Вие така ако правите, продолжете така да правите. Но не се однесувајте како да сте од друга планета дојдени, повеќето жени кажуваат "не" и продолжуваат да "пуштаат водичка" зашто нели убаво им е вниманието. Што впрочем и беше цитатот погоре од девојка која кажала не и се чуди зошто пак не ја вика типот на кафе. Убава ви вечер
"Не." е целосна реченица. Ставете си го тоа еднаш во главата машка. Тоа не е исто со "Не можам сега, но ќе се договориме". Не сте упорни, туку напорни. 2026 сме и некој уште мисли дека вака ќе е*а ако моли и препрашува покрај одбивање? Можи да проба слободно, но ќе оди на блок. Се гледа од почеток ако има взаемна заинтересираност, тогаш природно ќе си дојдат и кафиња и дејтови и сѐ, другото е сето само играње игри и удирање со глава во ѕид.
Не го одбив јас, ме праша дали сакам да излеземе на кафе и јас му кажав може, ќе се договориме. После 20 мин ми пишува пак вика јас излегувам и го прашувам каде на кафе ли? Вика не, немам со кој, ако сакаш заедно да излеземе, и јас му реков дека не можам баш сега. И толку беше муабетот. Инаку се јас прва му пишував ( 2 пати само пишавме до сега , инаку се знаеме на фаца во живо ) а тој мене ни еднаш, и затоа ми е малку глупо да го викнам, барем и тој еднаш прв да пише да покаже заинтересираност која очигледно ја нема.
Како што кажав и претходно, нема потреба никој да се моли, без разлика машко/женско. Доволно е што си пишала 2 пати до сега, некој ако сака ќе пиеше, очигледно не сака. Не си го губи времето чекајќи да ти пише и мислејќи дали е добро пак да пишеш, кога нема заинтересираност од двете страни џабе е..
Да знаеш дека те послушав , стигна сметка околу 7.000 за струја , му реков еве платија деновиве и да идеме завеси да купиме, најдов убави од Талија , ми рече ок ,ќе идеме и му реков , јас бирам ти плаќаш , овој месец планирам платата да ја оставам на страна може нешто на моите ќе им притреба и ми рече , добро може , малце се зачудев , очекував друга реакција , ама рече само ок може, да речеше поинаку е стварно ќе ми пукнеше филм!!!!
Здраво, што мислите дали е во ред женското да оди прво во градот на машкото за да се видат? Почнав да пишувам со едно машко, од различни градови сме. Далеку сме… тој прво рече не е проблем што е далеку, ќе дојдам ќе се видиме, но потоа ми рече јас да одам таму за да се видиме со изговор дека во неговиот град имало повеќе и поубави места за шетање… јас сакам и би отишла но малце ми е глупаво јас да одам прва за да се видиме. Ве молам за совет…
Како сакате, така. Никаде нема такво правило дека машко треба да дојде прво кај тебе. Не цепидлачете толку. Ако сакате да се видите, ќе се договорите и ќе се видите, ако ви се оди на поубаво место, ќе изберете поубаво. Толку.
Абе ти оди ако толку многу сакаш. За мене ќе си кажам, јас не би одела. Он е машкото, он треба да се потруди на почетокот.
@Herraa Според мене, Точно не постои строго правило дека едниот мора прв кај другиот. И не е проблем женското да оди ако тоа доаѓа од твоја желба, а не од тоа што тој се повлекол. Но, првично рекол дека тој ќе дојде. Односно, презел иницијатива, а сега го менува тоа без некоја конкретна причина. Ова испаѓа како вложува труд на зборови, а потоа се повлекува. Тоа дека кај него има поубави места е слаб аргумент, бидејќи за прв дејт важна си ти/вие да се запознаете, локацијата доаѓа на второ место. Ова повеќе личи како дека уште сега ти ги тестира границите колку ти ќе се прилагодиш, ем навреме да се навикнеш на minimal effort од неговата страна. Last, but not least, безбедноста. Да одиш во подалечен друг град кај машко кое не го познаваш не е најпаметна идеја
За тоа кој прв ќе оди зависи од годините. Девојка од 18-20 и нешто и жена од 30-35 и повеќе, не е исто. Претпоставувам си млада девојка па по мое мислење е дека не треба ти прва да отидеш. Уште поголем проблем е што не си стои на зборот. Не може еднаш да рече ќе дојдам па после да наоѓа изговори. На почеток ти дава јасни знаци, не ги игнорирај.
Ајде да го имаш запознаено па да отидеш, ама ако прв пат го запознаваш немој да идеш , нека дојде прво тој , тоа поубави места е многу глуп изговор , ваљда идеш на кафе да се запознаеш , што е важно местото
Скоро сите истото, прво викаат дека ќе дојдат и после дојди ти.. никој не сака да се замара и тоа е тоа… и мислам дека е точно тоа дека машкото треба да се потруди на почетокот. Па ќе одев и јас кај него некогаш, немаше да доаѓа само тој… но еве тој не сака ни на почеток воопшто да се потруди.
@Herraa И самата велиш се чувствуваш глупаво, а тоа е бидејќи одвнатре гласот ти вели дека постои дисбаланс и не е тоа, тоа. Ќе наиде тој што ќе се потруди, не се разочарувај, ниту пак си го троши времето на тие другите
Не е точно, ќе се најде некој кој сака и јас така размислував додека не најдов некој кој навистина се труди ,тешко се наоѓа, ама не треба да се губи надеж.