ти ако сакаш можеш да прекинеш,али НИКОГАШ нема да бидете блиски ко шо сте биле,не можите то да го избришите ко да не се десило....а го сакаш?почуствува некоја привлечност или?не ќе сте се смувале онака....значи има нешто...само процени дали е обострано....види зборни со него најдобро ќе биди то....
Уф! Овие ситуации се многу тешки, јас не сум искусила ваква ситуација но претпоставувам дека е тешко. Мислам дека најдобро е да разговараш отворено со него и да му објасниш дека не е во ред да и прави така на девојка му и дека подобро би било да останете само другари.
По којзнае кој пат срушен е митот (само за оние коишто веруваат во тоа е мит) за постоењето на машко-женското другарство. Но не очајувај. Утешително е тоа што мал милион девојки пред тебе се нашле во ваква ситуација. Нека ти биде охрабрување тоа што и откако си била со него остануваш на тоа дека сакаш да ти остане другар. Само што нема гаранција дека вашето другарство ќе продолжи онака како што започнало и како што траело до вашиот заеднички момент од пред некој ден. Еве ти мотив повеќе да се бориш меѓу вас да остане чистиот другарски однос. И, биди силна, зашто во ова не си самата. Мудростите околу разрешницата на случајов се обврска и за двајцата. Поздрав и секое добр
Имам проблем и не знам како да постапувам. Мислам знам, но тешко ми оди. Во врска сум 3 години, но последната година се случува следново. Јас патувам од едно , во друго место на училиште а дечко ми е од таму. Учиме во исто училиште. Секогаш после часови , сме оделе на кафе, сме седеле во парк итн. Јас после тоа пак не можам да доаѓам да се видиме. Сакам да кажам дека тоа време е единствено кое можеме да го искористиме за нас. Последнава година тој секогаш има нешто друго. Де е гладен, му е жешко, му се спие, го болат очите, нема време да си ги заврши обврските.. Секогаш јас го терам да останеме, наместо тој мене. (бидејќи јас сум таа што доаѓа од друго место). Дури и ме одбива со тие оправдувања. Гладен сум. Жешко ми е. Наместо кога веќе не сака да остануваме , да ми објасни на убав и мил начин секогаш ме повредува. Имаме правено муабет многу пати, но мислам дека не ме разбира. Мисли дека сакам да го врзам , како јас ќе кажам така да биде... А мене ми е потребна љубов и нежност. Не знам како нему не му фали тоа. Како да сме само пријатели. Што да направам..
Мислам дека сеуште нема добра причина да те фаќа паника, но ова мене ми личи на почетни симптоми на оладување на чувствата. Со заладување на емоциите, се намалува и трпението кон другата личност како и желбата да се инвестира време, труд за да се помине одредено време заедно, да се води разговор, да се излезе некаде... Кога имаш желба, времето ќе ти летне, а кога немаш желба било каков напор ти е преголем. Што да направиш? Кажи му дека чувствуваш како тој да се лади кон тебе и дека би сакала преку разговор тоа да го расчистите. Да ти каже како се чувствува (знам, од машко да бараш да зборува за емоции е хистерично, ама немаш друго), да биде искрен и да не те вози вака, неценејќи ги твоите напори врската да ви иде по најдобар терк.
имам проблем ,тој што ви кажував ми се јави да се видиме све а денес со женска го видов нз што е со него,помогнете ми како да постапам ,еден ден ми вика ај да искочиме а женска има и сеа му пишав порака и не враќ а
Eпа вака... Бев со еден тип ( пишував во пертходните постови ) и се скаравме оти тој замина со една девојка пред мои очи , и се очекуваше дека такво нешто ќе направи по понашањето . Јас си ветив дека никогаш веќе в лице нема да го погледнам дури нема ни да с епоздравувам . Другарките мои уште кога се гледав јас со него многу се здружија и сега тој не само што се поздравува со нив туку знае кај нас на маса да си застане и се прави како јас да не сум тука . Пред некој викенд пиеја пред излегување заедно со него зад некои згради и јас намерно не излегов со нив за да не бидам со него во друштво . Мене ми е ептен непријатно , а и тие не сваќаат дека ми пречи што е тука , дека сепак ме повредил на некој начин . Незгодно ми е да му велам за да не ме сватат погрешно , нека се дружат тие со него ( макар што цел град ќе ги оговара нив , другаркиве, дека тој ми е бифши а тие се дружат) ама барем на маса нека не доаѓа тој , тоа страшно ми смета... Како да го решам проблемов .. ????????
Понуди се да направите тројка. Кога веќе си толку очајна да го имаш, верувам советов не ти е до толку екстремен. Прво, преиспитај што значи за тебе другарка, бидејќи тие направите со кои се дружиш некако не ми исполнуваат критериуми. Кловнот си има некои нерасчистени работи во главата, штом вака повторно се вртка околу тебе или барем во твоето друштво, као демек толку нема со кој друг. Можеби и си го храни егцето играјќи некаква power game кога знае дека се тресеш во негова близина, делумно од иритација, делумно од потиснати чувства, бидејќи ако не сакаш некој што те клецнал у здрав памет, кој ќе сакаш, нели? Другарките го прифаќаат а ти друго друштво немаш, така да ќе мора да истрпиш. Не ми изгледаш доволно силна да му ја плеснеш во фаца и да се соочиш со Бозо, така да не останува ниедно друго решение. А ако не сакаш да ти доаѓа на маса...get one of these beauties Спојлер
сеуште нема мн место за паника, барем така се надеваме, но работава е за гриЖа, и јас мислам дека е работава на поЧетна фаза на оладување на Чуствата, никој освен ти немоЖе да го реши проблемот, а секако како сите и јас те советувам за разговор со типов зошто само тој и никој друг, моЖе да ти даде одговор на твоето прашање што ти знаеш и самата. седни го и објасни му ја ситуацијата и каЖи му како се Чуствуваш. ти тврдиш дека на ова тој не ти одговара ништо, онда промени став каЖиму шти те маЧи, опишиму како се Чуствуваш и онда за крај реЧиму дека не си глупа до толку да не ја гледаш ситуацијата како тој те одбива секој ден, сериозно има нешто, нека ти каЖЕ во што е проблемот 3 години врска па и не е малку, јас мислам дека до толку би имал поЧит да ти каЖЕшто го маЧи, ако му знаЧи врскава. и сепак мислам дека после 3 години врска заслуЖуваш да добиеш одговор, дефенитивно. како и да е ти посакувам мн среќа. девојко дај свести се, па никој не е вреден да трЧиш по него толку, зар тој ти пиша ти објасни зар го заслуЖува сево ова??!! си фатил девојка си фатил Чао пријатно не е само тој во морето има безброј други риби.
Девојкии имам проблем , ми се свиѓа многу еден дечко. Се мувавме пред некое време . Ме викна да искочиме и се смувавме, и одд тоаш ми нема пишано учиме во исто школо и се поздравуваме коа ќе се видиме . Ама мене многу ми се свиѓа .. што да правам ???
Дали машките се стварно искрени? Се гледам повеќе од 3 месеци со дечко кој има 25 год а јас имам 20 год. Правевме сериозен муабет за тоа што сакаме понатаму и јас сакав озбилна врска. Од него добив искрен одговор кој гласеше : Се плашам дека имам уште малце време пред да се уозбилам скроз и сакам да бидам опуштен. Не сум спремен и нејќам во моментов а и во блиска иднина врска. Не е конкретно со тебе поврзано него тоа е моето размислување. Не се гледам со други убаво ми е со тебе али не можам да ти понудам повеќе така се чуствувам. Можеби понатаму ќе биде нешто. Те оставам да решиш. Ми треба совет ако сте биле во ваква ситуација да ми кажете дали има шанси да е ова вистина и така да се осеќа и да остаам времето да си покаже или ова е само уште една бела лага на фин начин да ме одбие и нема да биде ништо и да си се тргнам на време?
Дали машките се стварно искрени? Е добро де, фино ти рекол, ништо не ветува, времето ќе покаже се. Млади сте, ваљда нема на 20 години да се врзуваш за некого, док је лепо нек трае.
Имам еден проблем... Незнам дали е проблем... А и да е...Ма како и да е...Значи вака: Со детево се смував 2 пати..Уствари, вториот пат беше пред десетина дена...Али дознав дека другарка ми го свиѓа!!!Таа тоа ми го кажа у фаца онака!Почна да ме игнорира..Да не ми збори...А јас многу го сакам детевоо...Плус и кога првиот пат го запознав, дур` се лапавме оваа беше до мене...И тогаш лице праела..Збунета сум...Што да и речам?!Дали е таа во право што неможе да ги контролира чувствата или пак јас бидејќи јас прва го засакав и јас сум таа што тој ја свиѓа и јас сум таа што се има мувано со него...Може и незнаете што очекувам од вас, но сакам само некој совет за да ја надминам ситуацијава во која се наоѓам..Тешко ми е
Дур се лапавме она беше до мене Вие се свиѓате, сте имале две плункоразменувачки сесии, и на неа тек тогаш и текнало да се исповеда и да крши филм. Нема што ти да се чувствуваш виновно, таа нема право да очекува ти да прекинуваш свиѓање бидејќи на неа и паднал во очи. Заеби тие замислени правила. Теренот меѓу љубовта и другарството отсекогаш бил нареден со мини, таа едноставно си стапнала на една. Ни прва ни последна. Фурај филмот.
убаво ти каЖа феминката врз мене фурај го филмот, таа не ти каЖала додека е време сега и текнало да ти го криши филот и самата каЖа дека тој тебе те свига и ти него онда продолЖи, немаш вина. а што се однесува до другаркати седни и разговарај со неа каЖи и го ова, каЖи и дека ти си таа што го свигала од самиот поЧеток и дека таа знаела за ова била свесна, немоЖе на неа како и текне.
Гајс ај хев а проблем! Имам симпатија и го сакам и сега тој е од школо но не учиме во исти класови. Иста генерација и двајцата 8мо сме е сега проблемот е што незнам како да му се доближам а срамежлива сум ќе може ли некој совет за мене???
пред 1 година раскинав со мојот прв дечко бидеќи имав проблеми со семејството не ја одобруваа нашата врска па помеѓу семејството и дечкото јас го избрав семејството . но само по 2 недели влегов во нова врска со мојот втор дечко сакав првиот дечко да се помири дека нема да сум негова но и побарав утеха во него за да го заборавам првиот дечко мислев дека сум залубена во вториот по 2 месеци раскинавме бидејќи тој поцна да се одалецува многу од мене како да не бевме девојка и дечко туку само пријатели а до тогаш се беше супер мн беше нежен со мене ме сакаше се правеше за мене но незнам што така одеднаш се случи многу бев тажна а него воопшто не го интересираше јас бев сигурна дека ме изневери но не признаваше во мартот раскинавме но останавме како пријатели и разговаравме секогаш на фб после некое време ме заборави воопшто не пишуваше сега пред неколку дена пак ме побара на фб и почна да ми нафрлува зборови ме потсети на минатото завчера 3 пати ми рече те сакам незнам што да мислам што ако ми се врати даи е тоа можно ? и ако ми се врати незнам јас што да правам дали да му се вратам или не ? се плашам ако го направам тоа пак да не ме изневери исто така ми понуди да одам со него швајцарија за да шенеме но не ми дозволува гордоста ... потребна ми е помош ве молам дајтеми ваше мислење јас сум нова на форумов
пред се мислам дека е многу важен начинот на кој што сте раскинале, зошто- што -како ? доколку јасни ти се одредени негови потези доколку сте биле мали и незрели тогаш човек вреди да си даде втора шанса. Прашањето и одговорот се наоѓа дефинитивно кај тебе колку ти си спремна да заборавиш се, да почнеш отпочеток, да во секоја кавга не го спомнуваш минатото .... Кога малку подлабоко ќе размислиш и ќе си дадеш одговор на сите тие прашања ќе имаш одговор и на овде поставеното прашање. А дека некој конкретно ќе ти каже да биди или немој да бидеш со него се лажеш секое зошто има затоа одлуките ги носиш сама затоа што само ти знаеш како се чуствуваш
Јас мислам дека не треба да висиш на закачалка и да чекаш некој да се сети на тебе, а во Швајцарија можеш да појдеш кога сакаш и сама
мила ти си знаеш најдобро дали треба да му простиш или не, ако типот ја увидел грешката и ти се извини, и ако ти сеуште го сакаш, стави го на пробно за да се покаЖе дали навистина е така како што вели. немоЖе тој еден ден да се понаша грубо а после неколку месеци да ти пише и да ти реЧе те сакам како што реЧе шана ти немоЖеш да му висиш на закаЧалка, но сепак пак ти велам размисли и види дали вреди да му дадиш втора шанса но притоа стави го на пробно како што ти каЖав, секако што и да одлуЧиш ти посакувам многу среќа