Мој совет да не одиш.Не дека е многу битно кој прв кај ќе појди.Ама прво од безбедносни причини затоа што ти си женско,што би барала во друг град сама,а не го познаваш.Второ мн му е глупав изговорот со поубави места,што се битни местата за прв состанок не одите на екскурзија па да посетувате места,на состанок сте за запознавање.
Да кажува некој што да правам со лично заработени пари без разлика дали станува збор за сопруг или сопруга и да ми прави притисоци е недозволиво нешто. Едно е договор, а друго е да му се наметнува некому нешто. Во тој случај може слободно да ја затвори вратата од другата страна и да не се враќа повеќе.
Каква флегма. Дојди ти пошто овде има 2 кафичи повеќе од тие кај тебе. Пошто на прв дејт тура низ град ќе правиме, знаменитости ќе ми покажува. Овој проблем и јас го имам, ги мрзи да запалат кола, пред зграда сакаат да им отидеш, паразити засмрдени.
Леле деца, за грев Абе у мое време по 7 километри спремни сме биле пешки да одиме, за љубоФ, што е ова денес-мрза царува
@Biljarkata Ма и денес пешки ќе тргне или на ролери - if he truly likes you. Ама додека да ја најдат таа која им се стварно свиѓа, редот е нели малку да го потрошат туѓото време на пропратните станици. Е сега каде успее - успее, вака како тој од погоре, некоја ќе му се нафати да вози до Аспен и да прави стој на раце, некоја не
@Herraa Мислев на него како за пример, дека често вака манипулираат со малку труд, не дека ти си се нафатила
За мене не е во ред, машкото треба да ги преземе првите чекори, да покаже интерес уште од сам старт, без разлика дали во твојот град има еден или два кафича, се договарате вие да се видите, а не на кафичите ревизија да правите.Јас имам отидено 6км за 5 мин да ја видам, буквално 5 мин, затоа што беше на раб и неможеше да искочи на подолго, значи идење/враќање 12км поминав за 5 мин гледање, ама ми е гајле, ако требаше и 50км ке отидев макар видам, гушнам, бацам, но секој со различни потреби и гледишта е.
Не. Тој треба прво да дојде, а не да те тера тебе да доаѓаш. Плус и посигурно би било за тебе како женско доколку тој дојде кај тебе, наместо ти да одиш во неговиот град. Така да, покани го ти да дојде тој кај тебе, наместо ти да одиш таму. Плус и не го знаеш човекот каков е. Едно е на социјални мрежи, друго е во живо.
Е, да бе и сега одма ќе се најдат самопрозвани , па што има врска , тоа е заостанато дека машко треба прво да иде итн итн
Поддржувам. Ееее, колку брачни партнери се искористени и меѓусебно се искористуваат! Силувани „духовно“, финансиски, итн., итн. На крајот од денот, па и без брак, секој е на некој начин искористен. Вака или така, затоа секој треба да се осети слободно и избира согласно своите (морални) принципи. Се осети ли измолзено, одма клоцата. Дури тивко, онака - преку ноќ.
2026 и морало само машкото да се труди. Прва отидов, ете 3 години сме заедно. Башка отидов прва бидејќи сакав да сменам средина и испадна преубаво, непланирано и пак би го сторила тоа. Бившите у мој случај шо доаѓале, врските оделе кон пропаст. Мене лично тоа ништо не ми менува.
Зависи, има исклучоци. Членката сама му пишала со што му дала до знаење дека е заинтересирана. Требало да проба пак, но очигледно и не е баш заинтересиран. Не е заинтересиран.
На страна тоа дали требало машкото или женското прво да отиде, нема правила, кој како сака. Тука проблемот е што типот не си стоел на збор, мења планови, еднаш ќе дојдам, па не доаѓам, па дојди ти.. И кој е жити се муабетов дека повеќе кафичи имало кај него? Што ми е гајле за кафичите, идеш на дејт, да се запознаеш со човекот, не идеш на екскурзија знаменитости да разгледуваш, ко што пиша некој погоре. Чим не можете за едно кафе да се договорите, што останало понатака... Работата е дали и колку си заинтересиран, ако не те интересира некој, ќе бараш вакви банални изговори и ќе те мрзи до Центар да отидеш, а не па до друг град/држава. @Herraa да не ме сфатиш погрешно, ти ако сакаш иди, твое си е, ама мене муабетов за кафичите ми е баш безвезе, баш глуп изговор му е тоа.