Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Најдобриот другар против мене..

    Штом цело лето сте биле заедно, кафиња, мафиња... тогаш сигурно се родило љубов од негова страна. Не сигурно, 100%.. обично е така. Јас имам 500 примери такви, мои другари, другарки.
    Ако не било така, немало вака љубоморно да те чува :)
     
    На marchy15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Да не одолговлекувам многу, многу, се согласувам со коментарите на девојките над мене.
    Дефинитивно станува збор за љубов. Но има и некој мал процент да е премногу зближен со тебе и од што се грижи за тебе премногу те штити од секое машко.. Нешто у тој стил. Е сега за жал ти преостанува да разговараш со него доколку продолжи со (според тебе) чудното однесување.
     
    На marchy15 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    несакам да станам досадна но морам ...
    ви пишав пред неколку недели за мојот проблем со дечкото што е постар од мене 6 год. Јас решив да се мувам со него и се мував..одтогаш се е убаво.Прекрасно ни е заедно значии ништо не се смени сеуште ме разнежнува со неговите зборови по 100 пати на ден ми врти ...и сака да поминуваме повеќе време заедно.Зборувавме и за односи и ми рече дека сеуште сум мала и дека не планира ништо (што мене многу ме израдува).Kога сме заедно се галиме ( не на голо).Jас му реков оваа меѓу нас да остане тајна.Се видуваме скоро секој ден ,убаво ни е заедно,но :!: тој ништо не спомнува за во иднина,а јас незнам ни како да го наречам тоа "другарување" со него..Сакам да ве прашам како да започнам и како да го прашам.Јас не дека сакам врска,но сакам да знам на што сум и дали ке останеме само на мување додека не ни досади или ке има нешто повеќе меѓу нас или незнам ни јас самата само сакам да знам што понатаму..но Незнам како да почнам и со кои зборови да го прашам.И не сакам да излезе дека очајно сакам да сум со него и дека очајно сакам да бидеме заедно..сакам само опуштено да го прашам ...и да излезе онака ко на шала :wasntme: :?: :$
     
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Па можеш да го прашаш едноставно Каде води сево ова...Дали ке биди нешто понтака или ке остане само на мување.Во зависно од разговорот ке му кажеш што те мачи тебе и што чуствуваш ти за сето тоа.А нигде не спомна дали го сакаш,чуствуваш нешто кон него.Ако е само на свиѓање вероватно и ти би сакала да остане само на мување.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Лорита а зошто воопшто да ми спомнуваш и да го прашуваш нешто?
    Па можеби и тој незнае каде води тоа, а може и не води никаде. Бидете спонтани видете како ќе ви биде понтака, зашто уште од сега да мислиште, ако ви е убаво така така терајте, времето ќе покаже на што сте.
    Јасно ми е, жени сме, се сакаме да се знае, сега се муваме, сега сме дечко и дејка итн... плус ти си му рекла да остане тајна... тогаш што очекуваш, тој на 22 год. да си игра криенка м?
    Мој совет е да ги оставиш работите сами по себе да си течат, и чекај на него да видиш прво колку е сериозен спрема тебе, затоа што дечко на 22 год. мене не ми се верува да чека долго за сексуални односи, може ќе почне да те притиска кај и да е, биди си внимателна и не се залетувај многу.
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Луге јас станав досадна на темата ама мора итно да добијам совет.Овој пат не се работи за мене туку за мој пријател.
    Значи типчево очајно да фати девојка,колку и да му имам кажано дека е погрешен пристапот тој упорно вели дека не е :fubar: вели дека сите гледале убавина и пари а не карактер.Колку и да се трудам да му објаснам дека не се сите такви не успевам.
    И случајно фака една девојка,а таа го врти како ке посака.Му делам совети како да постапи со нејзе
    типкава го заебала за излегување а на крај сепак се се виделе само на едно кафе и после 15 минути си заминала со другарките и му рекла чао ке ти се јавам јас тебе ама малку подалеку од мојата кука на живеење.
    Упорно му велам да и се јави и да ја откачи а тој упорно вели дека не сака да се понижува.Мисли дека сум во грешка.
    Му велам дека е подобро да биде сам отколку со девојка која го лаже и врте околу малото прсте.Не сакам да се мешам во неговите работи ама навистина се нервирам гледајки го вака разочаран.

    Иако знае дека го лаже упорно е во контакт со нејзе бидејки не можел да најде замена.
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Pelikuna не мислиш дека доволно имаш сторено ? Твојата задача како другарка си ја исполнила и те како :!:
    Пошто гледаш дека нема шанси да направи нешто,остај го со тек на време ке сфати самиот. А вака можеш само да го изгубиш, ке помисли ете љубоморна си му или нз шо и ке ти се сакра а после на крај и да увиди дека грешел 50 50 е дали ке дојде и ке ја признае грешката.
    Не се оддалечувај од него, само остани на страна во случај да падне да му подадеш рака.. А чим решил да оди нека оди ;)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sidny

    Sidny Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ве молам за мислење или совет.. :((

    Имам врска од 8 месеци. Со дечкото се запознавме на необичен начин, уште од првиот ден знаев дека ќе се случи голема љубов. Се почна да оди сјајно, како во бајките, ништо поубаво ми се немало случено во мојот живот. Премногу се вљубивме еден во друг..
    Ова е врска полна со искреност и доверба, без изневерување или лажење.
    ... Мајка ми и брат ми знаеа уште од почетокот дека сум со него и тие имаа најдобро мислење за него, но подоцна дозна и татко ми за врската. Уште од старт не ја одобри бидејќи дечкото не живее во мојот град. Покрај таа причина, не му се допаѓа и неговата моментална работа.
    Прави свирки низ градовите во МК, а најмногу во неговиот град. Меѓудругото тој не сака да продолжи со таа работа туку бара работа за професор по музичко.
    Значи проблемот е во тоа што на МОИТЕ РОДИТЕЛИ не им се допаѓа тоа што мојот дечко живее на само 30 км од мене и дека ја работи таа работа.
    Демек: -'' Знаеме од таа работа какви луѓе излегуваат на крај. Цело време се во контакт со многу личности и женски и дека има многу прилики за неверство. ''
    ... Каква глупост, не можам да поверувам и тоа од страна на МОИТЕ РОДИТЕЛИ !!
    Многу сум разочарана од нивната постапка и размислување и покрај тоа што гледаат колку јас страдам и сум несреќна. Свесни се дека многу се сакаме и дека така само можат да ме изгубат.
    Ве молам за било каков совет или ваше раззмислување..
     
  9. Sidny

    Sidny Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Значи ве замолив за било каков совет или ваше размислување..
    ПОТРЕБНО МИ Е НЕЧИЕ МИСЛЕЊЕ .. :(((
     
  10. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Си пробала дома да им објасниш дека ти него го сакаш,дека му веруваш и дека ти значи.Пробај да му објасниш на брат ти,разговарај отворено со татко ти.Според мене ништо не е срамно доколку има дечкоти има свирки и живее во друг град.
     
  11. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    Јас тоа повеќе би го нарекла претерана грижа за детето од колку дека сакаат да страдаш!
    На секој родител среќата на своето дете му е на прво место! Затоашто се скептици во врска со неговата работа и сметаат дека не би можел така финансиски да се одржува а уште помалку и тебе да те обезбеди ти наметнуваат таков став.
    Мислам дека нај убаво би било да ги седнеш двајцата и да им кажеш се. Да им објасниш дека има љубов помеѓу вас, имате одлична врска, навистина ти се допаѓа ова момче и дека сакаш да ја имаш нивната подршка. :)
     
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Како начин на размислување од страна на твоите родители, тоа и не е баш...тотална глупост. Сепак држи вода тоа дека со зголемената фреквенција на луѓе, посебно на девојки, може да му се спопикаат или тој да засвиѓа, или на журка под алкохол да му се видат некои идеи добри...

    Нели тоа се зависи од карактерот. Мене повеќе ми се чини дека твоите го дудлаат поради разлика во години perhaps? Или можеби со твоите 20 години сметаат дека ти е прерано да се залетуваш до толку, да се посветуваш и колнеш во љубов на далечина...можеби сакаат да те видат по безгрижна...

    Ама во секој случај, не им е место да се мешаат до тој степен. Најмногу што можат да направат е да те посоветуваат и да дозволат ти да си носиш одлуки и да научиш да живееш со последиците од тие одлуки, бидејќи само така се созрева.

    Мој совет, спротивстави се. Со твоите 20 години верувам, твојот глас важи за нешто во твоето семејство.
     
    На Sidny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bube.bt

    Bube.bt Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Мислите ми се окупирани со друг!

    Имам долга врска. Преубав период во животот, поминат со по мене, сродната душа за мене!
    Но, во цела таа идила што се однесува до мојот љубовен живот, се појави тип кој страшно ме привлекува (иако нема некои значајни особини што би го направиле поквалитетен и воопшто посоодветен од тоа што е мојот дечко за мене).
    Комуникацијата со типот ми се сведува на тоа да го видам со друштво во град, на неговото работно место (божем купувам нешто од местото каде работи), и уште на чет на ФБ...е тоа трае со часови :$ .И дотука е. Ги одбивам сите негови покани за на заеднички кафе муабет, зашто се плашам од ризикот-што би се случило доколку би биле заедно и насамо...А ваму, се поизвесно ми делува дека како и да е ќе завршам со него за скоро и ќе го направам тоа што толку го избегнувам-да бидам интимна со него!
    Ме мачат многу работи...најмногу воздржувањето од средба со типот, загриженоста зошто не ми излегува од глава, и размислувањето зошто воопшто ми се случува ова кога имам прекрасна врска со дечко ми-полна со љубов, разбирање, одлична заемна комуникација, и мошне важното во врската совршен интимен живот.

    Помагајте :worried:
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Мислите ми се окупирани со друг!

    Па не си ја ризикувај врската заради моментална страст, која верувај дека ќе помине набрзо. Не вреди едноставно, штом во врската со дечко ти имате љубов и разбирање, продолжи си со него.
    Таква авантура може многу скапо да те чини, ќе го изгубиш дечко ти, па верувај дека ќе се каеш што си ја уништила врската заради нешто што не е ни одблизу толку вредно.
    Едноставно не оди на местата каде што е тој, не поминувај толку време во разговори со него и ќе ти помине...
     
    На Bube.bt му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Мене ми личи дека твојата врска згаснува и тоа од твоја страна.Твојот дечко не би го повредила, но си посакала секс со друга личност.
    Девојче убаво, ти твојот дечко го сакаш како личност низ спомените кои ги имате поминати заедно, го сакаш како најдобар пријател, но не и како љубовник.Едноставно вашата врска прераснала во навика. Ова би требало да ти биде добар знак дека дечко ти не е оној вистинскиот за тебе, бидејќи си почувствувала привлечност кон некој друг.
    Врската со дечко ти не е идеална, кога би била, ти не би го поставила ова прашање во оваа тема.
    Дури се сомневам и дали вистински го сакаш- повеќе ме наведува да мислам дека ти одговара сигурноста што тој ти ја пружа и се она што го имаш изградено со него, меѓутоа улога игра и стравот дека ако го оставиш,а врската со новиов не ти успее, ќе немаш каде да се вратиш.Ама седењето на две столици,најчесто се завршува со ненадеен, но болен пад.
    Си доживеала ново чувство кон некој друг, силна страст, така да враќањето назад и задржувањето со сегашниов дечко би ти бил вистински мазохизам, па можеби и садизам.
    Според бојата на твојот пост, тој нов тип е само катализатор на нешто што веќе подолго време се подготвувало во вашата врска или едноставно чучело во тебе и го чекало вистинскиот момент да избие на површина.
     
    На mims-89 и EleMental им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ако имаш прилика, без да си направиш проблеми со дечкото, излези со новиот тип на кафе...направи муабет барем 15 мин. во живо па после проценувај дали вреди или не, и дали воопшто ќе сакаш да имаш нешто со него...Фб, чат, повремени тајни погледи дури се разминувате, знам дека звучи магично, таинствено и по малку опасно, но седни на денска светлина, разговарај, и види дали магијата сеуште ќе трае...
     
    На Bube.bt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Затоа што те копка, те чешка, те боцкаааа

    "Еве овој не е ништо подобар од мојот дечко, што ме обожава бај д веј, така мал занемарлив факт, но како би било да го почувствувам овој другиот внатре во мене, ааууу... "

    Како и да го замислуваш, го замислуваш како многу јак филинг нели?

    Ете тоа е тоа. Не е филозофија и нема потреба од анализи и дробење. Едноставно..БИ БИЛО НОВО.

    Еј уште ова ми текна, во одбрана на машкиот ми род, со векови наназад напатен, критикуван и плукан за својата површност и дебилизам...пошто нели вараат и уништуваат бракови дрн дрн..

    А дали имаме ние тука пример на девојка која би ја прокоцкала сродната душа во животот за да искуси нов....ахмм, ај да не го пишеме?

    Да, да, имаме. Машки роде, официјално сме слободни!! :rock:
     
  18. Sidny

    Sidny Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    EleMental зарем ќе барав ваш совет ако можев да им се спротивставам на моите ?!
    Да не бев толоку сигурна во мојот дечко воопшто немаше ни да се трудам, знам дека тој не би направил нешто такво. А сосема се во право, а и ти, дека може да се случи нешто.
    Го познавам доволно мојот дечко, вљубени сме еден во друг, не би дозволиле ништо да не раздели, но од друга страна тешко ми е да навлегувам во конфликти со моите дома или да ги гледам ''разочарани''.
    Всушност тие гледаат дека јас сум впуштена во една сериозна врска, на која не и се гледа крајот и си мислат дека ќе ме изгубат прерано и дека можеби подоцна и ќе се покајам, а и покрај тоа сакаат прво да го довршам факултетот па потоа да размислувам за љубов. Но јас знам и свесна сум дека еднаш се сака вистински и дека ако го испуштам овој дечко не ќе можам повторно да засакам.
    И да напоменам дека сме 2 год. разлика, ништо повеќе ..
    Ти благодарам на искрениот совет EleMental
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thelittlemermaid15

    thelittlemermaid15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    луѓее можее помош?!?
    вака ... се смував со мојот најдобар другар кој ми беше како брат цели 5 години и пред некој ден незнам што се случи али едноставно се смувавме а тука имаше и нешто повеќе од мување и проблемот е во тоа што тој има женска скоро 2 години и ја му давав совети за многу работи околу врската а и на некој начин се здружив со девојка му...
    Многу глупаво се чувствувам и незнам што да правам за понатаму. Сакам да прекинам со тоа затоа што не сакам да го изгубам како другар а од друга страна пак, сакам да продолжам зашто ми беше многуу убаво.
    Некој совет?!
     
  20. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    па добро нема зошто да го сфаќаш тоа толку трагично мислам не е крај на светов така? ;) е сега зависи од тоа колку работата била сериозна мислам дали сте имале секс??или бил тоа најобичен тинејџерски бакнеж? ако било првото види со тек на време како он реагира на тебе....а ако било второто не е ништо страшно и озбилно(ама ти и самата рече дека било повеќе така?? ништо јас мислам да оставиш веремто да ти покаже што треба а што не треба...не брзај со брзи одлуки ;)