Никаде не излегува сам, заедно сме 24/7 пишав дека работиме заедно имаме наш бизнис. Нема кога, нема како.
Можеби немале физички контакт, или барем немаат често, ама емотивно и те како може да се приврзе со некоја со која си пишува постојано, и така да се оддалечи од тебе.. Не е дека ти си лош човек, или не те сака, едноставно монотонија од секојдневие да го фати.
@нина122 @Melissa_39 Никогаш не крие телефон, понекогаш е кај мене поради мејлови и акаунти за работата. Имам проверувано пораки нема ништо, историја имам проверувано нема ништо. Гледав што пребарува, што лајкува. Тотално ништо. Баш поради тоа и не се сомневам за друга.
Ne mora da znaci deka ima druga, ednostavno mu stanalo monotono. Gledajte da ne pominuvate tolku vreme zaedno .
Мислев да не е тоа. Останав кај моите некое време, ама не верувам дека ќе се смени нешто. И претходно сум се одалечувала и пак по старо било. Ама не ми е решение ова, ако бевме у брак што ќе правев?
Тогаш мн веројатно се работи за монотонија, цел ден сте заедно и кога ќе дојдете дома немате што да си кажете, веројатно на работа те гледа тебе, дома тебе, на шопинг со тебе, на патувања со тебе, секаде е со тебе.. Ама тоа го има во секоја подолга врска, и кај сите се случува, мислам дека само разговор може да ви помогне, ако неќе секс, не инсистирај, веројатно е период и ќе помине..
Можеби е сепак пад на либидо или монотонија,секако ако продолжи вака инсистирај на отворен разговор кажи му искрено дека те измачува психички ваквото негово однесување.
Па најверојатно немаше да се разведеш, како и многу други со разноразни проблеми (а сепак да не е од типот изневерување)? Нели бракот е за добро и лошо, макар што и годините сами по себе си го прави своето. Гласно размислувам.
Па ако си во брак решение е или да пробаш да си го решиш проблемот доколку и другата страна сака да го решите, или да се разведеш, или трета опција ти е проблемот под тепих, слики од среќно семејство на социјални мрежи и швалер.. Третата опција ја одбираат најголем број..
Ова е дефинитивно до самиот пар и колку истиот ќе се труди да си направат животот убав. Пред некој ден ми излезе видео од жена. Видеото беше со caption одозгора: "Wait till you're married, that will be all over" - во смисла тоа и велеле други луѓе. А нејзиниот одговор: "Me being married for 20 years having flashbacks from last night" - и таа целата насмеана, блеска Видеото имаше илјада коментари и тоа од женети задоволни и среќни луѓе (и мажи и жени) и дури подолго во брак и сите си споделуваа нивните spicy искуства @Izzy90 Според мене, Потребно е да го седнеш и отворено и смирено да разговарате. Дали тој има некој проблем што му влијае на ова или едноставно не сте еден за друг. Гледајте да дојдете до коренот на проблемот и да го увидите решението
Виагриче у чајче и ќе те рипа како зајче . Шала на страна, на маж колку и да му е монотоно пак сака секс, не ги мешајте мажите и жените пошо не сме исти. Човекот си има сериозен проблем и тоа мора да го решат оти ништо нема да биде од оваа врска.
А тек па и двајцата да се со младешки флешбекови, љубовта е поцврста. Грото од луѓето кои се во брак како да сакаат да пренесат една аверзија на мнозинството кои уште не се во брак. Ова па и не е нешто ново, секаде околу нас го има. Во сосема мал број се тие поединци што ќе речат заради ова и ова го зедов/ја зедов, ама онака искрено, од душа.
Луѓе не можам ништо веќе да зборам, зашто мисли дека јас барам проблеми, неможам да зборам за проблемот зашто го напињам. Одлучив да не зборам ништо, да не иницирам секс, тој кога ќе сака јас нема да сакам. Да видам дали ќе има промена. Друго немам идеја што да правам.
@Izzy90 Така со инате нема да направиш ништо. Седни, разговарај, може нешто го мачи, а не може да ти каже. Тука монотонијата игра голема улога, сменете нешто, правете нешто различно, не мора да е во сексот, може и нешто друго, некои активности. Плус не биди сигурна дека ако живееш заедно нема да те изневери. Ако сака да го прави тоа, ќе го направи, а ти можеш колку сакаш да му дишиш во врат и последна да дознаеш.
Остави простор, ама сепак треба и тој да потегне малку за да се реши. Ако мисли дека бараш проблеми кај што нема, тогаш имаш поголем проблем (партнер што не признава вина во себеси е малтене несвесен, егоистичен партнер). Секогаш се може подобро, ако се има желба за тоа.
@eliesaab Како и во секоја една работа, има и среќни и несреќни, позитивно и негативно. Само наше е на што ќе се фокусираме повеќе, нешто како на социјалните мрежи, како ќе си го подесиме алгоритамот in real life Бидејќи колку повеќе се фокусираме на едно нешто, толку повеќе од истото започнуваме да гледаме насекаде и да го храниме умот. Јас лично избирам да гледам среќни парови, среќни, исполнети и дотерани луѓе, бидејќи таа енергија се пренесува и на нас самите и ни влијае потсвесно како размислуваме и дејствуваме @Izzy90 Дали во периодот кога се појавил овој проблем, си приметила и некоја поконкретна промена кај твојот партнер?
Немаше никаква промена. Баш поради тоа седнав и разговарав со него. Многу пати сме разговарале, сум го прашувала дали има проблем, дали нешто го мачи, дали сум направила нешто и да сум го повредила. Вака е два три месеца.