Чекај, прво излезете неколку пати. Нема утре да го земеш за маж. Потоа ќе видиш дали он е за сериозна врска, па ќе го прашаш.
Ние жените ств сме илузиорни... Некој маж здраво да ни каже ние готово венчаница бираме. @Ecaecushka уште не си го видела човеков почекај малку може нема да си парирате во живо, ти ја скрои иднината.
И јас ќе ти речам како и другите, ако ти се допаѓа излезете на кафе, go with the flow и не се опседнувај уште сега со што би било како би било. Не, никако, премногу е рано. Еден ми зборуваше на прв дејт дали би сакала во иднина да се преселам/живеам поблиску до него. Немаше втор дејт. Ако прави вакви сериозни муабети некој кога уште не ти ја знае омилената боја, значи дека е преочаен за брак.
Од кај да знаеш што муабет ќе и сврти. Може дечкото толку многу ќе се прилагоди на девојката, што ќе ја праша и тоа. А може и не. Претпоставуваме и делиме совети доколку би имало талва ситуација, а со денешните мажи (не сите, ама има такви) не се знае на каде ќе се тера. Тој може веќе си прави некои планови у глава. Абе ако и се укаже шанса и ако гледа дека е нападен, нека му каже. Не губи ништо.
Некој што нема помирисано девојка долго време, може на све да помисли. Нека и биде ова бекап опција и како индиректно одбивање ако дечкото веднаш се одлучи за врска или ако флертува.
Некој очаен за женска, што избрзува наместо да бара и љуби искрено од срце. Еве и да им се деси баш она љубов од прва, на прв поглед, не е тоа како во минатиот век ја зема бегалка и оп ја уселува кај него. Опуштете се луѓе, полека, со тек на време се ќе си се открие баш како што треба, ако дојдете до таму.
Ако може некој во приватна порака да ми пише… Премногу е сензитивно за да го постирам тука. Фала однапред…
Дај ти се молам која црна љубов, не знам дали истите мислења ги читаме..ова е тажно дури па уште да се борела, за што?!
Зборев со дечко ми како што ме советувавте овде, му кажав се, и еве дојде во дневна сега, смислил брилијантна идеја.. Ќе бидеме како цимери од денес, кој што си купи, ќе си јаде, секој своето ѓубре ќе си го чисти, и позади себе секој сам ќе си собира, секој за себе, секој посебна храна ќе си има, и требало да бараме дозвола еден на друг да си пробаме од храната.. Не знам дали да се смеам или да плачам, уште две канти за ѓубре ни фалеа, уште тоа немавме сега и тоа ќе имаме.. Само добро реков, и си отидов во соба, не знаев што да кажам.
Аман бе Нине, ова болдираното и мене ме здоболе Би ти рекла да го оставиш ама сигурно подолго сте заедно па и тоа не е туку така...
Нинче а да ти даам еден совет бацко, фино лепо да си бараш нов момак? Јас бајо у средно коа бев на девојката и плаќав такси до дома да не се мкне по автобуси, јадење со мене коа била не платила, ма и кога нарачувала, ја сум донарачувал, и не само шо немав приход, туку и не бев некое богато детиште, ама си кратев на другите места за да и биде комотно на нејзе. Овој твојов заработува, а не праи ни десетина од тој напор. Инаку и сега, не сум скржав и кога имам и кога немам, не знам како се девалвирате до толку да седите со вакви ликови.
@нина122 еве зашто некои сметаме дека се подјебаваш.. Не е можно вајда ваков да толерираш, со ваков иднина да градиш, фамилија да сакаш да формираш? Не е работата иди у соба и повлечи се.