Со оглед на тоа што ти си пишувала прва, овој пат јас би чекала тој да пиши и да иницира да се договориме за точно време. Ако навистина сака да се видите ќе го направи тоа.
А зошто и она да не си праша уз муабет? "Еј останува договорот за кафе?" Ако каже не, толку е, ќе знам на што сум и нема да се надевам, чао пријатно.
Бидејќи досега само таа му пишува прва. God forbid да очекуваме од машко да ни пиши прв. Тој само спомнал кафе без конкретен договор. Ако е заинтересиран реално, верувам ќе и пиши да се договорат точно, без да чека само на неа.
@Ecaecushka Никој вистински заинтересиран нема да остави простор да не се видите. Да бил, веќе сега третото кафе ќе го пиевте. Не му се замарај, па и да ти пише после некое време, најверојатно би значело дека првата опција му отпаднала Постапките на луѓето не се тешки за разбирање, 9 од 10 пати ни кажуваат на што сме, на еден или на друг начин, остатокот сами си го комплицираме
И јас така мислам. Заборавив уште нешто да додадам , а тоа е кога ме викна првиот пат на кафе после 20 мин ми пиша пак јас ќе излегувам и јас го прашвам каде на кафе ли? И он вика не, нема со кој, ако сакаш заедно ќе излеземе, и јас нормално го одбив ( немал со кој па ај со мене).
@Ecaecushka Не си го троши времето, бидејќи инаку само ќе бидеш placeholder. Move on, заслужуваш некој кој вистински ќе биде заинтересиран, кој нема да те поттикнува да го анализираш на форум, туку со кој ќе шетате и пиете кафе
Не, не е од заеднички од негови е , јас немам ништо против како што веќе кажав , жената е ок со мене , ама некако ми стана чудно за нова година телефон и купи (евтин беше не е нешто ) ајде си викам ок ,сега кола , за телефонот ништо не реков а тој ми префрла дека јас многу сум се мислела што и како сакам , глупаво ми е да му кажам дека ми смета ама ако продолжи би кажала , сепак жената раноти и има плата , да не работеше ајде некако ама па и тоа , за слушање не ја слуша мајка му ,еднаш ме има одбрането од неа што рече на шала нешто , ама ова со купувањево, не знам дали сум во право што се лутам , сакам каде што живеам да ми биде убаво и по мој вкус уредено на што тој се согласи ама 2.000е ќе ни сменеа многу да не речам пола дневна ако не и цела а сега што
Ништо. Собирајте пак и не се карајте. Ако и тие пари ги истроши на глупости, тогаш треба на подцрташ линија. Или па соберете, купи му ти на татко ти часовник и после види му ја реакцијата. Треба да се има слога во бракот, за да не биде после распад систем.
Јас мислам дека не е толку проблем што купил поклон на мајка му, повеќе е проблем што крие од тебе, трабало со тебе да разговара и да ти каже дека планира да купи кола на мајка му. Кажи му дека не ти е во ред да се кријат работи од тебе, се случило еднаш океј ама ако продолжи со истово значи не те почитува доволно.
@Winter-girl02 Јас тука гледам проблем што тој без да те извести земал од домашниот буџет. Тоа мене би ми засметало оти нели во брак сме, како негова сопруга треба да знам што планира. Да ти кажел дека планира да земе од тие пари да купи кола на мајка му сигурно и ти поинаку ќе си изреагирала. На твое место јас ќе седнам и ќе кажам, не е проблем што ја купи колата, проблем е што ти не си знаела. Не да се расправаш, туку да нагласиш.
Искрено на твое место да сум јас би му префрлила и би се налутила! Ајде телефон да и купи молам, се оправдува, ама кола? Треба прво преоритет да му е фамилијата и се што треба за дома да купува, а после да мисли да купува коли. Башка да не зборувам за тоа дека сокрил од тебе. Како вие во заедница, а он крие од тебе? Никако не го оправдувам тоа. Сега крие за едно, утре-задутре може за поголеми работи да сокрие.
Земи сега ти скриј си ја следната плата и барај он се да плати низ дома, и кога ќе те праша кај ти е платата, кажи дека цела ја имаш дадено на мајка ти оти и требало. Ако каже добро, чувај си го, а ако почне да фрла тантруми - заеби и дневна заеби и се, чувај си ги парите, оти маминото синче не се менува.
Па ти покажал дека сака да излезете на кафе, си го откачила, тоа е тоа. Ја сфатил пораката, затоа не пишува.
Не би се сложил, ако сака да излезе на кафе со нејзе ќе ја покани повеќе пати. А ако е тип што се откажува од едно "не" подобро не си губете време со такви
Тип треба да се откажи после едно „не“ зошто мојот мир е исто така значаен. „Не“ не значи „пробај пак“ или „пробај појако“ туку значи „остај ме на мира“. Маж шо после едно мое „не“ ми досадва пак не само шо нема да излезам со него туку веќе ми станва одбивен и добивам ''ick''. Ко да, очигледно дека не е презаинтересиран зошто бар за муабет ќе пишеше на членката ако беше заинтересиран сеуште, ама барем не е крипер.
Различни луѓе различно толкуваат што може да значи едно "не", но ти ако сакаш да кажеш "остај ме на мира" најубаво на seen остави го тој што ти досадува, ќе сфати
Секој треба да се откаже после едно не. Ако некој ми пише, ми се удвара и добил НЕ, значи е не. Крај приче. Нема молење, следење, упорност. Оти тие што се упорни и досадни ги викаме манијаци
"Не" значи Не. Ако не си спремен со некој баш тогаш да искочиш ќе кажеш "Денес не можам ќе се договориме за друг пат", а штом одбиваш нема молење и напнување.. Ако покажала ладен однос кон него нормално е да се повлече. Ако таа сакала молење и играње игри на почеток, јас ќе глумам недостижна а тој нека ме брка, нејзина е вината..
Чоечки е на некој да му кажиш директно да знај дека не бива, башка шо за просечен мањак ни seen не помага зошто за просечен мањаќ важи она „еби упорен“. „Не“ СЕКОГАШ значи не. То шо не можите да се носите со то е до вас. Одвратно.