Во религија зад ова стои фактот дека ако живеете заедно поголеми се шансите да имате секс пред брак, а која е поентата да не живеете ако веќе сте имале секс пред брак? И плус да сакате да чекате до пред брак може да се трпите и додека живеете заедно. Многу подобро ќе донесеш одлука дали ти одговара некој ако живееш со него, многу поубаво се запознава..
Никој не вели дека не е успешна, ама да е сакала да раскине со него и да расчисти, нема да бара совет тука, туку ќе расчистеше со него многу порано...
Малку е глупичко поточно непрактично ова, за имање односи па и не мора да живеат заедно да се испоштува религијата. Иако на религиозна типка и геј партнер ова им е добредојдено, ама отпосле... Мене искрено и немање односи до пред брак ми е ред флег.
Дечко ај олади, можеби и измислува како што се посомневаа некои членки, а можеби и не. Убаво е да се пише, некоја ќе се најде во иста или слична ситуација ќе прочита и ќе се просветли. Сега психолошки профил на Нина ќе правиме, ај ондак темава нека се преименува Љубовните проблеми на Нина.
Јас сум оладен, а она дали измислува или не тоа си е нејзино, јас само искоментирав на тоа што е пишала..
Да ама ти одиш со претпоставки што би било како би било. Не е за тоа темата, ама ако ти така ја доживуваш терај.
Дали сум во право или не ќе покаже времето, јас само кажав мислење како ќе се одвиват работите, ќе видеме дали ќе остане со него или не доколку каже!
Секој си е кројач на својата иднина, изборот е наш, после да не кукаме партнерот е ваков или онаков, па срамота било да се разведам...
Почнав да се допишувам со еден дечко кој инаку е од друг град. Ме покани да излеземе на кафе и јас прифатив, но од друга страна ме кочат некои работи за кои сеуште е многу рано да зборувам но сепак.. Имено, ако во иднина дојде до нешто повеќе меѓу нас не би можела да го напуштам градот кај што живеам ( од одредени причини ) па ако е возможно тој да се пресели тука, но премногу ми е глупо и смешно да го прашам тоа уште сега затоа што не сме се ни запознале како прво. Инаку дечкото веќе уредува свој стан во градот кај што живее, и искрено не ми се верува дека би се преселил во иднина. Што мислите, на кој начин да го прашам или сепак да не се глупирам?
@Ecaecushka Според мене, Слободно можеш да започнеш ваква тема. Направи го спонтано, ете како општ кежуал муабет, за животот, за градовите во кои живеете и ќе му ги видиш размислувањата. Секако не можеш да упропастиш нешто ако е за тебе
не ве замислувам, ве гледам повеќето вака се понашате(гледате еден од друг ама тоа не е тема на муабет) мене искрено не би ми било срам да викам жена дома, ако тоа ми го олеснува животот. Лошо е кај дечко ти што би ја викале зошто он е мрзлив ама не ее скапо многу да знаеш 2000ки се обично, за два пати неделно топ
А ти во која бранша работиш?! Да дознаеме каде се вистинските големи плати каде 4000 неделно или 16000 месечно или околу 100 000 годишно не се сметаат за многу пари (ако ништо друго би направиле разлика на одмор дали би се седело во хотел со 4 ѕвездички или 5).
Слободно кажи му уште на почеток. Не мора дс биде директно ако се срамиш, туку кажи му индиректно, као демек не би живеела во друг град, затоа што си имаш причина што не го напушташ твојот град, па ако те сака, нека се пресели кај тебе.
Апсолутно НЕ. Дали знаете колку крејзи изгледа ова од спротивната перспектива? Као зашо женскава ми кажува и фантазира живеење во друг град, буквално на кафе прв пат искачаме. Потрудете се да не фантазирате многу однапред затоа што стварно нема смисла. Уште не видени, планираат живеења, мажечка, деца..
Воопшто да не го прашуваш.Нема смисла уште не се ни познавате,ниту пак се имате видено за вакви големи планови.Види првин дали ќе ти се допадне,ако почнете врска види како ќе биде.Животот се носи,можеби по извесно време ќе сака да се пресели или ти ќе сакаш.Ама моментално не се брзај со вакви прашања
Не прашувај, едно кафе е не идете во матично. Има време додека стигнете до тема за заедничко живеење, буквално уште сте во talking stage и не се ни гледате уште официјално.
Go with the flow Кафе не значи потпис. Не брзајте толку со мислите, сами си стварате проблемчиња шо не постојат ( сеуште )