зошто прави он така? Така правел и дома претходно или? Да не имале дома хигиеничарка па да е така навикнат. Не верувам дека не може да се смени човек. Колку време живеете заедно? Јас на почетокот на бракот месец, два бев ваква…. Зошто од дома си имав такви навики ама после полека полека си сменив. Ако случајно сакате и двајцата може да си викате жена дома, да чисти да ви готви итн. Како што памтам имаш можност финансиски од претходни постови. Такс да ако сакате и тоа може да ви е решение
Те молам спаси се на време. Ваков човек никогаш нема да се промени. Со тек на време животот ќе ти стане измачување ако останеш и се надеваш на промена.
Добро вечер , другарка се омажи пред две години ама многу се жали , како мажот ништо не и помагал ,не ја слуша , дури почнал да работи работа која нејзе и смета ниту за тоа ја послушал , не сака повеќе да остане со него , ама и било срам да се враќа дома , од луѓето што ќе речеле и како после некој дечко ќе ја гледа ако му каже дека била мажена па се вратила...
Дечките што ќе ги запознава ќе ја гледаат како девојка со животно искуство, била во брак кој иако не успеал, ја направил помудра личност
Јас на нејзино место никад така дома не би се вратила, болје под кирија ќе одам, него дома да се вратам освен ако ептен немам добар однос со мајка ми и татко ми и да знам дека сум добредојдена, иначе ако знам дека они се плашат и се срамат од тоа што ќе кажат комшиите, кај нив не се враќам, и од кај што не сум среќна ќе си одам, ама кај нив да се вратам во таква ситација, никад.
Јас на нејзино место од прва на секој дечко би си кажала. Непотребните сами ќе ми се исчистат од патот. А за враќање назад ако и е незгодно пак дома, може да си оди под кирија, да си уплати и купи свој дом. Работи, заработува?
Девојкава пиша на другаркава лично и било срам, а ако како што поврзуваш ти на родителите би им било срам напротив баш треба да си се врати и да ги научи убава лекција. Можеби ќе им ги прошири ограничените видици. Што родители ќе да беа направи ја, порасни ја и кога ќе падне на буниште остави ја таму фрлена? Родителството не е само да створиш- родиш, многу посложено е од тоа и не е за секого.
Луѓе какви родители имате вие? Самата помисла дека еј не се враќам така кај моите срам ми е-покажува дека многу погрешно се однесувале кон вас. Јас како нивно дете да не им се вратам ако ми спизди? Па од нив сум излегла бре... Секогаш ќе сум нивно чедо. Мене моите ми викале, на прва нервоза бегај. Каде и да одиш може да се вратиш кај нас. Жал ми е што така повеќето жени се израснати, како да не смеат да се обратат за помош кога најмногу им треба..
И јас тоа се чудам ...баба ми на 90г ми вика одма да се вратиш ако не ти одговара а не па луѓето што ќе збореле , зборат и така и вака , како може човек да трпи нешто и јас сум врска со потенцијал надвор од Мк дури ,се не па овде во Мк да се враќам од град во град и до кога ќе може под кирија , кирија е само привремено решение , тие родители не се родители ако не ја примат назад , луѓето што збореле ..свашта денес се трпи
Истово ја прашав за родителите една членка кога се жалеше на оваа тема. Знаеш што ми одговори, нема. После си помислив ништо чудно какви нелуѓе има, создај една фамилија, остави ги, заборави ги. Создај друга, па следна...Маленко не им е рамен. Од такви ли да очекува поддршка и разбирање? Само да вложува во едукација, работа по струка и на себе, да оди под кирија или си купи свое не и бега. Најслатко е спечалено со сопствен труд и раце. Нажалост секакви нелуѓе има пишав и како за несреќа се остваруваат како родители како игричка за мали деца да е тоа.
Преку ставот на машкото околу чистењето се гледа дали воопшто си ја смета партнерката за нешто вредно. Исто, и околу готвењето. Да се нема желба да се зготви за саканата - многу кажува. Свесноста дека се живее и дели со друга личност, исто така е битна. Ама ако дојде за секс, нели ќе ти помага. Има и такви кои сакаат да живеат во хаос. Тоа е начин на живот. Удри Нина клоца, удри силно и најсилно. Удрете сите, оти знам дека ќе се снајдете.
Каков начин на живот? Чиста мрза. Цел месец да не фрли ѓубре...тоа е чиста зараза. Таа па се нафатила да фрла, ама требала и него во пакет. После пиша членка и таа вака правела на почеток на брак, дека била научена дома други да и прават. Освен да имале по дома чистачки не го разбирам ова. Зарем не сте си чистеле во детска ако не и дома заеднички со своите? Не ви текнало еднаш да зготвите фамилијарен ручек? Не знам и не разбирам ова да ти биде начин на живот, освен да е мрза или болест- хордерство.
Просто за тебе и мене е чудно, ама за таквите тој е нивен начин на живот, нивен стил. Како што редот може да ти е нормален, така хаосот за нив е нормален. Нина е млада и ќе научи. Приоритет е да сфати дека лиглето не е за нејзе.
Некогаш жими сѐ имам осет дека многу сте меки према вакви мрзи. Седни и разговарај па седни и разговарај....ако него не му иде онака на душата неубаво да ме гледа све јас да правам, јас сосила не можам да го натерам да стане да фати. И со ова Па чим имате пари викнете си жена...супер тоа него вака само бутате реален проблем под тепих. Утре у 2 саат преку ноќ ќе ме фати некој стомачен вирус и ќе ја вика истата жена да свари една јебена супа и чај?
Не знам како си ги замислувате искрено луѓето што работат во ИТ, ама иако имаме високи плати, зарем мислите дека јас здрава, и работоспособна на 26 години наместо да штедам пари за имот, да трошам пари на патувања и слично дека би плаќала хигеничарка дома.. Значи млади луѓе, срамота е да не чистат дома и чистачка да викаат, па колку сака нека им е платата.. Еве вчера зборев со него, и после тоа пак си легна и лежи, и земав да правам јадење сноштии ми дојде во кујна ми вика ти треба помош, му реков да земи мешај тука, отидов во тоалет, се враќам, кромидот ми изгорел, он игри на кауч игра..
Кромидот деглазирајго и напрај го карамелизиран , ама кај него не одлучуваш ти или било кој што ке ти пише совет на форумот , тој самиот одлучува за својата присутност во врската заедницата итн итн. Ако чуствуваш дека сеуште е љубовта присутна вреди да се бориш .