити, јас имам свој кредит, он има негов и на крај мм го плаќа и неговиот и мојот кредит. Што е мое мое е, што е негово, заедничко е (плус мојот кредит еве).
Фала Ама мене не ми е проблемот местото ,како што кажав не се работи за Мк и не е пусто , има се во близина и без превоз ,мене ми падна во очи однесувањето на другаркава , беше кажано со намера како да ми наредува на некој начин да не одам, од каде што ми падна многу чудно , стан на кредит не сакам , вака многу повеќе ми одговара од колку цел живот да плаќам .
Другарката може да даде совет тоа не значи дека ти треба да го примениш.Ти за тебе сама ќе одлучиш што треба да правиш.Секој има различни желби и потреби.Убаво те посоветувала другарката за станот,да негов е и ако некогаш дојди до кавга ќе ти речи оди си.Ако имаш каде да одиш(освен кај родителите нормално)супер.И колку долго го познаваш дечокото за да сакаш да се преселиш кај него?
Претходно беше маж не е маж ако нема обезбедено живеалиште и кола и све, вие жените сте нуделе карактер и праење деца, сега било ред флег ако има. Нит се води нит се тера више со некои. Помал град може ако работам 99% remote. Оти условите океј ама можности за работа се ограничени, за мојава струка на пример ретко каде има во други градови низ државава. Може и дечкото да се пресели во Скопје, барем ако више мериме, него ќе му е полесно да се прилагоди него неа
Постојат мали градови каде што има се ,тоа не е толку проблем , еве јас живеам во центар во Скопје , работата ми е во село ,селска населба , јас освен раб и дома не ни искачам што дека живеам во центар , за мене поголемо село од Скопје нема ,ама тоа не е тема , мене ми падна во очи ,што има другарка или било кој друг да му кажува на некој што треба и каде треба да живее??? Девојче, ако имаш утре ден каде да се вратиш ,подобро да има негов стан ,не знам ниту зашто кредитите се сфаќаат толку наивно , така да на другарка ти кажи и она ако сака нека плаќа и нека живее во Париз , зашто секогаш се мора да се меша народов па уште и во туѓи одлуки
Има и такви "другарки" на кои им е криво ако на некој му се наредат коцките, па такви зајадливи коментари и совети даваат. Ти знаеш најдобро за себе, нека не ти ја полнат главата.
Истово ќе го речев не ни мисли секој убаво, мене некој да ми рече не вака или не така ќе му речам , можеш за себе да си кажеш ! Сите сме доволно зрели да знаеме што и како ,идеално нема ,ама па друг да ми кажува ...
Незнам дали е проблем ова но мене многу време ми прави нелагодност. Профилот го направив само за ова, во долга врска сме и сме биле интимни постојано, но некој период имаме односи еднаш неделно, и само тој кога сака. Во две недели два пати. Многу пати пробав да разговарам со него бидејќи не било вака, понекогаш сме имале во една вечер и два пати, но тоа не постои веќе со години. Оваа недела ме одби три-четири пати по ред, изморен бил не сакал. Го прашав што е причината, ми кажа дека јас сум имала многу голем сексуален апетит, не било опходно да имаме односи секој пат и веќе бил приморан да се ебе со сила пошто сум го напињала постојано. Кога сум му зборела за проблем за секс тој веќе немал желба. Јас не напнав ништо само прашав што е причината, да не не сум му привлечна. Знам дека нема друга зашто живееме и работиме заедно. Постојано сме заедно. Ми рече дека јас сум се понашала секој пат агресивно кога сме немале секс, што многу ме повреди бидејќи не е така. Му реков подобро да разговара со мене, одколку сама да седам со моите мисли и да си правам филм у глава зашто не сака. Не знам веќе што да правам, искрено ми смета. Многу пати кога и мене не ми било дојдено до секс ќе му кажам, но ќе ме гушне ќе ми збори ќе ме допира и вечерта завршува со секс, кога јас го правам тоа што тој го прави, јас сум го напнувала. Веќе незнам ни што да правам.
Има пад на сериумски тестостерон и пад на либидото. Нека земи трибулус од аптека или ашваганда ќе му помогнат многу. Доколку се од страна ви е ок,тогаш проблемот е во либидито.