Тоа нормално, исто како и шо он не седи таму на државно само за 700 евра . Си зима мито он од таму од ваму, дај среди ми тоа, дај среди ми ова . Затоа и човекот си сака фамилија
@Anonimnna5 Тоа што си му рекла дека ќе одиш да работиш чистачка, ти беше само чиста провокација кон него, така? Демек ти не ми средуваш да работам во државно, ете чистачка ќе работам, па као на сентименталност да го фатиш. Колку години си? Зошто толку се понижуваш да молиш некого за работа? Па макар и дечко/маж бил?
Прашање до сите тука, затоа што знам повеќето сте го искусиле ова. Како се чувствувате и постапувате кога другарите/другарките ќе исчезнат затоа што си фатиле некој? Сериозно. Сите мои ги снема.
Поголемиот дел се враќаат кај другарите откако ќе се скараат. Така другар ми направи, ама јас сега не го дружам многу многу.
Па ги избегавам, откако ќе се разведат. А и некои кои се у рутински бракови или врски знаат да се појават после години, кога им требаат краткотрајни ,,освежувања" како кафенце, патување, друштво, за да те замараат пошто им станало монотоно.
И дали ги прифаќаш назад после долг период? Јас толку многу сакам да ја дружам ама ете ја снема тотално. I'm over it што се вика. Кога мене ми треба за искачање никој нема..
Мислам дека во овој случај освен да разговараш со нив како се осеќаш (ако сакаш и ти значат на тоа ниво) нема друго чаре. И тогаш зависи од човекот, некои разбираат, други ќе мислат можеби дека им љубомориш и сл. Што ако сме искрени, вистински пријатели не би го помислиле тоа и не би се оддалечиле ради партнер, туку тоа им доаѓа како најдобар изговор за да се тргнат без да се "лошите". Јасно е дека се имаат други приоритети, обврски, но секој треба да има време да одвои за свој близок другар или пријател. Некој ако во врска го снемува, во брак официјално ќе те заборави. Треба да се има на ум фактот дека пријателите ќе ти бидат на свадбата, сегашниот партнер можеби и не. Јас по тоа се водам, и никогаш не би баталила другари за партнер. Попрво него ќе го шутнам ако ми зборува лошо за нив. Лично сум била и во ситуација кога пријатели ми префрлале за партнер кога јас морав да одвојам од времето и за него (не ги запоставував нив), но тоа ќе го препишам на тинејџерска глупавост, созреани луѓе не се однесуваат така. Накратко, ако ништо друго не функционира, едноставно би ја мечнала енергијата. Колку тие вложуваат во мене, толку и јас во нив. Сите си имаме некои занимации, хобија, интереси. Животот тече. Ќе дојдат луѓе со кои подобро ќе се вклопите. Но и типичниот возрасен живот не остава многу често дружење. Имам мажена другарка, со која среќна сум ако се видиме 1-2 месечно. И тогаш кога ќе се видиме е како да не поминало време, вајбот е ист меѓу нас. Иако сакам повеќе, не замерувам, бидејќи знам дека никогаш не би ми помислила лошо или да ме батали. (Мислењево испадна подолго отколку што очекував)
Јас сум у позиција да имам друштво, неколку блиски другарки, а се дружам и со неколку надвор од мојот микрокосмос, затоа и не се замарам со ,,прифаќање назад", таа празнина ја осеќам на почетокот, кога се менуваат работите, тогаш ми е доста тешко, сега искрено не ми ни фалат, поминало доста време. Е сеа, не знам како ќе се понашам доколку сум у позиција да немам никој, лесно е да се падне во искушение и да се вратиш кај пријатели кои се површни, само колку да имаш контакт со некој. И во врска е исто. Мада, познавајќи се, ќе седам дома и ќе гледам филмови и серии док не цркнем, не би се шуњал со секој/а, а и гордоста ми е проблем. Али сите сме различни, јас си уживам у самотија додека си ја чистам круната. Една ситуација од пред неколку години, јас и моја другарка, доживувавме оладување/дистанцирање од друга блиска другарка. Јас ѝ го дадов следниов совет: - Значи, ќе ни биде тешко годинава/летово/периодов. Ќе видиш - како ќе поминува време, сѐ помалку ќе ја спомнуваме и ќе се навикнеме на нејзиното отсуство. Така и бидна. Сеа, за неа ова беше прво овакво искуство, да изгуби блиска другарка (јас нив две ги запознав како тандем). А јас, пошто сум со „стаж“, знаев како ќе биде. Денес веќе не ја ни спомнуваме, ама затоа цело тоа лето, на секоја пијанка - плачки. Значи, времето ги лечи работите. Ова е клише, ама е вистина. Ќе најдеш нови пријатели, не е крај на свет. А и пробај да разговараш со другарката, кажи ѝ директно дека сакаш повеќе време да поминувате заедно де, јас и овакво искуство имам, до ден денес се дружиме откако разговарав со една другарка околу истиов проблем.
Зборував и објаснав во детал што прави. Ми рече дека сум љубоморна и дека не сум вистинска другарка оти и викам да има повеќе време надвор од партнерот. И така прекинав да и пишувам полека полека. А убаво ни беше. Многу разочарувачки. Неќев да е вака
А колку е тоа ,,повеќе време" за тебе? Како функциониравте до сега, колку често се гледавте/дружевте?
Не не за мене. Генерално. Се гледаме отприлика 1 час месечно а и тој го поминува со дечко и на телефон и едвај чека да си иде дома за да збори со него. Прекина да искача со другите другарки. Неќе да фати работа затоа што нема да има време за дечко и. А он си шета лагано, искача, којзнае шо прај. Она неќе со нас више. Како слепа да е.
Сум била во таа ситуација. Ми било тешко, не дека не. Сум пробала да разговарам во минатото, на крајот јас сум била лоша и љубоморна на нејзината среќа и резултирало со прекин на другарството. Не сакам да сум втора опција за излегување или откажување на планови ако у меѓувреме се договорила со партнерот. Другарката од мојот пример после година ипол време ми се смири, и простив бидејќи не сум злопамтило ама не е тоа тоа веќе. Иако сега имам сериозна врска секогаш гледам да најдам време за друштвото, гледам да има некоја златна средина која ќе одговара на сите. Секогаш ми бил нејасен тој феномен, као имам нова особа во животот, не ми требаш повеќе или ќе те барам кога нема со кого да го трошам времето. Како постапувам сега? Се тргам настрана, сфатив дека со некои луѓе е залуден разговорот а мирот нема цена.
Тргни се. На вакви им нема оправање, ти кажувам од искуство. Сум дала дури и шанси откако ќе раскинат и имаш муабет типа извини, нема вака пак. На крај следна врска пак све исто. Со две имав ваква ситуација и ден денес пробуваат да се дружат со мене ама јас си имам веќе нови другарки, а они немаат со кој едно кафе да испијат.
Пробвам да му дам простор да му помини та интензивна фаза од нова врска, после малку поќе барам и давам шанси за дружење. На почеток на врска ми е како очекувана фаза шо мора да се помини. Ако пак ме одбива после 3-4 месеци послаб контакт, комуницирам и кажвам шо ми треба. И после то се тргам ако не можиме да најдиме решение. Му треба простор - ќе му дам, ама пред се ми треба мене мир и да се преорганизирам со другите важни луѓе во мојот живот. Едноставно не сме на исто ниво на важност, јас сметам дека сме поблиски, а другата страна не мисли исто. И ќе бидам повредена и малку тешко ќе прифатам дружење пак, или бар то дружење ќе е со резерва. Ама имам сфатено дека со сила не можи ништо. Шо е мое ќе напрам (давање простор и комуникација), ама со сила не можам ништо. И некогаш знај многу да боли то, ама подобро побрзо да стигниме до тој заклучок за да се заштитиме од долго тлеење на негативни чувства.
И ти фати си некој и готово. Инаку, многу ти е генерално прашањето. Зависи многу од луѓето, од личноста, од годините, од карактерот, дали често сте се гледале и дружеле претходно... Мое искуство е да се даде време на личноста што стапила во врска некој период, месец-два додека е на почеток и да ужива, додека се запознаат подобро, а после самата личност би требало да почне да балансира помеѓу врската и другари/другарки.
Ќе кажам нешто што можеби ќе звучи неубаво, ама мислам дека мажите повеќе си ги задржуваат другарите отколку жените другарките кога ќе дојди за врска/брак. Едноставно премногу примери имам за ова. Тој ќе излегува ќе шета со нив, а таа ќе ги запостави другарките и ќе им вика дека се љубоморни ако ѝ речат дека не поминува доволно време со нив. А ако дојди до разделба, таа прва нив ќе ги бара бидејќи немала никој друг освен партнерот. Е тогаш иди интересното. Некој можеби ќе ја прифати назад, но некој нема да заборави како се однесувала претходно. Според мене, ако навистина се кае би дала една шанса. Но ако истото се повтори на следен партнер, скроз би прекинала контакт. Fool me once, shame on you. Fool me twice, shame on me. А за другото, тешко е но мора да се прифати дека се смениле работите. Со време станува полесно. Баш онака како што се спомна погоре, сѐ помалку и помалку ќе се осеќа нејзиното отсуство. Ќе се најдат други луѓе за дружење, животот продолжува. Таа е во полоша положба ако нема никаков пријател и цело постоење ѝ се врти околу партнерот.