Ова е малку подобро од се сама ти, ама замисли еден ден ако имате деца за секое дете и нова канта ќе додавате за само да си фрла?
Брат, се дешава инаку, имав една другарка шо одеше дома кај него, го чистеше, переше, пеглаше, му готвеше, а овој коа ќе му скурчеше ја бркаше па ебаваше ороспии, 2-3 дена подоцна и ово наново. Девојчево година дена вака тераше... Ама као да ти кажам има такви токсични врски коа знаеш дека овој не е за тебе, ама не можеш да се откачиш.
Кармичка врска е тоа? Или па се преглупи.. Сфаќам и љубов и све, сум доживеала, ама овде има нешо шо вреди за да останеш? Вајда у кревет добри се, и ги палат, друго нз што би можело да ги врзува и заслепува.
Ти потребал реално за нешто? Скоро целиот ваш иден живот ти го дава на тацна. Смешно е како некоја виша сила ти дава знаци што не е добро за тебе, ама ајде ќе бараме решенија. А решение, комедија, наместо да се понаша ко возрасен маж. Тој ако е ваков мрцина сега, ни пелена на детето нема да смени и ќе си бидеш мажена самохрана мајка. Како му е планот за перење, секој свој гаќи ќе си пере и посебни машини ќе пуштате? После во сушара или на сушалка, секој посебно ќе закачува. Не знам како не ти е срам да бидеш со ваков. Ти потребал. За украс.
Има секакови луѓе дури бетер, но ако е вака како што кажува, само она знае што ја врзува и уште е со него.
Искрено, купив стан и ја дадов цела заштеда, не можам да одам под кирија сега, ми требаат пари за да го средам станот а станот не ми е готов, ама знам дека сте во право за се.. Барам начин периодот што сум овде малку да си го олеснам.
Тоа е убаво што си купила стан, затоа ништо никој не ти вели, но со дечко што те врзува, тој учестуваше во купувањето на станот, или е нешто друго во прашање?
Кирија треба да плаќам ако си одам, а со дечкото ништо не ме врзува, со неговото однесување толку ме оддалечи од себе, не знам дали можам пак да го сакам, мене ми треба некој до мене на кого можам да се потпрам, а не детиште недозреано.
@нина122 Чекај малку, велиш си купила стан, а ако го оставиш треба да одиш под кирија, станот на твое е име, ако раскинеш зошто да одеш по кирија?
@нина122 а сега под крија живееш? Додека да го средиш станот нека поминат неколку месеци, пред неколку дена кога пишуваше за него велиш дека работиш ИТ, валда имаш пари под кирија неколку месеци да живееш додека да го средиш станот или?
Па да ама ако го средувам станот и плаќам кирија значи ќе ми останат помалку пари за станот, и наместо повеќе пари да вложам во него, треба да купувам мебел и ствари со помалку пари што може да е со понизок квалитет.. Ако седам овде ќе имам пари да си купам машина за перење од 40 илјади денари, а ако одам под кирија и давам пари треба да си купам машина за перење од 20 илјади денари пример. Јас така размислувам, можеби и не сум во право.
Зградата во изградба е или готова? Ако е готова за почеток среди купатило и еден душек земи си за храна ќе купувш и полека ќе си средуваш.. Или живеј кај другарка, роднини..
Тоа е си убаво што така сакаш да си го средиш станот како што ти замислуваш, но запрашај се самата себе дали вреди да продолжиш со него и да ти прави вака можеби утре друго нешто, или подобро да седеш макар 1 година под кирија и да го средиш станот како што сакаш, незнам од кај си, но има околу 150 евра кирија немора да плаќаш 500 е кирија
@нина122 Супер, само извести го и дека цимерите инаку немаат односи И штом имаш цимер Нинче, значи по дифолт немаш дечко, you are free to go I don't make the rules
@нина122 не мораш да имаш најскап мебел, најскап кревет или најскапа перална или кујна ако во прашање е твој мир. Некогаш треба за да го достигнеш тоа ниво треба прво на себе да мислиш, да си ги пружиш нозете колкава ти е чергата далеку од будалава па макар и најефтиното да го купиш. Имаш и поевтини перални и кујни и кревети и верувам дека и со едноставна комбинација можеш да го направиш станот топ. Јас би отишла и под кирија само да немам стресови од неспособно маженце.
Јао, Нино...Овој твојот е целиот црвени знамиња. Не ти треба машина од 40 илјади, и дупло поевтина може да ти испере салам. Тоа е бар лесно, ќе си бараш препораки во соодветната тема. Туку, со овој мисли што ќе правиш. Недораснато дете е. Ако сака да те третира како цимерка, тогаш не те сака. Бегај од таму. Мирот е непроценлив.
Не знам што те советувале членките претходно, но со вакво размислување од негова страна јас искрено би размислила дали би продолжила со него. Наместо да се понуди заедно да ги завршувате обврските, тој што ти вели. Нека си живее сам па ќе си има сопствена канта за ѓубре.