Да, даваме совети на основа на тоа што таа го пишала и ќе веруваме дека е така, дали лаже или не никој не знае.. Пак ќе кажам ако има веќе можност да и помогне да ја работи работата што ја сака треба да и помогне, а не да и кажува "не работи ако моменталната работа не ти се допаѓа". На половина од тука некој друг ви има помогнато да најдете работа, и не сте вие виновни што ни е таква државата.. И јас сум влегувал на работа преку другари додека бев студент и за сегашната работа дедо ми ми помогна, ме предложи таму.. Ако ти помогне некој да најдеш работа не зависиш од него.
Ама она не кажува шо сака да работи, и не му кажала на него . Плус, не е он главен таму па за да може да и понуди фотељја, има и над него луѓе, ете толку можел човекот. На неа не и чини тоа, па и крив го ваѓа одозгоре
Јас лично немав кој да ми помогне ниту бев во партија,ниту родители ниту дечко.Завршен факултет,средно стручно.Имав работа ама не по струка.Не сакав да ја работам цел живот,си заминав од државата.Успеав да ја нострифицирам дипломата и сега работам тоа што сакам. Поентата е дали може да и помогне,ете била во државно не било добро,таа сака во општина таму е најлесно демек,па нема место за сите во општина.И јас никаде не прочитав што поточно сака да работи.Сака во општина само и таму има различни позиции.
Ngl, но честопати овде добивам впечаток дека повеќето кои сте во врска сте на survival mode, не добивате ни bare minimum и мислите дека тоа е нормата Па партнерот ако не ти помогне во животот, тогаш кој? Ако човекот до тебе нема емпатија за тебе, тогаш што да очекуваш од другите? Не е спорно тоа што тој не ја вработил магично. Бидејќи не значи дека ако работи во општината, има врски за сите. Може имал само за него. Но, начинот на кој и се обратил во ситуацијата speaks volumes. Па и уште што велите дека ете и предложил да ја издржува, дал поддршка, I mean, can't you read измеѓу редови? Не и рекол: "Што велиш да започнеме да живееме заедно. Ете дозволи ми јас некое време да сум финансиски одговорен за тебе, додека да најдеме заедничко решение за твојата работа. Не ми е убаво да те гледам несреќна" - ова е емпатија и поддршка. Туку и рекол: "На тебе сè ти е тешко, ако сакаш не работи, јас ќе работам." - ова е dismissive и пасивно-агресивно и не го ни мисли сериозно кажаното. Разликата измеѓу овие два примери е од тука до Марс. Ако тој смета дека членката е проблематична, и тоа може да се каже на подобар начин. А ако не му одговара, не треба да е со неа. Но, партнерот треба да го избирате како животот да ви зависи од него. Тоа не значи во буквална смисла, не значи дека е должен вработување, не значи дека мора да реши сè, но значи да биде целосна поддршка и да ти покаже дека не си сам/сама кога ќе наидат кризите
Абе сеа не знаеме како и го кажал тоа, она така го кажува оти така си сфатила и се навредила затоа шо и понудил да работи како рецепционерка. И шо е лоша таа работа за да се навреди до толку?
@Adidas888 Па не е баш така Ади. Членката не рече дека работата е лоша во смисла дека е од ниска вредност или срамота. Туку веќе работела еднаш и има лошо искуство. А работното искуство може да биде трауматично за некои луѓе, без разлика колку некој мисли дали е лесно или тешко. И да знаеш дека тоа го работела и поминала лошо, зошто пак и го предлага? Па згора и вели дека тоа е лесно, кога таа го има работено, не тој Односно, проблемот не е рецепцијата, ниту вработувањето само по себе. Суштината е дека тој и ја поништува реалноста, и минимизира трудот и и ги игнорира чувствата. А и не можеш да кажеш може не било така, сама си го сфатила, не би ја gaslight-нувала вака
@Adidas888 I mean, правиме муабет за партнер, не за HR оддел. Уште документи да му предала и CV и толку, не мора ни му објаснува Aka, зошто упорно велите што сака таа од него, кога проблемот е начинот на кој тој реагира? Можела да каже многу нешта, но не морала. Не мора во моментот да знаеш сè точно за да добиеш основна емпатија и сослушување. Не и требало task list, туку човек и емпатична реакција. А ако емпатијата ја добиеш откако експлицитно и директно ја побараш, тоа не е емпатија, туку инструкција
Ти гледаш така на тоа, јас друго гледам. Тешка и била нејзината работа, човекот и понудил како рецепционерка во општина, и тоа не го сакала, и понудил ако сака да не работи и тоа не го сакала, епа шо сака? Ете ја прашаа и други членки, шо поточно сака она да работи во општината? И каква работа он нудел на другите? За да можеме да ја разбереме поубаво, ама не одговара.
Прочитајте убаво што прво пишала. На неа таа работа толку многу не и одговара што ја исцрпува физички за да плаче пред и после работа и него тоа воопшто не го погодува. На сето тоа и вели дека проблемот е во неа затоа што се и било тешко да работи. И сега ако погледнеш од нејзина страна, помогнал на многу да се вработат, а неа не и ни понудил, може баш таму ќе се пронашла со работата. Некогаш едноставно не можеш да се прилагодиш на работа и ако треба смени и 10 работни места додека најдеш нешто што ти одговара, не е дека си неспособен.
А од каде знаеме ние за какви работи им помогнал на тие другите.Можеби за вакви рецепционерка итн.Вработил некој во општина?Ако има таква „моќ” да треба да и помогне.Што функција има тој во општина?
Еве сега му реков не сакам рецепционерка фала на понуда , бараат чистачка кај тетка ми во а1 примаат и ми рече , не, тоа е тешко јас нема да ти дозволам чистачка да бидеш да чистиш и да се мачиш ,си мислам па сељак што не кажеш нешто за кај тебе ??? Има луѓе значи може , а ваму се занесува немало да ми дозволи чистатчка ( стварно делува како да се зезам ама не тролам)ако мислите така прескокнете , не ми се верува какви се мажите денешни .. Нема да ми верувате ама знам дека може пошто нешто е близок со градоначалникот и да има над него може други ама вака ????плус во оваа општина оглас нема 10години ми тој кога го примија немаше оглас
Тој може да даде мислење,одлуката е на тебе.Ти треба да знаеш која работа е за тебе.А дали е тешко или лесно ќе видиш откако ќе пробаш.Секоја работа има тежина и одговорност
Година и нешто , мене на почеток кога се запознавме ми кажа каде работи и ми рече дека може да ми среди за и јас да најдам нешто полесно а сега ништо не ми спомнува во врска со тоа ,намерно му пратив ова тетка ми што ми пишала за чистачка и ми рече , не може тоа да се мачиш демек ...си мислам..па рецепција е повеќе мачење три смени , со секакви странци , ти носат секаква валута на пари сум пробала тоа и ми беше тешко и системот на пц за рецепција е многу тежок ,за тоа не му пречи за ова ми била не можело ,он не е лош добар е и убаво се однесува со мене ама ова !!! разочарување се извинувам што ви сметав фала на сите за советите
Дали ти нему можеш да му кажеш: Најди ми работа во општина и да му кажеш што ТОЧНО сакаш? Само вртиш одоколу. Или си бараш рачка да раскинете оти сељак е тој за тебе. Почит на ниво. Јас не знам како не можете да бидете директни со партнер. Пола од советиве во темава што се бараат, ќе се решат ако отворено се разговара и се кажува сè што пречи, што се мисли, што се сака.