Еве чистачка А чистачка сакаш да работиш . Па као демек он не ти давал.. кажи си дека тебе не ти се оде а не он не ти давал.
Членката сака нишај врата зимај плата. Крај приче. Да си оди сабајле да си испие кафето, да си залафи некој муабет и да си оди дома и оп на 1ви на банкоматот да се нацрта.
Million dollar question: Дали и зошто би сакале да работите на исто место со вашиот партнер/ка? Јас искрено не би.
Ете него му е лесно , иде на раб од 08:30 до 13:30 за 700е плата и како јас треба да реагирам на рецепција три смени а од друга страна ми вика нема шанси чистачка да идеш , подобро дај да живееме заедно и моите пари да се заеднички ,ама јас не сакам така , не ми е убаво да зависам од некој , лесна работа е тоа кај што човек не се мачи физички и психички
Јас што да речам што цела фамилија ми се во администрација а јас во бутик одела продавам ? После ова идам јас да престанам да зборам со сите , членката ме просветли , јас па уште им правам муабет бреј
Ngl, вака ја замислив на вратата од општината, по последните мислења Разбирам секој сака да му е лесно. Но, далеку подобро е да го пронајдеш тоа во што си добар/што го сакаш, да ги развиеш тие вештини и така да монетизираш. И во секое време и било каде да можеш тоа да го работиш и да се снајдеш. Отколку клатење врата и тоа до следните избори
Мислам доволно беше , се повлекувам и фала на сите по не знам кој пат , машки член навредува на женски форум и се толерира , секоја чест . Убава вечер до сите
Ќе се изнаживеете двајца со 700 евра.Лесна работа има само за тие што не работат како дечково твој.Значи сакаш и ти за ништо пари да земеш.После немој овде да се жалиш кога ќе појдеш во некоја институција и нема да ја завршиш работата.Можеби и тие како тебе не сакаат да се мачат физички и психички
Овој изгледа стварно е министер во општина. 700е плата во општина... Ај ти што бираш работа што сакаш да си на 'ниво' океј, ама и он што ум е со 700е да се издржувате двајцата... Или немате поим од животот или јас не знам да правам пресметки.
@Anonimnna5 Би сакала да сфатиш дека не те напаѓаме. Добро е одлуката да си ја рационализираш. Рече си завршила факултет. Факултет за што? Ете и било што да е, работи тоа знаење да го усовршуваш постојано и да си работиш според струката. Или ако те влече нешто друго, почни од таму. Разбирам дека гледаш нерамноправна распределба на моќ меѓу тебе и дечко ти, но не треба воопшто да се водиш по неговото, да сакаш и ти така. Утре може ќе се смени власта, со тоа и ќе го тргнат од таму и после што ќе знае да работи? Не се стреми да си таква или утре да си во таква позиција. Стреми се да имаш знаење и професоналност. Да си работиш без партиски притисок, да можеш утре без проблем да се снајдеш и на друго работното место или да си бараш и подобро платена работа