@Izzy90 Ако само ти се трудиш подолго време да го решиш проблемот и се трудиш да му помогнеш, а тој само реагира пасивно-агресивно и те напаѓа, тогаш не се мачи многу. Може и сака крај на врската, па не знае како поинаку да ти каже - Ова е честа појава бидејќи не сакаат да изгледаат како bad guys. Односно, ќе прави сè за да те оттурне од себе, за да на крај на тебе ти се смачи и ти да ставиш крај Сепак ти знаеш најдобро каков е и отприлика што му е. И самата велиш и претходно си се оддалечувала и сл, а не е тоа поентата на една врска, ниту пак решението. Утре во брак би било само побетер
Нормално е да се има пад на либидо, нормално е да станува монотоно со секој ден односи, едноставно некогаш треба да се олабавите еден од друг, да си зафалите на неколку дена, да не се гушите со 24/7 заедно што сте, колку и ова да звучи ова лошо, сепак е добро за двајцата.Имаме сите периоди кога не сакаме нежност, не сакаме односи, ова се случува од премногу размислување за проблемите кој ни ги создава животот, но едино нешто кај вас што може да помогне е само искрен разговор, ние тука каков и совет да дадеме нема ништо да решиме.
Не е решение да му ускратуваш секс кога ќе сака тој. Ако нема друга, можно е дека има проблем, ама не сака да признае, затоа ти вели дека го напињаш. Мажите се такви, не сакаат да го признаат очигледното, не сакаат ни да разговараат за сексот, оти се подразбира дека тие не можат и не смеат да имаат проблеми. Стереотипи се во прашање, егото и гордоста, барем таков впечаток имам од напишаново. Треба да се отвори, ама ако не сака да разговара, и тука имате проблем. Дали можеби би прифатил да поразговара со стручно лице? Не ми се верува, ама ај да прашам.
Ако му спомнам стручно лице, тој ќе ме прати мене пошто саркастично ми рече дека тој бил асексуалец а јас нимфоманка. И дека ако продолжеле овие проблеми да сме размислеле да прекинеме.
Тогаш јас би се сложила со мислењето на членката погоре што рече дека сака да раскинете, ама сака ти да бидеш таа што ќе го направи тоа. Скрати му ги маките, раскини му, јас не би останала со човек што нормалните сексуални потреби во врска/ брак ги нарекува нимфоманија.
А како сте имале некогаш по 2 пати на ден секс, и сеа наеднаш станува асексуалец? Девојката за да си задоволиш од кога стана да е нимфоманка? Во овој случај дефинитивно е дојден крајот на вас двајца, понатакa е све со сила и мачење, како што рече и членката погоре, скрати ги маките и на тебе и на него.
Се нервирам секоја ден, плачам кога ќе се сетам што се ми кажа. Устата ми испука од нервоза бидејќи се трудам да комуницирам за проблемите а никој не ме слуша. Пред два дена легнав плачејќи, зашто плачеш ме праша. Му реков криво ми е за мене, зашто знам дека не го заслужувам ова. Само ми се извини ме гушна и си легна.
Се понаша океј за се друго, ама и да помисли сега на секс, ќе ми се вртат неговите зборови и ќе се прашувам дали е со сила, и дали имаме секс само од сожалување спрема мене.
Тое момент кај машките кога ќе добие желба за секс мора да се испразни вака речено поедноставно. Дечкото можда има здравствен проблем. Не е секогаш проблемот во изневерување. Посетете уролог ќе се направат анализи. Имајте на ум дека машката популација после 30тата година сексуалноста се менува кај 60% од мажите. Ваков проблем имаат и многу помлади лица и е сериозен проблем. Немој да си правиш одма нервози и паники. Ќе се реши проблемот само трпение
Најди си нов дечко и решен проблем. Шала на страна, земи разговарај убаво и толку, ако не си му веќе привлечна нека ти каже да не си губиш време и да си тераш со животот. Ќе се објаснуваме сега вака, така онака ќе се молиме за секс. Абе не треба да се застане со секс, а не монотонии, асексуални, вакви такви глупости.
@Izzy90 1. Колку години има тој? И дали е спортски активен или работата му е само со седење? 2. Дали има промена на килажата кај тебе ако ги споредиме периодот кога сте имале секс поредовно и сега? Ако е повозразен и спортски неактивен, можно е пад на тестостеронот, што го намалува либидото. Исто и депресија, макар и блага депресија, може да му го намали либидото. Исто и ти ако си се здебелила значително, можно е да не го палиш како порано. Исто ако гледа порно, и тоа може да му го раштима сексуалниот апетит или да му ја намали сексуалната надразливост која е хиперстимулирана преку многу порно содржи. Тоа е голем проблем кај луѓево денес, а не се свесни дека тоа е проблем. Едно е сигурно. Со напнување, нема да постигнеш ништо, освен спротивен ефект. И уште нешто. Да имаш односи само тебе кога ќе ти се присака, тоа е класична себичност.
Се знаеме веќе две години а во последно време почнавме почесто да се гледаме и да ми збори за некои посериозни теми , дечково е од мешан брак ама во Мк не сака да остане, бидејќи има свој стан во близина на Нови сад еднаш ми спомна индиректно дали би сакала некогаш таму да живееме , мене ми одговара и по однесувањето и се вака до сега ама не сфатив зашто не е добро да се биде со некој што има свој стан и што толку во помал град , ок не е село во село не би можела ниту јас , ама па не знам после коментариве и советиве од другаркава се почуствував скроз демотивирано.
Па ти мораш со своја глава да размислуваш остави се на страна како ти кажува тебе умот а не другарка ти а што ако таа ти е љубоморна па намерно те поткопава како може да бидеш толку наивна
Овде се даваат коментари на основа на објавата.Ниту го познаваме дечкото, ни тебе ни вашата врска.Ти најдобро го познаваш неговиот карактер.Значи не мора да те демотивираат совети од рандом особи.Овде горе долу,секој дели совети врз лично искуство
Според мене, штом тебе ти одговара дечкото и штом би сакала таму да живееш, тоа е најбитно. Другарка ти си кажала нејзино мислење, секој си кажува од негова гледна точка и тоа е во ред, не секој има исти планови во животот. Ова си е твој живот и ти си таа што одлучува каде, како и со кого ќе го помине, не ти треба ничија потврда. Другите може да си кажат што сакаат, апсолутно, ама наша одлука е како ќе постапуваме. Ти кажувам затоа што и мене пробувале да ме предомислат, ама не сум послушала никого. Пробај, дај си шанса, дури и да згрешиш, не е крај на свет, впрочем од грешките се учи, нели. Не се замарај толку кој што ќе каже, мислења и коментари секогаш ќе има секакви, никогаш нема сите да нѐ поддржат. Тоа не значи дека треба по тие коментари да се водиме. Со среќа!
Ме интересираше, оти како да пишуваше порано за рандом дечковци, ти пишал, па не ти пишал, не знаев колку време се знаете за да те прашува вакви прашања. Велиш дека ти е ок дечкото, очигледно и нему му е добро со тебе, инаку не би те прашувал дали би живеела во помало место и во негов стан. Мислењето на другарки земај го со резерва. Не знам ни колку ти е блиска, оти сепак во денешно време многу луѓе се дружат со други само од корист, и тука треба да внимаваш. Не треба да дозволиш да ти влијае туѓото мислење во носењето на сопствените одлуки, посебно не од тие луѓе што не се релевантен фактор, освен што ни се пријатели. Некогаш и пријателски совет може да помогне, бидејќи често не сме објективни при носење одлуки, па туѓ поглед на работите може малку да олесни во дилемата, ама не секогаш.
Не знам кога сте почнале почесто да се гледате кога ти пред месец и пол се жалеше дека не можеш дечко да си најдеш и дека све некои со грди имиња ти пишувале. Дури и да сте во врска, прерано е ти да размислуваш да оставиш се и да одиш негде во близина на Нови САД само затоа што дечкото имал стан и нема да мораш да подигаш кредит. Што со работата? Тука работиш државно, таму што би работела? Макар што е по мене смешно да се разговара за тоа толку рано, мислам дека вие не сте ни во врска и мислам дека ти си правиш вакви филмови за секој што ќе ти напраи два реда муабет на фб.
Поинаку е со овој дечко , едноставно се знаевме од порано само што сега повеќе се зближивме и не е преку ФБ , во живо се гледаме некако ми одговара и енергијата и се , за работа не се секирам бидејќи и таму ќе биде лесно да се снајдам има доста врски и луѓе да го работам таму истото што и овде .сепак фала на сите