Мене тој цел ден ми пишува јас да не се мачам , он ќе работи и парите заеднички да бидат , ама јас не сум спремна за таков чекор и не сум размислувала дали сакам да зависам од некој , ама не сакам а ми рече не сакал да се мачам , не знам, секако дека тој требаше да ми спомне државно нешто а не , јас да му кажувам што и да ми вилљ тешко било тоа јас ќе раб фала на сите како и да е
Девојката и сама незнае шо сака . Ова најискрено е веќе разгаленост. Да одиш чистачка наместо рецепционерка, малку е
Кај ги наоѓате овие у општина, јас сè на некои приватисти налетувам. Настрана од темава, кај нас е ептен нормализирано ова - ако дечко/девојка/роднина е на добра позиција, обавезно треба да ни среди местенце кај него/неа, без разлика дали сме кадарни за тоа место. Затоа и сме до ова дереџе. А и нив некој им средил, и сè така у круг. Ги сфаќам лутките, ама и не баш.
Ти чим за дечко ти на форум пишуваш дека е сељак, најдобронамерно сакам да ти кажам да се преиспиташ дали сакаш да бидеш со сељак. Ако стварно го мислиш тоа, а не ти е у афект кажано...
Ја не знам како изгледа вашата комуникација со партнерите, толку ли е ботовска? Ако ме прашаш само добиваш одговор а сама да се надоврзам на ситуацијата не дај Боже. Тоа со општината и вработувањата со врски е друга тема. Он да бил некој принципиелен па да не и понудил у реду али предлагал други а неа не. Полиинкогнито кажа се што требаше да се каже.
Можеби не сака да работите на исто место? Според мене и тоа е ок,многу парови не би сакале да се гледаат секој ден на работа,второ,дали врската ви е сериозна? Ако се разделите од х причини сигурно не би било пријатно да сте во близина исто. Ова се вака неколку работи што ми паднаа на памет и би можеле да се причина.
Претежок бил системот на компјутер на рецепција ама сака позиција во општина...I mean, да, баш сме на тоа дереџе на кое што сме зашто вака најрандом луѓе без основни квалификации сакаат преку леб погача.
@Anonimnna5 Ко шо реков, не очекувај друг да ти помогне за да утре не ти го набива на нос истото ама па и никој не е должен да те сместува на државна или оштинска цицка или како сакате наречете. Прво мислев и во него е проблемот со односот ама како можеш да го нарекуваш дечко ти сељак? Уште не кажа што сакаш да работиш? Директор од старт никој не може да те стави, за тоа пот од газот треба да ти потече ама и тогаш не е сигурно.
Целава ситуација ме потсеќа на Дона и Харви. Таа сака емоционална поддршка, додека другаров и дава логичка. Е сега, очекувањата се мајка на разочарувањата. Не слушнала што сакала да и каже и го турка во ендек. Исто како и коментарите на темава кои не одат во нејзина полза. Плачела секој ден, па ако не ти чини смени. Се што не ти чини смени, и другар/ка, и роднина, и дечко, и работа, итн. Немој да седиш и да ги обвинуваш другите за тоа што ти не си преземаш одговорност за себе. Нашите избори не водат таму кај што сме и никој не ни е виновен освен самите себе. Correct me if I'm wrong, не и ставил пиштол на глава, не ја тера ништо на сила, и не знам за тоа тој колку ја сака, али очигледно дека таа не го сака. Така да, направи му услуга и остави го, нека си најде некоја која нема да очекува од него фотеља во општина, некое ЈП и нема да пише дека е сељак.
Јас да сум дечкото и да го читам ова на форум одма раскинувам. Демек ако ти е партнер треба да..ти среди?? Толку ли не се борите во животот, не се цените и сами дојдете до она што мислите дека го заслужувате? Никој ништо не ви должи. Ниту партнер.
Би сакала само на ова како делче да се надоврзам (општо, ништо лично ) Ако некој не бара помош од партнерот бидејќи знае дека потоа ќе му набива на нос или општо, ќе му помогне, па вака ќе се однесува, да знаете дека тој не е вашиот човек девојки. Не го нормализирајте ова од ниту една личност која би требало да важи за ваша блиска личност @Anonimnna5 Лани во Март имаш пишувано дека дечкото живее во друга држава? Дали ова е истиот тој? I'm confused како тогаш одите повеќе од 1 година Исто така, комуникацијата навистина ти е проблем, како индивидуа, но и како пар. Партнерот треба да има емпатија за тебе, но мора и да му објасниш што те мачи без тантруми. Тоа што го нарекуваш со погрдни зборови, навистина ти ја прави приказната климава. На крај ништо човек не може да разбере Bottom line, не биди со некој кој го мразиш