Ако не те прифати и на иг, прати му писмо по гулаб. Сега сериозно, не. Си го направи ти своето, доста е, така даваш вајб дека го напнуваш, а тоа нервира.
Поздрав; Сакам да споделам нешто со Вас , не знам дали преувеличувам. Јас сум мажена , се е ок вака не можам да се жалам, но последново што се случи ме остави во мисла , наводно му реков на маж ми дека би сакала да ја смениме дневната , односно да ја реновираме по мој вкус , тој тогаш ми викаше , има време прво да разгледаме како што која боја и да штедиме за да платиме во готово ок ајде ,еве да не речам помина година , уште ништо не сменивме иако јас најдов како сакам да биде , денеска ми рече дека и купил на мајка му кола (околу 2.000е) бидејќи далеку и е малце работата и нема превоз до таму , си мислам ок !!!!! Изгледа штедевме за кола на мајка му , му реков добро а рече штедиме ама гледам колку , ми се обрати дрско ама ми се извини демек јас сум го изнервирала така што сум рекла нешто во смисла , за мајка ми не жалам ниту еден денар ,јасно? Реков добро, тогаш можеше и ајфон да и купиш да не биде една раб ок не викам дека не претерав ама некако се разочарав, зарем сите мажи од секогаш се на страната на мама ? Му реков дека многу лаже и дека сите кои работат може да си купат што им треба , бидејќи требаше дневна да реновираме и ми рече дека има и за тоа само по ова видел колку сум јас себична , не ме навреди или нешто ама искрено воопшто не ми се допадна ова , дали јас претерувам?
Не, немаш преувеличено, те искористил ако заеднички сте собрале пари, а без да те праша ги потрошил и купил на мајка му. Ебаму заболенио од едипов комплекс.
Епа тогаш барај, носи го и нека плаќа или плаќате. Мене прво што ми иди на памет, ако сум женет е да гледам да си напрајме арно да ни е дома прво, па после че се помага на родители, фамилија и слично.
Се разочарав што така изреагира за мајка му , не ми се испонашал до сега со таков тон ЈАСНО ЛИ ТИ Е? На што личи...па демек извини
Не е убаво понашањето ама ич, секако и тоа што не гледа за дома прво да си средите, па после помош ако треба на неговите, плус да се консултира со тебе, што мислиш околу тоа, сепак си му жена.
Не сум машко, ама мажите се осетливи на мајките , колку што имам приметено и не сакаат да им збориш против нив , лошо од него дали ти е јасно , јас би му одговорила не, објасни ми , а убаво што ти е извинил ама да не било првото не би дошло до второто , ти сега дај минимална сума а другото он нека плати и ако ти рече нешто речи мајка и жена се исто штом можеш за мајка ти можеш и за нас и ајд
@Winter-girl02 Според мене, Чувствата ти се валидни. Апсурдно е неговото однесување и повишување тон, без разлика што и да е темата и ситуацијата и дали е мајка му или друг во прашање. Токму ова треба да го расчистиш веднаш и да поставиш јасна граница дека ваквото однесување ти е неприфатливо. Не само повишувањето тон, туку и неискреноста за финансиските чекори. Не си му ти комшика, туку сопруга. Ова ви се проблемите, комуникацијата и границите, а не финансиите. @franca Сопруга и мајка не се исто.
Па не е исто ама колку на мајка толку и на жена утре ден треба да даваш ,на што личи на мајка му да купува а жената каде е тука?? Јас сто пати сум рекла не би трпела некој да ми се однесува вака , што сме ние жените најдени на улица па уште мајка ми , сите имаме мајки и што? Па уште да ми повиши тон дали ми било јасно......................
Купил кола за мајка му без ти да знаеш? Така? Ова ти е црвено знаме. Не и дал 500 денари на заем, туку кола Ако не штедел за мама, не требал да се жени.
Леле луѓе што ви е , ок тоа е црвено знаме ама некој да Ви се испонаша со ДАЛИ ТИ Е ЈАСНО не е ? Мене па ова повеќе ми е црвено знаме ...
А во врска не примети дека е толку приврзан за мајка му? Или во брак се смени? Види причината зошто и купил е фер, далеку и е раб. место, не е фер што уплатил без да се консултира со тебе. Реално сега и ти на твоите можеш да им уплатиш нешто што им е неопходно од твои пари, пиша сопругот не и купил кола од заедничките ваши па претпоставувам си имате твои и негови и кажи му им купив и тие ми се мене битни итн. Понашањето со тонот и јасно ти е само покажува дека е мамин син. Приоритет мама, а сопругата не заслужува ни да биде ако не консултирана бар известена. Не ќе да е овој брак баш најдобар, ама ти си знаеш.
Најнормално беше се , не сум приметила нешто да ми смета и жената е многу фина со мене , не ни се меша во ништо , маж ми се извини сто пати затоа што ми се обрати така ,ама не рече дека не требало , туку дека не жали , примети дека се налутив и ми рече ќе средиме што треба само немој да се лутиш , ова прв пат вака се случува и не знам што да кажам не се малце пари , мајка му работи во фабрика и зима над 40.000ден еве не знам, што да кажам сега мене ми се извинува ,како и да е фала , се надевам нема пак да има уште некое изненадување од негова страна за мајка му , тоа за приврзаноста не знам, не ми личи на некој што е поврзан со мама ,затоа и ме изненади сето ова
Треба да му објасниш отворено и јасно зошто му се лутиш наместо да се надеваш дека нема да се повтори. Надевањето, очекувањето се мајка и татко на разочарувањето. Сигурно не сте долго во брак, на почеток се објаснуваат и расчистуваат овие работи со отворена и конструктивна комуникација. Треба да му укажеш не е проблем мајка му, еве утре за брат или сестра би купил можеби, не знам што има, не е проблемот личноста за која е купено. Начинот и непочитувањето што те одминал тебе се проблемот.
Јас овој не би го трпела 2 мин не па да му објаснувам што треба а што не, тој самиот треба да знае дека кога ќе се ожени дека жената е на прво место а не мајка му