За која позиција? За позиција кајшто оди 4 саати, да испие кафе со колешките и да ги покаже ноктите? Сигурно е квалификувана, исто ко и сите други што се таму. Исто ко директорот на метрологија што мислел дека е метеорологија https://faktor.mk/selam-selami-novi...etrologija-mislev-deka-toa-e-nauka-za-vremeto Сите се таман, затоа е се потаман
Не знам како може да сакаш да си непродуктивен, да не правиш ништо, да дремеш по цел ден на кафиња, или во канцеларија да скролаш на телефон, како може да не сакаш да напредуваш во нешто, да немаш мотивација да сакаш да научиш нешто ново, туку предизвик да ти биде да работиш работа каде што ќе бидеш непродуктивна мрза во животот, без можност за никаков напредок? Млади луѓе треба да се занимваат и мотивираат да научат нешто ново, да запишат нешто што ќе ги мотивира да се подобри и посупешни луѓе, а не да одат на работа за да скролаат на телефон и тоа да им биде достигнување во животот.
Искрено не можам да те сфатам, викаш имаш факултет и си од Скопје и единствено што можеш да најдеш ти се фабрики и тешка физичка работа???? Во ова време на дефицит на работна сила? Дај отвори вработување.мк, кариера, аплицирај.мк и слични страници, пролистај огласи, аплицирај, многу лесно ќе најдеш работа што не е физичка а за кратко време ако си амбициозна ќе имаш и повисока плата од дечко ти. Ако знаеш некој јазик, тука ти се таскфорс, телеперформанс, за почеток ти се супер и барем ќе научиш нешто. Не знам како може животна желба да ти е државна клати врата работа, да пиеш кафиња цел ден, да глеаш тик ток и да оговараш со колешки. И не знам зошто мислиш дека тоа нема цена, прашај го дечко ти колку дудлал по штабови, колку трчал по митинзи, колку агитирал и дали и денес смее да одбие ако го викнат на митинг и дали смее да помисли да објави нешто на соц.мрежи против "неговите". Не знам дали постои нешто поодвратно од партиски пацов.
Никој не наведе дека ти си расипана, туку голем бунт се крена поради твоето размислување. 'Он ми е дечко и мора да ме вработи мене во општина'. Како тоа? Од кого бараш ти помош? Зошто мора да е општина? Моментот кога се декларираш како способен работник, а бараш 'лесна' работа е иритантно. Значи свесно бараш нишај врата зимај плата од човек кој не знаеш дали утре здраво ќе си кажеш.
Еве јас каде што работам не е баш клати врата а државно е , да не пишувам јавно за каде е ова ама не е се државно така лесно и да идеш на кафе , мислам малце се претерува
Секоја чест за тие што си ја вршат работата како што треба, али тие се игла во сено. Тие што јас ги познавам... 1. Идат на работа кога сакаат, 07:00, 08:00, 09:00, доколку сакаат и не идат, и никому не полагаат сметка. 2. Да речеме отишле, во 10:30, 11:00 веќе се на чаршија на кафе, ретко кој се враќа во канцеларија, се иде на ручек и после дома. 3. Картичките за ин/аут, се на портирница, т.е кај единствениот кој е таму целосно работно време и ги пере сите останати. 4. Има уште многу, али забегуваме од темата, и може некој ту софт ќе се навреди, па ке ме караат.
Се сложувам со ова бидејќи имам видено дека не е баш секаде така едноставно и неправедно им се препишува на сите кои работат државно дека само дремат на работа, кога има луѓе кои работат за десет луѓе баш поради вакви принцези. Администрација е нешто неопходно за да функционираме како општество и има цела позадина која луѓето не ја перцепираат, а која логично мора да биде сработена од некого. Како и да е, членкава си бара да не прави ништо, ама дечко и' магично да и' ги прочита мислите и да ја вработи специфично кај него на работа, додека она му збори манипулативни муабети во стилот ќе идам да бидам чистачка. Не знам, мене ова ми е многу напорно однесување, јас би раскинала на место на дечково.
Со еден тип имав кратка комуникација на инстаграм, се допишувавме за нешто во врска со работа. Работиме скоро слична работа, на некој начин јас сум како контролор на неговото работење. Работиме online, не се познаваме во живо, само се следиме на инста. Од различни градови. Да не навлегувам во детали, ме мачи следново. Тогаш тој спомна кафе а јас бев странство и рековме кога ќе си дојдам и толку. После извесно време си лајкнуваме по некое стори ама нема комуникација. Мене ми се допаѓа како изгледа, а и по тоа што кратко се допишувавме интересен ми се виде. Прашањето ми е, дали јас да му пишам за кафето. Ако да, што точно. Дали да чекам, ама еве помина неколку месеци од чекање ништо. Како мислите за тоа женското прво да пише? Дали глупава ќе испаднам? Ама па тој спомна прв. Имам лошо искуство со прва пишување и затоа ми е некако да не се случи пак да се зезнам. Мислење?
После 10+ години државно, во два различни сектори, работам приватно. Таа мака, преработеност и неплатеност што ја изедов на првото државно работно место, уште во приватен сектор не ми се случило искрено. Е сега, има и паразити во државно, најчесто по општините, ама и соодветна им е платата за неработењето, ако на некој му се работи ене, по 31000 нето е за високо образовани кадри. Мене со стапче да ме тепаат не би се вратила, не дека ми е супер приватно, не ми е, ама барем сум далеку подобро платена, а богами, и не работам лудачки што беше случај додека работев во болница. Сè на сè, не сите сакаме назад, пак или од ново државно. И немав врски, кој сака нека верува, кој не сака не мора, на оглас се пријавив и бев примена. Од клативратачи докурца ми е искрено, скроз се надевам дека еден прекрасен ден сите врскофаќачи кривично ќе го јадат, од двете страни. Само моите 2 центи.
Дали му кажа дека си вратена од странство? Ако не, можеби мисли дека уште си таму. Може да му пишеш онака некој бош муабет и ќе видиш дали е сеуште заинтересиран
Staviv mnogu storinja I nekolku postovi od togas. Vide deka sum vratena. Sto muabet bi zapocnala spored tebe?
Нема да испаднеш глупа, но не му пишувај одма за кафе (освен ако не си спремна ти да одиш таму). Измисли некој изговор за некоја продавница во неговиот град дали има нешто колку да почнете пак муабет, па види дали ќе те покани пак.
Фала на сите кои одвоивте време, дечко ми е упорен со тоа да сме почнале заедно да живееме и парите да бидат заеднички само тој да работи јас да не сум се мачела , а за чистачка ми рече јас не те пуштам тоа да работиш , јас да почнам да живеам со некој и да немам свои пари и стаж ми е малце страв и не го замислував баш така животот , но ќе видам што ќе направам.
Има различни позиции во државно,на некого му е супер и во приватно. Приватно е убаво ако можеш да се надоградуваш и да си здрав ако не слабо mercy,крајно короната ни е тазе пример кој е бенефитот на државното,сигурни им беа работните места,си седеа дома и плата си легнуваше,и да.....рековме,можеби не сите позиции во државно ама многу голем дел е така.
Зошто мислиш дека ќе испаднеш глупава? Може и ти да го поканиш, културно, ненападно: Дали за да излеземе на кафе некој ден? Но не директно смисли некоја тема претходно да отворите муабет на пример град, продавници и кафичи. Преку тие муабети ќе видиш и што го интересира. Ако не си спремна, не му пишувај. Не се ставај под притисок! И не ти го разбирам муабетов ако си женско да не му пишеш. Зошто да не? И јас сум пишувала на машки да искочиме И преубаво си поминавме.
Тебе ако ти е мачење на рецепција, тогаш не си страдна за вработување и пари. Ако знаеш да скролаш на инстаграм ќе знаеш и софтверот да го работиш, само еве сама си кажа, не сакаш да се „помачиш“ да научиш нешто ново. Исто како што тие што изневеруваат мислат дека и сите други на светот изневеруваат. Зрело и мудро размислување, свака част. Која е таа лесна работа, дај наброј 4-5 позиции каде што не се „мачиш“ ни психички ни физички?
Пробај одоколу да свртиш муабет како на шала ни се излади кафето од кога го договараме и ќе видиш што ќе ти пише.
Не. Не пишувај. Остави. Иста прича и мене ми се деси. Мрзливи се. Они ќе пуштат малце водичка па после ти да се понудиш, да испланираш, да излезеш и во некои случаеви-да платиш. Не мисли на него и прави др ствари. Ако стварно сака да те види ќе ти пише он.
@>mima< Според мене, Никој вистински заинтересиран не остава простор да нема комуникација од неколку месеци It just doesn't work that way. Си била во странство, не на Марс, па да рече човек сте немале како да комуницирате Тоа ми е целото спорно во ситуацијата. Не кој на кого прв да пишува. Бидејќи да била комуникацијата нормална (обострана) и секојдневна, досега и ќе си го известела кога си пристигнуваш, и тој ќе знаел однапред и кафето ќе било договорено