Дали директно му имаш кажано “сакам да ми најдеш работа кај вас” или “дај да најдеме нешто за мене” ??? не мора во иста институција штом градоначалникот му е другар може да те стават и во друга институција не мора во општина.. 3 дена едвај исчитав се и од страна изгледа како да тој нема поим дека ти сакаш да работиш државно или таму со него, туку дека на него сам треба да му текне според тебе. Мажите не читаат мисли да знаеш, директ кажи му вака и вака сакам можеш ли нешто да направиш. толку е просто, една реченица..
Ете да речеме ликов и помага 99%, али тој 1% што таа не е во општина со него е проблем го прави сељак???
Практикуваш селективно читање. Нема, не постои причина зошто да не и помогне да најде друга работа макар и да не е со него. Освен ако не ја користи да си тепа самиот време, за секс или внимание. Да ми рече дечко ми дека му е тешко и да му помогнам за работа, зошто не би? Не сме партнери на крај на денот? Вистински партнер ќе се нафати да ти помогне. На вистинскиот партнер ќе го боли да те гледа како се мачиш, а да те остави на сама себе да се отежнуваш ни под разно. Не можете да оправдувате вакви ствари. Како сакате вртете го. И ова го кажувам како некој што помогнал и му било помогнато. На другарка ми дечко и ја фати во странство кај неговите, многу ниска никаква позиција ама битно се покажа како човек. Нема причина зошто да не помогнеш на девојка ти, освен ако длабоко во себе знаеш дека само си со неа од други-вистинско користољубиви намери. Ако партнерот ти се жали дека му е мачно, тешко, и тебе ти е сеедно, не даваш никаква иницијатива да помогнеш, не само шо си сељак туку и кукавица.
Ајде јас да преферирам селективно читање, што преферираат другите? Таа не сака било каква работа. Таа сака лесна работа, да не се замара ни физички, ни психички. Таа сака во општина. Ова е огромно его, кај што не е битна толку плата, туку е битно кој си во општеството и луѓе да ти прават лице за да им завршиш работа, ако знаеш де, ако не знаеш да кажеш на кој знае. Ете и вели "не сака" да биде чистачка, и вели да си седи дома тој ќе работи сам. Не дека седнал скрстени раце, и дава опции, ама не и чинат. Епа на крај фати сама и работи што сакаш и јас ќе те поддржам. Или на крај, краева, да земе да се обеси ради неа? Тој е тој, ако го сака арно, ако не нека го остави и да не го тупи. Ffs Бил сељак оти не ја седнал на фотеља
Леле остај ги принцезите жити све.. Ние шо не сме очекувале да не' седне партнерот на фотеља, ни љубов, ни пажња, ни bare minimum не сме знаеле шо е, за грев сме јадни ние. Знаеш како, многу летање у облаци не е на арно, али ќе си ја научи секој лекцијата, млади се, времето е пред нив
Остави ги луѓево на форумов нека толчат вода во аванот, малку претераа, ти најдобро времето потроши си го да се решиш дали да останеш со дечко ти или не
Да, му реков приватно не е убаво и ми е тешко , државно е поубаво на што ми рече , да ама тешко е државно да се влезе за било каде ми рече заедно да сме живееле и тој да работел и парите да се заеднички, ама јас не сакам да зависам така. А директно му реков за државно ми вика нема оглас и да има он немал други луѓе освен градоначалникот а во општините сега нема да има огласи а во други институции немал врски господинот, ама јас претерувам ок е. Другите кои ги вработил за нив имало оглас и тогаш можел мхм
Што е за тебе грижа? Дали грижата треба да се злоупотребува? Дали треба да се пребира преку леб погача?
Ко што читавме, он и' понудил опции. Арно ама госпожата не сакала.. Мора на исто работно место да се двајцата? Зашо? Не ја правдајте.