Да тоа е така се паѓаат одредени прашања во 2 фаза, а во трета фаза на интервју кога ти беше, како идат процедурите тука не се штима за кој е огласот или понатаму ќе се правиме мутави како иде процедурата за во државно?
Може на некој друг да кажуваш, на мене не, дека не си била на интревју а си почнала на работа и дека селекцијата завршила во 2 фаза без 3 фаза од интервју! Добра ноќ
Ај доста си играте Том и Џери, на сите ни е познато како се прима на државно, точка. Може некогаш да има исклучоци, не викам не и можеби Франца е токму таков исклучок иако си кажа дека имала врски така да тоа е тоа. Битно си оди на работа си заработува и тоа е тоа, за разлика од многу и вмроони и комуњари кои ги знам не стапнале на работа со месеци а земаат плата, ај у курац сменете тема.
Се разочарав, очекував дека ќе ми предложи нешто, а не да ми рече да живееме заедно и он да работел јас да не работам или рецепционерка било лесно , еве не знам, вака не можам да се пожалам ок се однесува со мене ама после ова , некако како да изгубив доверба не знам,а што е најлошото самиот кажуваше дека им помагал на други за работа а мене овде ми предлага рецепционерка!
@Anonimnna5 Подобро да се разочараш навреме, отколку отпосле во брак со деца. Look on the bright side, не си го игнорирај внатрешниот глас
Mene ne mi e jasno zaso e deckoto kriv u slucajov koga em ne go prasala da I sredi, ruku normalno, SE ocekuva da znae on ona sto Saka, em I rekol da si raboti nesto lesno, da ziveat zaedno I deka negovite pari ke bidat zaednicki. Patem, daj I mene nek mi sredi nekoj za rabota
Ти понудил лесна работа, ако сакаш ти нешто повеќе побарај му, види што ќе ти каже. Можеби не може да ти ги чита мислите да знае дека не сакаш на рецепција да работиш.
Може само се прави важен демек моќен па средил на овој на оној а да нема врска тоа. Може стварно да не може да те пикне инаку ако стварно те сака сигурно ќе ти понудел досега штом е моќен како што се пофалил. Најарно, директно му кажи, ако може да ти заврши работа арно ако не, па и рецепција не е тешка работа воопшто, единствено што е во смени...
Не е дека не и средува. Не осетив емпатија во начинот на кој и се обраќа. Понатаму ќе се влоши. Раскини.
@Anonimnna5 никогаш не очекувам друг да ми помогне и да ме вработи, макар и дечко да ми е, не сакам после сето тоа да ми биде набивано на нос. Односот негов кон тебе е лош, тоа е најголемиот проблем што треба да те загрижува, а работа подобра или полесна фала богу ќе најдеш. Размисли дали сакаш иднина со таков човек. Не ти велам да раскинеш пред да разговараш со него за тоа. Јас имам лекција од моите уште од тинејџерски години и ден денес гледам да ја користам: Никој никогаш не моли за ништо, и не е тој некој повеќе од тебе да го молиш.
А ти какво образование имаш?И каде би сакала да работиш?и дали навистина има тој моќ да те вработи?Им помогнал на други-знаеш такви и каде се вработени истите?
Си работела и ти, зошто си дала отказ, ако мислиш дека е лесно да работиш државна работа? Дечкото убаво ти кажал, тоа што нема емпатија спрема тебе е најлошото во ситуацијава, ама ти понудил некое решение.. мислам дека претеруваш, и дали е ова вистина или тролање, прашање е сега?!
На лошо место бев ставена што дека беше државно , повеќето даваа отказ не само јас !!! Добро како и да е фала на сите , има разлика од институција до институција и баш дека имам работено знам дека може да ми среди за полесно ама не ми се понуди !
Ти благодарам... Имам факултет ако прашуваш за тоа , ете и членката @franca кажа дека општина е најлесно ама најтешко се влегува ,а тој требаше да ми понуди решение с не така да ми каже од тоа се разочарав од начинот , не знам дали ме сфаќате
А ти што имаш да кажеш на тоа што ти рекол тој да работи ти да не работиш и да живеете заедно ? Ова не е лошо , не знам зашто доби коментари да раскинеш ,доколку вака ти рекол , не ми делува на некој безчуствителен
Што е тоа магично што треба да ти го предложи? Да те запише на факултет и да смениш струка? Да те пикне во партија? Да направи магија да влезеш во професија за која не си квалификувана? Некогаш кога се бара совет, треба да знаеш што бараш. Ти во случајов не знаеш. Дечко ти не може да биде одговорен за твојата иднина и твојот пат, освен да те издржува - што веќе ти предложил. Другото е твоја борба, ти треба да вложиш во себе си и во твојот напредок. Ако сакаш на готово некоја работа колку да се каже дека нешто правиш во животот, па кажи му подиректо што сакаш да ти среди.
Ау, можам само да замислам какви ќе беа коментарите ако беше обратна ситуација. Замисли возрасен способен маж се жали дека девојка му неќе да му помогне за работа. Црвен картон нели? Исто и тука.