Јас стварно не те сфаќам Ко ти го кажа тоа ти личеше дека кур го боли за тебе и твојата иднина или? Као ладно, нападно или не го ни сфати сериозно муабетов? Мислам сепак кажал Ако сакаш да живеете заедно, тој ќе те издржува - и тоа не ти одговара. Објасни му шо конкретно бараш од дечково? Сакаш да те акне у општина. Седни кажи му вака и вака можеш ли да направиш нешо ко шо праиш за сите или не? И тоа е тоа. Натаму шо знаеш, прај си.
Колку сувопарно размислување. Све у крајности или е црно или е бело за вас. Па дечко и девојка се, нормално дека ќе очекува да и помогне. И ја би се налутила, на други помага (да остави добар впечаток) на девојкава своја не помага, ми мириса на нарцис.
Советиве тука се во стил: Не клекна на колена и не те праша дали утре сакаш да бидеш нов градоначалник на градот? НАРЦИС. Исфрли го со се партали и пријави го во полиција. Некогаш у животот треба да се биде реален сам со себе и со другите, на пример дека ако сакаш да скролаш тикток на работа сосема е океј да прифатиш да работиш на рецепција.
Ете тоа што го реков идење у крајност. Градоначалник тражела, кај спомна она такви крајности? Па да го пријавела у полиција Божее, како сфаќате се наопаку. Она кажува дека е вредна и работела и физичка работа сега испаѓа сакала да скрола на тик ток. Океј. Очигледно девојката се чувствува изневерено од односот спрема неа, на други помага н неа не и ни понудил тоа што им нудел на другите.
Па добро, што и фали на работата на рецепција? Ете полесно е тоа од физичка работа во приватна фирма. Само така се спомна темава или седнавте сериозно да разговарате? @Anonimnna5 Тој ти понудил решенија, ако сакаш нешто повеќе, отвори ја темава со него и кажи му.
Баш. Мене дечкото сосем ок ми стои, и понудил работа, и понудил живеење заедно, издржување..... мислам, шо сака повеќе од тоа? И шо има погрешно во тоа? Ама она сака да ја стаат на некоја фотељја, затоа и не и чини. Неможам да ги разберам овде. Овие биле ред флегс. А замисли да и кажал, ајде мори шо има јас на тебе да те вработувам, снаоѓај се, шо има да живееме заедно поарно да те влечам 10г натаму наваму и кафето ти да си го плаќаш..... Тие зелени знаменца ли ќе беа?
А има нешто што тебе не ти е тешко да работиш? За секоја работа - и сегашна, и претходна и потенцијална - наоѓаш маани и велиш како тоа е многу тешко за тебе. И наместо да се сама потрудиш да најдеш нешто што ќе ти одговара, сакаш се да ти е сервирано на тацна. Ај залепи си шамар.
Ама стварно изгледа мислите дека секој што работи на таква позиција е бог и батина таму. Он може да праша, да предложи ама сигурно и над него некој го контролира и ако од горе немаат потреба од вработен - просто нема да вработат. И тоа е. Еве сериозно кажете, како да ја пикне ако тие над него не сакаат? Да ги моли, да им стави нож под грло, да се кара?
Кај нас тешко е за наоѓање соодветна работа, сега ако има можност да и помогне да се вработи кај што сака таа, не е во ред да не и помогне, а на многу други помогнал. Не е должен дечкото да и најде работа ама ако има можнас да и помогне зошто да не и помогне? Плус колку и банално да му изгледа не е во ред да ја остава да се нервира и треба да и биде подршка, а не да каже "не работи ако не ти се допаѓа", никој не треба работи работа што не му одговора..
Требало, а дали можел во моментот да ти понуди решение.Сите имаат факултет сега,се знае што треба за државна работа.Секоја чест на исклучоците.Бори се сама,тој ти е дечко,да треба да те поддржи и да помогне Ако може.Останатото е на тебе
Од коа тоа дечко/девојка се дужни да ве вработуваат и издржуваат бе? Добро шо се замишљате вие, нормални сте? Ова не да мириса ова смрди на ред флегс, али од твоја страна, сакаш да го искористиш, ќе си се пикнеш на државна цицка и моеш чао да му речеш без проблем? Не сте нормални.
Ќе се вработиш, ќе се наместиш на позиција, нешо да згусти би го шутнала.. Види, не знам дали озбилно пишуваш или тролаш, но знај дека е претерано ова шо го бараш од него. Секој треба да си се труди за себе сам. Ни родителите немаат должност, камо ли партнер за ова.
Па уште и рекол ти седи дома ја ќе работам, вие не би се навредиле така да ви каже? И кажувате ко мало дете да е, бори се сама демек она не знае, упорно кажува од односот дека се разочарала.
А ние таму бевме кога разговараа и на што се должело таков одговор,НЕ!.И понудил опција ако и е тешко на моменталната работа.Овде има само една страна Нејзината
Јас мислам дека вие сте толку многу навикнати на тоа мажите да ве третираат како нивни мајки ( и да работите, и кафе сами да си плаќате, и деца да раѓате и сами да си ги гледате, и се да перете и чистите по дома, абе се се сами) шо секој шо ќе ви покаже малку љубезност или ќе ви даде подршка, одма го сфаќате негативно. Човекот и понудил работа, и понудил АКО САКА (значи не и ставил нож на грло) да живеат заедно и АКО САКА ДА НЕ РАБОТИ ( пошо ја гледа дека ниедна работа не и чини) и он ќе ја издржува. Значи и дал ИЗБОР , а вие тоа негативно го сфаќате. Ред флег било. Не луѓенца мои, ред флег е да ја отера у тристе пичке материне и да и каже да се снаоѓа сама и да не и даде апсолутно никаков избор, да и каже има да одиш на работа како знаеш и умееш и да се гушиш таму од хемиите. Ама за жал, тоа за вас е прав маж. И после се чудите зошто браковите не ви чинат.