Ако добро ја разбрав нина122, купила стан, станот не и е готов, а она сега живее кај дечко и, и одлучува да остане во врска со него, за да има кај да живее. Искрено мислам дека не е баш ок мотивот за да останеш во врска, некако користољубиво ми звучи. И не е фер кон него. Што сега ќе бидеш во врска додека не ти се комплетира станот, а потоа ќе му раскинеш? Дај не му го троши времето. Ако не се гледаш со него и ако си сигурна во тоа, раскини му и терај си по свој пат, а и он со време може ќе си најде некоја со која што ќе си парираат.
Па не седам бесплатно овде, фул тајм вработена сум како хигеничарка, готвачка, фрлам ѓубре, перам, знаеш колку кошта тоа?
Епа ако го правиш тоа за што си платена да го правиш, тогаш зошто се буниш? Зошто и он да чисти, готви, пере, кога ти си задолжена за тоа нели наместо кирија да плаќаш?
Ебате главите нивни мувлосани. Море батали го живеј сама со мир наместо ваква шупелка. Па нека се жалат на мејл лонлинес епидемик. Паразити.
Можеш да побараш со цимерки да живееш некое време, ем ќе плаќаш помала кирија ем душата раат ќе ти биде. Џабе ќе ти е машина од 40 000 кога менталното здравје ќе си го изгубиш со човеков, од тоа нема назад. Бегај како знаеш и умееш.
Срц, јас имам свој стан па немам машина за перење од 40.000 туку ја земав 17000. Замисли пере. Мебелот и даските се побитни од тоа да те малтретира некој и како цимери да живеете? И дај не зезај кои 500 евра кирија што ти е. Нема 100 квадрати да бараш една гарсониера ти е доста. Мене би ми се згадил воздухот да го дишам во станот со тој, а не па да седам. А бре од старт после овој муабет у хотел ќе си одам со рок утре да не се враќа ддома до некое време да соберам се и да не го гледам.
500 евра кирија 60квадрати се во Берлин. Машина за перење имаш од ST пери одлично. Ако земаш плата од 1500 евра во ред е да земиш поскапи работи. Луѓе има шо се перат на раце ден денес па се посреќни и почисти. Ги прочитав и сите мислења и сите ти дадоја добар совет. Бегај дури не почнал да те тепа. Натаму ти си знаеш.
Нема да ја тепа ама мислам дека он не сакал да живеат заедно и сега му смета. Очигледно немаат исти планови за иднината.
Здраво Имам еден проблем и барам помош Со мојата девојка сум во врска Веле 6 месеци и таа ме замоли да спијам кај нив но моите родители кога се јавија кај мене и кога слушнаа дека ке останувам со спиење ми рекоа било страмота што сум спиел прво јас кај нив И сега се чувствувам неубаво пред нејзините родители како јас да немам свој збор на мои 27 години поради контролата на моите родители
Ако имаш услови исели се, осамостали се. Ако не седни и разговарај со твоите дека иако живееш со нив ти си веќе маж и нема што да се мешаат во твојот живот. Овде не станува проблем со девијката него тебе и твоите родители кои очигледно уште не сфаќаат дека си маж а не дете. Ако имап средства и можност што попрво иди сам живеј.
Според традицијата не смееш да спиеш ти прв кај девојката, туку таа кај тебе. Најубаво е да се осамостоиш и да живееш сам, секако, доколку имаш средства.
@Јани007 Според мене, Пред да продолжиш со врската, а и за твое добро, мора да го решиш овој внатрешен конфликт. Да се научиш и ти самиот дека дека ги информираш ако им кажуваш нешто, а не дека бараш дозвола. Бидејќи ако вака избегнуваш конфликт, вечно ќе живееш живот кој не е твој. А воедно тоа ќе се одрази и на девојката и врската, бидејќи нема ништо понепривлечно од маж кој не знае да поставува граници и кој не знае да предводи. Ова не те прави лош син, туку возрасен маж. Биди малку посамоуверен и навреме реши го овој проблем кој го имаш со себе, претпоставувам и од детството. Бидејќи денес е преспивањето кај девојката, утре ќе е бракот во прашање. Само физичко селење не е решението, туку и менување на мајндсетот, бидејќи инаку ти пак ќе си си истиот и на друга локација
Искрено за 27 години си многу неискусен а да ја смениш девојката идеш накај 30 срамота е вакви инсинуации најди од 25 нагоре некоја а не за златно славејче извини може ја,сакаш ама маж накај 30 години идам кај неа кај мене без цврсто во себе или е до тебе или до неа порано војска отслужуваа на 19 вие за едно иди ми дојди ми бреее тики не сте вие криви уште лигавчиња накај 30 да ви стават
Твоите не треба да те контролираат на тие години, но за ова се во право. Не треба да преспиваш кај девојката, уште е рано за тоа.
Колку и да се строги родителите, не се бунат џабе. Си го знаат. Рано е, врската им е уште во свежа фаза. За 6 месеци чудно е и тоа што неговите знаат за неа, а нејзините за него. Таа на 20 години попрво треба да студира и/или да работи. На тие години и може он да ѝ здосади. Спрема неговите мислења, нему му се брза. А, тој кој брза вообичаено е одечко црвено знаме.