Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    468
    Пол:
    Женски
    Штом е поинаку види како ќе покаже времето ,не слушај други што ти кажуваат , треба да ги следиш своите желби а не на другарки , а тоа лошо било што имал свој стан е најголема глупост , ништо не е гаранција
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.443
    Пол:
    Женски
    Штом ти одговара види си најубаво.
    Сепак ти ќе си живееш со него. Убаво е да примениш некој совет од членките, по лесно е да се учи од туѓи грешки верувај.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.731
    Допаѓања:
    42.661
    Пол:
    Машки
    Колку често се карате и расправате?
    Дали тој се чувствува сакано, комфорно со тебе, има сопствен мир и е генерално среќен?

    Дали сте интимни? Не во смисла на тоа да имате само секс или секоја интима да води кон секс, туку општо дали има допири меѓу вас, нежности, начини на кој си ја покажувате љубовта?

    Направи една ретроспектива и види каде и зошто почнал овој проблем. Подлабок е од самото имање/немање cекс.
     
    Последна измена: 14 декември 2025
    На minne992, Panda00, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.160
    Допаѓања:
    9.082
    Пол:
    Машки
    Има друга
     
    На Gosh, Mumoftwo30, arwen93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.816
    Допаѓања:
    14.221
    Пол:
    Женски
    Од кога почнав да живеам со дечко ми му станав како приватна хигеничарка, и готвачка..
    Само јас фрлам ѓубре, само јас чистам, само јас готвам, да не сум јас на ромите под мост ќе им биде почисто него кај нас дома.. Пробав да разговарам со него, само ми вика добро, ќе чистам и јас, ќе готвам и јас, и пак исто, цело време кога не е на работа лежи на кауч и игра игри.. Кога му кажав дека мн пари троши на нарачка на храна, ми рече па кога нема што да јадеме.. Луѓе, фрижидерот секогаш ни е полн, ама таа храна треба да се готви.. Не знам веќе како да постапам, јас пред да живеам со него живеев сама, и искрено подобро ми беше, не очекував дека типот машина нема да има пуштено сам еднаш од кога почнавме заедно да живееме.. И не е дека му е тешка работата, мојата е х3 потешка.. И што е најлошо, на кого и да се пожалам, мајка ми, и блиски сите ми викаат па тоа е нормално женско си.
     
  6. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    2.448
    Пол:
    Женски
    Разговарај уште еднаш со него.Овај ако е ваков во врска во брак уште толку ќе се опушти.А ти работиш?Претпоставувам дека да.Средувај си ги ако не само своите работи,и пери ги само твоите работи.Ручек прави си само за себе па види како ќе реагира.И ова не е решение и е тешко изводливо.Ама навистина не знам како би го променила
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.816
    Допаѓања:
    14.221
    Пол:
    Женски
    Пробав така, ѓубрето скоро еден месец го оставив да седи да смрди цел стан, веруваш дека не ни праша што смрди и јас отидов го фрлив очи ме печеа од миризба, не му текна цел месец ѓубрето да си го фрли.
     
  8. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    2.448
    Пол:
    Женски
    Не знам каква ви е врската,и дали ова му е едниствена лоша страна.А кога је живеевте заедно како му изгледаше станот,собата?Ист беше ваков.
     
  9. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    841
    Пол:
    Женски
    Како не женско си не ова турско ропство ќе седнеш и сериозно ќе разговараш со него дека си преоптеретена и дека ко партнер треба да си ги поделите обврските ќе му кажеш отворено не сум ти ваљда роб слугинка или келнерка биди подналутена и малку подрска кога ќе му кажеш за ова и дека ќе почнеш друкше да размислуваш за него кажи му вака и да си размислиш речи а што утре ко ќе имате деца ова ти е сериозна работа
     
    На Mumoftwo30, Mr.Limonko и нина122 им се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    6.296
    Пол:
    Машки
    Не не е нормално, нормално е за таму некое време од пред 40-50г. Што работат има тој дома? Не цепи дрва, не оди по лов за храна, нема овци за да оди да ги пасе, да копа бавчи, како порано па домашните работи тебе да ти останат. :drunk:
    Навиките искрено тешко се менуваат..
    Отворено ќе му кажеш дека не планираш така да живееш или ќе најдете начин заедно да се договорте кој што ќе работи или секој по свој пат. Размисли дали би сакала и колку би издржала така да живееш? Во брак бетер ќе е, замисли уште и деца да имате..
     
    На DragonFly22, Biljarkata и нина122 им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.816
    Допаѓања:
    14.221
    Пол:
    Женски
    Ми вика дека тогаш му било многу почисто и не требало да чисти често затоа што он не валкал, а не валкал затоа што не ни готвел, немало влакна секаде, а сега имало влакна од мене, сме ја пуштале машината за миење садови цело време затоа што јас сум готвела, кујната требало да ја чистам исто затоа што сум готвела.. Он никогаш не пуштал машина за миење садови повеќе од еднаш неделно, не перел повеќе од еднаш неделно, никогаш не му било нечисто, јас сум била таа која правела најголем дел од ѓубрето и да биде нечисто.. Пробав да му наметнам заедно да чистиме во недела, јас тоалети и спални, он дневна и кујна, ама додека јас чистам он лежи само, и после и јас неговото го фаќам, затоа што џабе се нервирам само ми вика еве сега..
     
    На senjorita-v и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    Не, не е нормално. Немој да ги слушаш. Кога ќе седне речи му ај оди фрли го ѓубрето. И не се тргај туку стој си така дур не стане да го фрли. Повторувај му по неколку пати пошто тие забораваат. И речи пример во недела ќе чистиме и дај му обврски што да направи. Пример он ќе фрли ѓубре и ќе усиса ти ќе пуштиш машина и ќе избришеш прашина. И не попуштај. На машките мораш малце да им црташ не капираат од прва.
     
    На Veseli _cvetovi, нина122 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.731
    Допаѓања:
    42.661
    Пол:
    Машки
    Нема да се оправи овој :)
     
    На KiT, flawless., Anie93 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    Вака сега, убави совети ти дале членовите погоре, и да разговараш и да пробаш да го смениш итн. НО, јас едно нешто имам овде да кажам и од искуство зборам, после 4 годишна врска со ист ваков (од која последната година живеење заедно), буквално како бившиот да ми го опишуваш во коментарите.
    За ваквите нема спас, и колку и да пробуваш да го смениш, никогаш, ама никогаш нема да го смениш. Најголема грешка на нас жените ни е дека мислиме дека некој ќе се смени, па прогледуваме низ прсти и трпиме се и сешто.
    Кога раскинав со бившиот, а раскинав заради овие проблеми само за едно се каев - зашто не му раскинав порано и зошто дозволив до тука да стигнеме и да вложувам труд и енергија кајшто нема да вроди со плод.
    Ако не си спремна да го правиш ова цел живот (извини што вака пишувам, ама знам дека има жени што се спремни) ОДМА да си заминеш, уште денес. Од ваков човек што не е способен да се грижи самиот за себе, не знае да пушти машина, да зготви, да зачисти и да одржува основна хигиена, па и уште да те обвинува тебе дека ти си крива што е валкано дома, утре ништо не можеш да очекуваш - особено кога ќе дојде дете.

    Тоа што ти зборат блиски дека си жена и дека треба да го правиш е апсолутно погрешно и како резултат на такви размислувања ден денес си патиме од вакви мажи дебили неспособни што освен да седат на кауч, и да го манипулираат телефонот и далечинското друго ништо не знаат.

    Немој да трпиш ни ден повеќе, а и да си заминеш па да се вратиш за да му го дотераш умот и тоа не пали зашто ќе се смени можеби месец дена и после пак ќе биде истиот.
    Ниту е прв ниту последен, а ваков секогаш ќе најдеш, ретки се оние што не се такви.
     
    На raww, flawless., Mumoftwo30 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.160
    Допаѓања:
    9.082
    Пол:
    Машки
    Зошто не му готвиш? ;(
     
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.816
    Допаѓања:
    14.221
    Пол:
    Женски
    Само јас готвам, ама ако јас готвам нели е редно од да ги стави чиниите во машина, после тоа да ми помогне да раскренеме, или да ја испразни машината.. Јас и пазарам и го плаќам пазарењето, и носам кеси, и готвам, и чистам кујната, и машината ја полнам и ја празнам после тоа а он само јаде, или си става во чинија за да јаде..
     
    На Frida- му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.160
    Допаѓања:
    9.082
    Пол:
    Машки
    Да, во право си. Треба и он да фати нешто по дома, а не само да лежи ко труп. Треба да си ги поделите работите по дома. Ако не може да усисува, барем може да пушти машина со алишта, барем тоа е 2 минути работа.

    Или е ептен мрзлив или веќе не му се замара со тебе.
     
    На Mumoftwo30 и franca им се допаѓа ова.
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    6.296
    Пол:
    Машки
    Сам си става во чинијата? :o
    Треба да му ставиш ти како женско па да го раниш да не се мачи сам.

    Озбилно сега, треба партнерски да си ја разбере работата, не си должна се тоа да го правиш само затоа што си женско.
    Влкна имало бе, како на ден пола коса да ти паѓа и тоа секој ден ти расте и ти паѓа. (facepalm)
    Тешко дека ќе се смени..
     
    На Mumoftwo30, Anie93, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    13.726
    @нина122 Не си го троши времето и не се мачи.

    Да беа обратни улогите, тој не би те толерирал ниту 1 ден, не па да бара мислење и анализа на форум.

    Воедно тоа што го гледаш во врската, може само да биде 10 пати полошо во брак :*:
     
    На Mumoftwo30, Gosh, Tam4yy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    Wait what, да готвам, да спремам да чистам, да одржувам домаќинство, сама да пазарам па и на крај ЈАС да го платам сето тоа?
    Извини ама мајндсетот прво треба да си го прилагодиш за разбереш колку е погрешно тоа што го прави. Тој НЕ треба да ти помага, туку подеднакво треба да учествува во домашните обврски, освен ако ти не си со сите 4 во вис по цел ден а он р'мба по цел ден за да спечали за дома. Па дури и да не работиш тој треба да учествува во домашните обврски а не да "помага" зашто ти не си должна да му изиграваш слугинка.

    И уште нешто. И да не ви пати во моментот, со тек на време ќе почне да се рефлектира и на интимноста помеѓу вас, бидејќи тебе ќе ти се смачи од монотонијата на секојдневието и од тоа да му бидеш и мајка и слугинка и нема ни да имаш желба за интимност, по очекувај забелешки и за тоа.
     
    На Mumoftwo30, Gosh, Tam4yy и 6 други им се допаѓа ова.