Општина е пример за клати врата земи плата , уште нозе на маса да опрчат и нема грешка , познаничка излегуваше во сред раб време ручек да направи дома и се враќаше , значи тој штом е во општина има јаки врски а секој оној кој има врски ќе ги искористи , секако дека нема ти да ја оправиш државата нажалост. Зашто не го прашаш ако има оглас некаде да аплицираш и да види тој што може ? Сега е период на огласи нова година и буџет , да те одбие за тоа , да те сфатам си се налутила ама ти овде никаде не напиша дека си го прашала и те избегнал а тоа да се зависи од дечко мислам имаше таква тема , не дозволувајте такво нешто , здрави прави, сепак мое мислење
Нема ништо поубаво од фактот дека сите победи и успеси во животот си ги направила со својта мака, пот и труд!
Е што сам кога сите чекаме некој да не вработи , отвори бизнис ако треба да е свој труд , членката кажа дека и е тешко приватно
7 години ми фукционира бизнисот, не чекам некој друг да ми помогне. Да плукнам во живот кога ќе дојде ред да молам за работа! Пред време се договорени огласите, никој не пушта оглас во државно, ако пред време не се знае кој ќе биде вработен на тоа место, да не се лажеме.
Не сакам ништо на лепе очи ,јас работам од свои 18г тешка физичка работа и здосадено ми е веќе , тој самиот рече дека на многу им помагал за работа а сега мене ми вика на рецепција да сум одела
Супер за тебе , ама штом викаш дека работиш приватно и имаш сопствен бизнис, не знам од каде ти е таа сигурност дека во државно прво вработуваат па пуштаат оглас , тоа му го кажуваш на некој вработен во државно ,јас кога аплицирав државно полагав прашања ок? И ,да преку врски сум ,ама учев полагав , положив и ме примија , на пуштен оглас замисли ...
Да 2 фаза од селекција полагаш прашања, а 3 фаза на интервјуто не се даваат бодови највеќе за тој што е наменет огласот или така се случајно вработувањата во државно
Ептен увреџена ти. Ако не те пикне кај него во општина, мислам дека треба сериозно да разговараш со него и да го прашаш што е со однесувањево. Ако и даље нема разбирање, тогаш брејкап.
Претеруваш. Почекај до утре да се смириш, размисли се што ти кажал дали пак ќе ти се качи притисокот. А и тоа тој да ти најде работа... размисли дали сакаш таква помош, дали е некој што ќе те потсетува цело време на тоа (погрубо кажано ќе ти го вади тоа низ нос)
@Anonimnna5 Според мене, He ain't the one Не поради тоа што магично не те сместил во општината и тебе, туку начинот на кој нема емпатија за тебе и природно не чувствува потреба да ти помогне и да те заштити. Дури да речеме дека само си се пожалила на лош работен ден. Ти го обезвреднува досегашниот труд, ја минимизира тежината на работата, а како за вработен во општина, не е тој адекватниот да држи лекции за труд. Тоа што веќе не се чувствуваш исто, убаво и сигурно е твојот инстинкт кој не треба да го занемаруваш. Можеш да седнеш и смирно да објасниш што те мачи. Но, мораш и да се запрашаш дали вака го замислуваш твојот иден сопруг?
Ајде кажи дека не е така, прва фаза дали се документите во ред и најдобрите 10 кандидати одат во 2 фаза, 2 фаза полагање на испит на македонски и англиски дел, најдобрите 5 одат во 3 фаза и 3 фаза интервју каде од институцијата за каде што е огласот и на секој од кандидатите даваат од 0 до 20 бода, да не се лажеме дека не оди со амин од партија може?
Ај важи не е така Преку агенцијата за вработување со оглас, со договор на определно може да примаат? Или и кога пуштаат оглас и од таму не се знае за кој, туку случајно изберат кој да работе Или во пиом како што зимаат итно и неодложно, без оглас и таму случајно се јават на некој да почне, без да биде договорено претходно?
Не знам за таму, јас во институција која не е од агенцијата аплицирав , ниту некој ми даде одредени прашања кои ќе се паднат ,ама решени ми ги дале тоа да , ама ги учев и положив така да не сум оставила документи само и ме примиле , се забега од темата , мисли како сакаш, ама дека примаат па пуштаат оглас , не е точно !
Ај тоа, ама замисли да дојде ред да ти каже, леле колку сум уморен, тешко ми е бла бла, верувам дека ќе го истепаш, квалитетно и тоа