Месец или два?????? ооо браво незнам што да ти кажам кукло имаш 24 а личиш на 15, би се рекло дека си заљубена, а сепак викаш врската е невозможна. Се обидувам да се ставам на твое место и лошо е ептен.Инаку ќе ти кажев епа избегнувај го или не мисли, ама подолго време е. Епа види не е фер ни за дечко ти ни за таа негова девојка сеедно дали вашата врска е возможна или не ти испитај дали имаш чувства, ако имаш, тоа би значело дека немаш за дечко ти, па обиди се да не го повредиш со тоа што нема да си со него, зошто полошо од тоа да си со некој кој не те сака НЕМА. А ако е судено без разлика на се ќе бидеш со тој со кој навистина треба. СРЕЌНО!!!
почекај малку не брзај на фаќај нов дечко можда сака да те провоцира а ти ако фатиш друг тој ке изгуби надеж почекај некое време па ако нема ништо шмекај си други дечки позз
Дел од мислењата се префрлени во веќе заклучената тема „Со некој од друга вера или сепак не?“. Најучтиво ве молам да се воздржите од испраќање на постови кои содржат расна, културна, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација, говор на омраза или нетолерантност.
duri takvite postovi ne da se prefrlat tuku da se izbrisat do kraj... i na takvite da ne im se dozvoli pristap na stranicava...
Jerry86, самата си свесна дека имаш проблем... и мислам дека премногу си во негово друштво, затоа е така... па кажи му на дечко ти да не излегувате толку со нив, да излегувате со други луѓе, да излегувате и сами, или на други места каде што не излегуваат другарот и девојката. Ти можеби и не чувствуваш ништо спрема него, ама самата помисла дека можеби те гледа на друг начин те возбудува - тоа не е ништо страшно, тоа е сосема нормално, кај секого би се јавила некоја таква помисла од време на време, посебно ако си во долга врска, а си, како што напиша... Плус, тој е забрането овошје за тебе, дури и иако раскинеш со твојот дечко, а тој да раскине со девојката - да бидете заедно не би било убаво, барем јас не би се чувствувала убаво да бев на твое место. А не кажа што со дечко ти - како ви е во врската, добро ви е, лошо ви е или...? Лек да ти кажам не можам, ама совет можам да ти дадам, и ти го дадов - погоре - да се дистанцирате малку ти и дечко ти од другарот... знам дека му е другар, можеби и најдобар, и не би прифатил да излегувате поретко, ама пак, барем ти малку дистанцирај се, и ќе сфатиш дали навистина е така како што велиш, или пак е само минлива симпатија... се надевам дека барем малку ти помогнав... поздрав!
Здраво Jerry86 и јас сум нова на форумов го прочитав твојот проблем и јас мислам дека треба да бидете ти и твојот дечко на дистанца од неговиот другар обиди се да не мислиш на него посветувај повече внимание на твојот дечко со тек на време ќе го заборавиш.Позз
iskren jerry, ne si ja baraj beljata,ako napravis nesto sto ne treba so drugarot,em ke si ja rasipes svojata,em negovata vrska,i taa steta duri ke bide minimalna vo odnos na ona sto navistina ke te ceka.a ne veruvam deka bi bile srekni so toj.zatoa trgaj se od nego,ignoriraj go
Џери и јас мислам дека најдобро ќе ти биде да се одалечиш од него, не мора секогаш со нив да излегувате за да не го срекаваш толку често, а кога нема да го гледаш можеби ќе го заборавиш. Не вреди 6год. врска да си ја расипеш туку така.
кога е со мене дечко ми и се случува некој да го побара за нешто или за излегување и тој без да ме консултира одма враќа одговор и си заминува... ме остава сама. еве денес се случи мене да ми треба да ме утеши пошто мн ми е тешко и се осеќам мн лошо, тој си бил кај некој другар и вика “ќе дојдам“ а тоа беше уште во 10 часот! и јас тука седам и го чекам сама како некоја будала... колку сум му важна јас него??? изгледа ни малку! и заради тоа сега мие ушта потешко, девојки помогнете ми!
немој толку да се нервираш,да си ставаш при срце...земи најди си занимација која ќе те преокупира да не мислиш многу на него каде е, што прави..каков е со тебе итн...почни да стануваш посигурна во себе и ти исто како он што ти прави да му правиш..не се консултирај со него сама решавај за некои работи..нека осети како е ако има осет..ако не..разговор еден искрен и директен направи со него и сама реши дали ке продолжите или не..важно е ти да не страдаш
Прво постапи исто како он , за да осети на своја кожа .. муабет да , ќе помогне , ама не толку колку тогаш кога осеќаш на своја кожа што лошо си правела ..
da mu se vratam na bivsiot?? zdravo! imam 17 god. so decko mi bevme vo vrska 3 god no toj me izneveri so druga devojka od druga vera (hristijanka) imal so nezi odnosi a pricinata bila zosto nemal sex so mene..aj ve molam pisete mislenje dali da mu se vratam oti ste znaat za nas???
Не му се враќај. Штом еднаш те изневерил, голема е веројатноста пак да го направи тоа. Ако му се вратиш постојано ќе живееш со помислата дека пак ќе те изневери и ќе се измачуваш заради тоа.
Не му се враќај, тоа не е стабилен дечко штом те изневерил само затоа шо не си имала односи со него, да е малку паметен ќе те разберел дека не си подготвена а не да те изневери. А за тоа дека сите знаат за вас ич не се секирај, само ти о он сте во таа врска а не сите, луѓето по 10 год. одат па раскинуваат и ништо, или деца имат па се разведуваат и пак ништо, а ти се мислиш шо ќе кажале другите? Ич не се замарај за другите, туку направи си како шо ти одговара на тебе. А он не заслужува да биде со тебе. Он е крив шо уништил 3 годишна врска а не ти, затоа во никој случај немој да мислиш дека ти си била крива шо не си сакала да имате односи. Тоа е твое право на избор да решиш кога ќе имаш односи, а он ако те сака и ако бил малку поцврст карактер тогаш ќе те чекал. Не ти треба таков дечко што може да подлегне пред секое искушение. Ако изневерил еднаш и втор пат може да му се случи.
fala mnogu mi pomogna ova jas na nekoj nacin bev ubedena deka nema da mu se vratam ama so ova donesov konecna odluka falaa
Го сакам или не? Дечки имам еден проблем...Со бившиот веќе подолго време сме разделени и не збориме....Ама сеуште имам некои чувства...Ама некако и го сакам, и не го сакам, одвратен ми е, многу е променет....а секој ден го гледам, и се интересирам што прави, со кого е, дали има нова девојка.... Помош?
Големи проблеми со една девојка.. Значи како ме нервира, тоа станува неподносливо....Имав еден дечко, и таа го сакаше тоа време, му се нафрли и тој ме откачи. Пред некое време раскинав со друг, и пред некој ден ги гледам заедно...Мене ми се причинува, или таа сака да ми се одмазди за нешто, па го прави ова?