Иначе за работите во домот и за средувањето се решава на почеток, за потоа во брак да нема вакви расправии и глупости.
Во право си, само на почеток прво гледаме со розеви очила, второ не можеме одма да ги забележиме недостатоците и трето и кога ќе ги забележиме често одбираме да ги игнорираме со надеж дека ќе се смени со тек на време. Затоа подобро да се расчисти со ваков човек на време па макар во вода паднале неколку заеднички години, отколку цел живот нервози и стресови.
@нина122 мој роднина живееше со девојка со особини како твојот дечко. И двајцата имаа тешки работи но тој секоја вечер готвеше и чистеше а нејзе ја мрзеше и гаќи да фрли за перење. Нему му пречеше што оваа воопшто немаше осет за некои работи, не сакаше ниту да се потруди воопшто. Неколку пати ја предупреди, таа не се промени, и толку беше. Извесен период воопшто немаа контакт, од трети луѓе дозна дека воопшто не е променета. Back to the story: Run girl, ruuuun. Тој нема да се промени, никогаш, залудно си го трошиш времето.
Јас не ги разбирам тие луѓе, да не можеш машина да пуштиш, да измиеш садови, да усисаш и да си го средиш станот/куќата во која живееш. Чим лежи цело време и не сака да крене нешто потешко од пепељара, тогаш тури му к на тој човек. Недај боже па да влезе некој ненајавено и да види катанга. Јас никогаш не би си дозволил така.
Нема потреба да бегаш.Следи го,увери се што прави.Јас така би постапила.Но според тоа што го кажуваш,тој има друга и јас така мислам и имам видено вакви примери.Штом те одбие,тоа е знак .
Јас што имам една другарка, како се има поставено спрема мажот и или тој е многу мек на карактер не знам, ама свака и част. Тој буквално во се и помага она ништо не прави сама, дури и детето му го остава да го чува. Другарка ми по цел ден е дома со две деца и не сака и двете да ги гледа , па едното му го дава на мажот да го чува а он е на работа цел ден, му вика снајди се со работата децата се и твои и твоја должност е исто така да ги чуваш. И овој од што нема како со работата ја вика мајка му секој ден да и помага на другаркава. Башка мажот, башка свекрвата погодени.
Јас кога го читам ова, од страна, се прашувам зошто си во ваква врска и зошто сеуште живееш со него! Мислам дека веќе треба или ти да бараш друг стан или тој.
Нема што да биде мек или да се поставува таа строго, сам треба да си свесен дека не може цел товар на едниот да падне. Не помага си го завршува делот од работа, така треба да биде не е ништо за фалење. Што ќе сме ви воопшто ние ако сите работи што постојат денес се на жената? Како неупотреблив доаѓаме во заедницата, за пари си работите, за храна маркетот ви е на 200-500м од дома, за деца и тоа е лесно денес не ти треба маж за да забремениш.. Дури и ја отежнуваме работа, +1 човек дупла работа.. Треба малку да се разбере дека не живееме во 5ти век и не е исто како тогаш па работите исто да се делат.
@Polyincognito Мажот и не може да ги чува децата пошо е на работа цел ден, а другаркава го тера да се снајде како знае да го чува барем едното дете. А не дека не може она и двете, цел ден е дома. И ниту еднаш до сега не му зготвила ручек цело време порачуваат, и ништо и нема замерено.
@devojkata1234 Никој не е 24/7 на работа. А тоа дека таа цел е дома, како го замислуваш? Легната на кревет, една рака во чинијата со пуканки и овци брои. Па кога ќе си дојде Хуан, таа ги отклучува децата од таванот и му ги препушта
Прашај ги дали кога чистиш и готвиш и фрлаш ѓубре ги користиш рацете и нозете или путката И ако со путката се готви па затоа не можел маж, да ти демонстрираат како.
Точно, ама мажот и работи по 16 саати. Она освен обврските околу децата друга работа нема, а децата и се сеуште мали од кои едното е бебе и цел ден спие а другото 2 годинки и е многу мирно. Нит ручек прави , нит чисти по дома, за се има организирано друга жена.
Сега, во се и помага (а 16 саати на работа?!) или мајка му и помага, или трета жена има? Како и да е, кутриот човек, еве солза ми капна
Маж и и помага од сабајле, после од 1 поручек до 12 навечер работи. Човек да не може да каже нешто,некои мораат одма со потсмев. Спуштете се на земја малку.
Не и помага си ги гледа неговите деца.Сигурно бебето не го дои тој.Ја направи другарка ти како со прст да не помрднува, а две деца мали има.Ти па од кај знаеш,со нив да не живееш
Ама што има да и помага ако плаќаат жена за се друго, а свекрвата ги чува децата? Плус ако тој е 18 часа на работа без разлика дали само децата и останале за чување, велиш едното е бебе мислам дека секоја мајка има потреба од помош додека е бебе и е тазе породена не за џабе се воведува породилно отцуство во другите држави и за мажот..