Во ред, тоа сељак го кажав општо , дечко ,маж ако не ти помага и заеднички ако не помагаме од кој што треба да чекаме не ми е јасно навистина ? Јас верувам во тоа дека секој кој има врски ќе ги искористи , демек вие никогаш не сте нашле врска за некој и нешто ? Зашто да не ми помогне , кажува дека на другари им помогнал да работат некаде на пц државно с работеле физичка работа јас му викам да пробам чистачка со тетка ми она не се жали , чисти три спрата , ми вика не , тоа не е за тебе , мене не ми е нормално да се зависи од дечко маж и не сакам така ама битно се запнал не чистачка , мене ниту една професија не ми е срам ама ми се смачи тешки работи да работам а тој не ми понуди лесна раб туку рецепција !! Од мојот град е овој дечко затоа знам дека има врски и може , побогу градоначалникот му е другар!!!
@Anonimnna5 Дали тргна со него баш поради оваа причина? Дека спомна уште на почетокот ти ветил дека ќе ти среди, а потоа ништо.
Еве што пишала девојката уште во Ноември. Разбирам да сакаш да ти помогне партнер ама тука најверојатно тој не сака. Реално, тој веќе си има круг со колеги и колешки, ако си ти таму ќе треба заедно да користите пауза, постојано да поминувате време заедно. Ако “заглавиш” со некој проблем, ти ќе очекуваш дека тој како општинар со поголемо искуство и круг ќе ти ги решава проблемите. Од друга страна тој ќе треба да те оправда пред сите, а тоа би влијаело негативно на неговата кариера. Ние не знаеме каков работник си во суштина за да земеме да го дискутираме ова. Можеби ќе си дадеш отказ за неколку месеци, тој не сака да се чувствува загрозено бидејќи те “пикнал” тебе у општина. Не знам колку е здраво ова за една врска. Не сакам да го осудувам човекот, но у глобала би имал товар. Сурово е ова што го кажувам, но во пракса е така секогаш.
... Лесна/Тешка работа, што е лесна/тешка работа? 1. Работа во комунално, градежно, копање со казма, врзување арматура додека врне или пече сонце цел ден; 2. Било која административна работа кај што треба да бидеш кул, додека некој/а си лечи комплекси на тебе? 3. Било која работа кај што си ја оставаш душата, а утре на твоите деца не можеш да им пружиш се што сакаш? Баталете холивуд, боливуд, турски серии, итн. Животот/реалноста е друга, не е фер. Така да, deal with it. Плачењето и обвинувањето други нема да реши ништо ако самите не сме спремни за промена.
Не мора да е од партнер, може и од друга блиска личбост, утре при кавга може да ти рече - јас те вработив, ти мене вака ми враќаш. Ама да, се разбравме. Никој никому ништо не му должи.
@Anonimnna5 Прво он ти е дечко, не ти е маж. Јас мислам дека немаш доволно глас за рок од една година да го побараш тоа од него, да е било во обратна ситуација и ти би реагирала исто. Друго, он работи во општина, таа општина не е во сопственост на татко му или мајка му па да оди и да кажува кој да примат на работа, знаеме сите овде како стојат работите, кој каде се вработува. Да те издржува да, убава понуда ти дал ама немој да мислиш дека нема да ти го споменува тоа на глава. Оди барај си сама работа, не зависи од него за работа, секогаш имај си свои пари. Кажуваш од мала работиш, како си наогала до сега работа, така продолжи да си бараш. Не е дечко ти Linkedin на крај краеви па да ти бара тој работа, а ти да бираш, таму сакам, ваму не сакам. И не очекувај од него да те разбере за тежината на работата кога тој работи во општина, таму сите се нишај врата зимај плата.
Е добро де, и тој влегол таму преку градоначалникот , сигурно е неписмен и клати врата секој ден, па зашто и она да не влезе? И плус ако пика другари да работат, што не би ја пикнал и неа, женска му? Ја ја разбирам, има зашо да се лути. Али искрено, типот не сака да те пикне оти не знае дали ќе останете заедно. Шо да троши сериозна услуга за нишо битно? Просто ко грав. Земете се прво, па тек тогаш ако не те пикне, дојди жали се. Ако остане и он и другар му градоначалникот до тогаш на работа де.
@bicycle Да, апсолутно никој никому ништо не должи, тоа е факт. Но, исто така факт е дека партнер или семејството/блиски луѓе кои те сакаат, природно ќе сакаат да ти помогнат, без да тоа да ти го набиваат на нос. Во тоа лежи разликата Факт е дека тој не сака да и помогне на девојката, судејќи по оригиналниот пост. Не реагира емпатично и како човек кој ја сака. Е сега дали натаму и ова нејзиното е испланирано предвреме и ова е причината да се заедно, го менува наративот секако, ама сето горе друго си останува
Мене не ми стои таман дека дечкото пикнува кој ќе сака на работа. Таа е државна служба и оди преку огласи, не може на некој ќе му текне сега да сака да се вработи и одма за него оглас да прават. Ама ајде, нека е како што вели. Ова излегува дека дечко и министер во општината е. Ова и јас го мислам ама не сакам да кажам да не излезам виновна на крај. Затоа само искоментирав дека он и е дечко, не и е маж и он нема обврска неа да ја пикнува на работа. А како што гледам членката си бара 'лесна' работа па затоа и понудил да си седи дома и да ја издржува. На крај краеви ниедна работа не е лесна.
И двајцата сте ред флег и нема љубов, неговото е покажано преку немање емпатија, а твоето преку тоа што си со него од корист..
Да да. Со него сум поради работата , да беше така јас веднаш ќе прифатев да не работам тој да работи заеднички но во ред , фала на сите , можеби моето сељак општо мисловно беше кажано лошо ама вашето без да ме познавате дека сум била со него поради работата или не знам што е уште полошо , затоа што јас како прво не можам да сум со некој ако не ми се допаѓа, но во ред уште еднаш фала на сите кои одвоите време, ете како веднаш се лепат етикети ,но ок сигурно и вие утре ден имате врски и не би ги искористиле
Многу високо леташ, спушти се малку. Не го гледај животот кроз призмата на да те пикне тебе некој на работа.
Така на факултет имаше професор кој викаше , уште на првиот час ви кажувам дека кај мене нема врски, јас барам реално знаење , прво лично за вас па понатака за било што друго , не допираат до мене , роднини ,браќа, сестри , немојте да ми праќате врски и замисли што , девојче кое се дружеше со мене на факултет ми рече дека положила со 9ка кај тој професор а не учеше и викам браво кај овој највеќе учиш и ми вика, не бе, на татко ми е пријател и викам па како, нели рече да не се праќаат врски бара реално знаење на што девојчето ми рече секој кој има врски ќе ги искористи и во право беше ,така и вие , зборите дека не треба да се потпираме на врски а сигурна сум дека секој од нас би ги искористил.
А ако ти понуди да ти помогне за друга административна работа,осигурителна компанија итн.ќе прифатиш.Или мора во општина
Се потпираме на брак, а не на врска. Разграничи малку, има разлика. Плус ти поставуваш услов, вработи ме во општина, не ми нуди работа на рецепција, тешка е.
@Anonimnna5 Но, врски не можеш да искористиш ако си нападен Бидејќи во овој случај ти немаш директни врски, туку ги има твојот дечко, кого btw цел ден го нарекуваш сељак. А факт е дека досега си требало да сфатиш дека тој едноставно не сака да го направи тоа. Зошто? Не знаеме. Бидејќи не знаеме воопшто каква ви е динамиката во врската. Ни колку долго одите, ни кој како гледа на другиот. Тоа си го знаете вие. Можеш да се смириш и да седнете искрено и нормално да разговарате, и да видите на што сте. Точно тој треба да биде поемпатичен, но и ти мораш да имаш self-accountability
Добро, фала на сите , јас претерувам што не сакам да работам по фабрики и тешка физичка работа, изгледа жените треба да работат потешка работа од мажите