Друже, не го измислив ова јас, само кажувам како е. Имаш многу истражувања на оваа тема, слободно гуглај.
Ама очекуваш лојалност од тие роднини и другари нели? Очекуваш дека нема да те издадат например ако им кажеш нешто лично. И тоа е трансакција. Затоа викам дека секој очекува нешто од другиот.
Па тоа е трансакциска врска, што го опиша ти - услуга за пари, или услуга за услуга. Или во случајов, секс за пари. Љубовните, фамилијарните, и другарските врски се повеќе од само трансакциски врски, бар така треба да бидат. Ако не е така, тогаш се само бизнис. Е сега некој што бил третиран само како бизнис, тоа и само ќе очекува.
Повеќе се, ама пак се трансакциски. Се живо околу нас е трансакциско. За жал во таков свет живееме и тоа е.
Што е повеќе? Трансакција тоа значи - услуга за услуга или пари за услуга. Тоа што некој си ја сведува врската на пазар, не значи дека се живо околу нас е така. Ама за жал, да, светот се повеќе се претвора во материјалистичко место.
Епа услуга за услуга може да биде ти давам лојалност и очекувам лојалност. Незнам зошто не разбирате.
Ти збориш за материјална трансакција, јас ти зборам дека има секаков вид трансакции. Еве и материјална да е, шо има лошо во тоа?
Па тоа е трансакција де, двонасочна размена на вредност. Или ќе биде материјална, или ќе биде услужна. Нема трето. Лојалност, почит, разбирање, љубов не спаѓаат во трансакции. А што има лошо? Не знам. Секој за себе си знае што му е добро. Некој што бил третиран само за услуга или за материјално добро, само и тоа бара, оти не знае за друго.
Добро, друже, така е. Како и да е, нема ништо лошо да очекуваш од некој нешто, лошо е кога мислиш дека некој нешто ти ДОЛЖИ па и да се лутиш за тоа. Тоа и сакав да и кажам на членката, не и должи никој на неа работа, плус и човекот и понудил работа, она одбила, ќе одела да чисти.... демек чистењето не е тешко.... па и налутена оти не ја понудил за некоја повисока функција...тоа ми е многу несериозен муабет, ми звучи како несериозна личност.
Зборот трансакција повеќе се користи за трансакција со пари и ако кажеш трансакција на чувства, врската е повеќе како формалност нема вистински чувства.. Плус во некое од претходните мислења убаво си кажа дека мислиш на трансакција на пари, всушност ако ти го користиш партнерот само за да дава пари, имаш повеќе однос кон него како да ти е банкомат... Ова ти е исто како да каже машко сега "Жената мора да готви дома", ја користи како готвач... Или што кажа "Тој на мене пари, јас на него секс", ова е повеќе бизнис договор, како "купи-продај", не е врска или брак..
Замисли и се пушташ на некоја и и викаш: Маче, сакаш да имаме трансакциска? Одма ќе избега. Ќе мисли дека сакаш да и ги стопиш парите, а не да се баците.
Aјде. Доста е. Кога маж си седи со жена му оти она чисти, готви, расте деца, секс коа ќе посака, му пере апсолутна штама е ама кога девојче ќе посака од дечко и да и помогне на материјален или работен начин одма се лае за трансакции. Прифатете дека не може цела душевина да ја цицате веќе без да се очекува нешто и од вас.
Знаеш колку неспособни мажи сеа ќе го користат како изговор и guilt trip тоа трансакциска за се нешто, за да избегнат одговорност. Сами треба да си процените кога е љубов и грижа а кога не ги боли к. за вас. Трансакциски врски постојат а во случајов со членката нема врска со трансакција.