Проблем ќе биде ако само едниот постојано у тој случај женското оди, не и тој. Инаку у љубовта, врските, пријателството треба двонасочно 50:50 не 70 : 30
Секој си знае за себе, јас никогаш така не гледам на работите во врска или во пријателството, јас ти сега заѕвонив или дојдев па сега ти си на ред, ако сакам некој да видам му ѕвонам, ако некој сака да те види ќе ти ѕвони нема да чека ти да го бараш.
Читај назад Или тешко е? Се согласувам со последното. Но јас секогаш сум била иницијатор во пријателство, сум давала се од себе, за возврат само трошки. Престанав да бидам иницијатор, погоди што се случи?
Шо не е јасно? Нема да и падне круната на девојчето ако отиде и таа прва, тука нема ништо лошо, проблем е ако само таа оди кај него, а не и тој кај неа. Што значи тоа? Дека само едниот се труди, не е взаемно, само едниот вложува. Појасно?
Да иде прва кај машко за кое што до вчера не знаела дека постои ? Знаете вие во какво време живееме и колку може да се верува на некој по соц мрежи ? Која наивност......и ,да машко е тој што треба прв да дојде, не ќе изиграваме и мажи и жени ,Бог да чува веќе Мхм да , така е, еве ќе му отидам во градот да го запознаам, да платам ручек и кафе и после ако се е ок , ќе го прашам кога повторно ќе може да дојдам да се видиме
Немој да идеш круната ќе ти падне, па уште и ручек и кафе да платеш е тогаш сигурно ти паѓа круната готово.
Мислењето е доказ дека if you are his dream girl, апсолутно можат сè. Ова со паѓањето круна како и многу други работи, им го велат на девојките кои не им се допаѓаат. Pretty simple
Точно ! Ама не треба да се биде толку буквалиста , треба да има некој ред најверојатно а не се да е , ај што има врска , јас со таков што ќе ми рече да идам кај него на незапознаено , не би ни продолжила комуникација ама сите сме различни така да , ниту твоето не значи дека е исправно толку да набедуваш како немало врска.
Уел.. сум направила многу повеќе од одење во друг град за машко. Не дека се каам, ми беше многу добро тогашно искуство и за мене лично, но from this pov не би препорачала девојката да прави се за да оди прва. Ако на машко навистина, ама навистина му се допаѓаш, ќе направи се за да ти е удобно тебе, а тоа е пред се да направи се за да дојди кај тебе. Добар пример е мислењето погоре, а кога некој не е доволно заинтересиран ќе најди 101 изговор и ќе ти префрла тебе демек ништо нема да ти фали да му појдиш. Освен во ептен ретки исклучоци како, рецимо, ако живее во друга држава и му треба виза и се чека подолго, тоа не е сепак од глумење лудило, но и во тој случај девојката треба да се осигура дека можи безбедно да појди и да престојува... Се друго е изговор од негова страна и/или незаинтересираност, „ако биди ќе биди ако не гајле ми е“ менталитет.
Јас бев се договорила со еден да идеме на прв дејт, и ми вика ај дојди земи ме од кај бензинската и ќе одиме..... и реков важи и не отидов. После разбрав од другар му дека си чекал он на бензинската.... Е извини друже, ама ако треба и да те зимам, тогаш ќе треба и да те ебам
Види, ако сака нешто да и направи,ќе и направи порано или подоцна. Без разлика дали и тој би одел само кај неа. Секој може да ти направи нешто, и другар, и другарка и личност што си ја познавал цел живот. Мене круната не ми падна што отидов кај него. Има многу што глумат хард ту гет додека другата страна не се откаже па после глумат врло изненаџени. Не ми се верува дека овој муабет се прави во 2026, кој прв треба да пишува, кој прв да оди кај другиов. Ако и двајцата се заинтересирани треба да се договорат. Лошо ќе биде ако само едниот оди кај другиот, а другиот не мрда со прст и чека сервирано на тацна без разлика за кој пол се работи. Тури пепел ако мислиш дека особата ќе ти направи нешто, ај ако не, си никого нема да контактираме, ќе бришаме соц.мрежи оти не знаеш од каде ти иде опасноста, инаку погоди што, и на форумов има манијаци. Не можам да се објаснувам повеќе, правете како сакате и мислете дека треба.
Па не треба да се објаснуваш и онака реков дека сите сме различни и различно размислуваме ама погрешно е да убедуваш дека твоето е исправно а другото не е , ајде ако не нека не важи ниту еден закон пошто што има да постојат закони , нека прави кој како што ќе му текне бидејќи е 21 век и 2026г , дечково не е сериозен , сериозен дечко стои на зборот а не така , ќе дојдам па после менува муабети и она треба да иде затоа што тој смислил глуп изговор, чудно малце ,како и да е...