Искрено ни јас, можеби мисли на секретарка, а можеби и измислена е приказнава а можеби и девојчето незнае шо сака.
Не не, за рецепционерка во хотел е муабетот бидејќи спомна членката три смени дека не и одговара, а моментално е во некоја заебана работа, физичка работа, барем јас така ја разбрав...
Членката кажа дека барала во општина, он и понудил рецепционерка во општината да биде, а сите знаеме дека таму една смена се работи.... И еве по стоти пат ја прашувам шо сака да работи друго таму, и не одговара. Ова е крајно несериозна работа пошо и она незнае шо сака, не е крив дечко и.
Не рецепција во Општина каде има такво нешто ??? Јас сакам некоја полесна државна работа а тој може !! А ми кажува немало огласи и што ти знам , ми рече ете барале рецепционерка во хотел во близина кај мене , јас студирав туризам и многу добро знам каква е таа работа и во колку смени и како ама тој тоа ми го предложи во смисла ете ќе и се вклопи со факултетот , му реков како на други најде државно а јас кога те прашувам се некои изговори ми рече им наоѓал кога имало огласи и на подобри места ама приватно а за мене сега немало огласи , средил кај можел приватно , на полесна позиција наместо физичка работа да работат на пц. За мене за рецепција ми рече , па само примаш гости не е тоа тешко е тука се изнервирав ! Јас не реков сакам во општина да работам , туку нешто слично полесно, еве сабајле бев да завршам нешто тој на шалтер пица и пиво позади на масата и што повеќе да се каже ? А му спомнам чистачка , да не сум се мачела е, па добро ,ќе терам овака
Епа така кажи де, сите тука те разбравме дека ти понудил во општината работа. Па арно ти кажал, ете немало потреба за работници таму сега, шо да прави човекот ако неможе? Не е главен он таму. Ако излезе прилика, ќе ти среди. И што толку си запнала за тоа он шо прави? Ова повеќе на натпревар ми стои меѓу вас двајца, неголи за барање работа. Еднаш ти е за полесно, еднаш за повеќе пари, еднаш викаш се нафаќаш за чистачка.... Незнам дали е точно, но ми имат кажено дека во некои казина во Ск зимаат и по 50 000. Пак ќе кажам незнам дали е точно. Но Ск како поголем град, поголеми се и платите. Познавам девојче во Гевгелија шо работи за 500евра на државно плус и ја малтретираат по митинзи и остали сваштарии. Па за тие мочани 500 600 евра не одам да се малтретирам на државно и да пушам нечиј кур па шо сака нека биде. Не е сјајно ни во државното. Ама реално, нема лесна работа. Ете на дечко ти му се посреќило, си нашол, но не значи сега дека и тебе ти должат таква работа. Ако ти најдат супер, ако не ти најдат- тоа е. Секој со својата среќа. Накрај, смени го дечко ти, фати си некој поглавен таму во општината и ќе ти среди работа.
Јас мислам подлабока е приказнава од само работа. Ми личи ко он да наоѓа изговори и за други работи долго време. Шо знам, можеби грешам. @Anonimnna5 ти предлагам казина. Во Apex, flamingo, имаш милион. Солидна пара е.
Мене таа работа ми е сон, најискрено. Одиш дотерана, нашминкана, намирисана, само служиш, тресиш пепељари, раситнуваш на некој, нешто на апаратите итн итн..... Ништо не е тешко ако се сака и ако ја сакаш работата.
Остајте вие казино. Ќе ја фати порокот. Може да оди и во Синеплекс. Ем ако е филмски тип како мене, обожава пуканки, сака да е на каса и да има контакт со среќни луѓе, ќе биде ок работава. Плус кога ќе одам јас на кино, ќе ми става повеќе пуканки и чипс во корпите.
Да, дечково им помогнал на други, а на нејзе не ваљда зашто тие другите не пребирале што ќе работат. Ми е гајле кој ќе се навреди, вакви што сакаат баш клати врата зимај плата нема што да им помагаш. За што бре? Да зима плата на готово дур вие гз потите и коски оставате за мочани 20, 30000?
Мхм, ти да имаш завршено туризам и да имаш близок што може да те стави и министерка , би идела приватно да работиш , пошто треба сама да се снаоѓаш. Важи дека е така ,уживај
Тебе најубаво ти е да си седиш дома и да си живееш среќно и весело со дечко ти со 700 евра општинска плата. По лесно од ова, здравје.