Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Kati428

    Kati428 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Ако ми веруваш не се замарам.Престанува да пишува,да се јавува и јас се тргам на страна.Нема што да форсирам.
     
    На nextredstyle, Mumoftwo30, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. devojkata1234

    devojkata1234 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2024
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Има ли некој за лп ми треба совет, не се работи за љубовен проблем, не знаев каде да го поставам прашањето.
     
    На Felix Anima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    Ќе пробаш еднаш/два пати да пишеш за да излезете и да се видите ако видиш дека те избегнува и дека не сака, или пак тоа го прави ептен ради реда кратко и набрзина не ти треба. И општо е ова, не само заради дечко/девојка. Сум имала ситуации кога вака ќе сум пишела на другарка и гледам дека ме избегнува и толку. Нема зошто да форсирам нешто што очигледно од другата страна не се сака. Дека нели доколку сака ќе пише следен пат кога може и е слободна. А не да кажува па важи, да, ќе се договориме и толку.
     
    На Panda00, nextredstyle и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.520
    Допаѓања:
    138.399
    Пол:
    Женски
    Прво се почувствував малку лошо, а потоа ме фати смеа. :D
    Толерирав некои особини колку можев, но кога реши дека единствено дечкото ѝ е битен и почна да се оддалечува си реков дека нема да ја молам 100 пати. Не ми требаат личности кои приоритизираат токсични партнери чија цел е само да ги одвојат од сите и да ги направат зависни од нив.
    Си имам муабет со други и ќе си барам уште.
    Немој да ги мислиш таквите. Терај даље.
     
    На bicycle, Amellie13 и MiloMalo им се допаѓа ова.
  5. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Машки
    Голем ризик е тоа да ги отфрлиш сите другарки заради дечкото. Затоа што утре ако раскинеш ке немаш на кого да се пожалиш и да си ја кажеш маката пошто сите си ги отфрлила.
     
    На KiT, Tam4yy, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.520
    Допаѓања:
    138.399
    Пол:
    Женски
    Точно, ама некои не мислат на ова.
     
    На KiT и ThePharmacist им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    19.057
    Пол:
    Женски
    Ако може некој ЛП, ми треба еден совет. :)
     
  8. Devojkata55

    Devojkata55 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2025
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ако може лп некој за совет?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Некој да ми напише ЛП?
     
  10. J. T.

    J. T. Нов член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Имам проблем за кој би сакала да слушнам мислења и совети од ваша страна. Моментално сум во 7 годишна врска, која кај и да е очекувам да премине во брак бидејќи со дечко ми зборувавме на таа тема и двајцата сме согласни на следен чекор. Освен некои помали кавги кои мислам дека се нормални за секој пар, сме немале никакви проблеми. Тој е навистина прекрасен човек пред се, и внимателен и грижлив, буквално маж што би го посакала секоја жена и сум среќна што го имам. Живееме заедно, супер функционираме и немаме проблеми.
    Причината поради која што пишувам е во мене, емотивно сум тотален хаос периодов и се чувствувам многу вознемирено и збунето. На работа кај мене се вработи нов колега пред речиси два месеци, и од самиот старт почувствував дека имаше некаков клик меѓу нас. Имаме доста заеднички теми за разговор и тој тече природно, како буквално да се знаеме цел живот. Убаво ми е во негово присуство, дури и самата помисла дека ќе го видам ме прави среќна. Да напоменам дека ни јас ни тој ја имаме преминато границата, и не знам тој како се осеќа во врска со мене, не ми е ни битно искрено. Проблемот е во мене и како воопшто ми се деси ова кога се ми е совршено во врската? Значи не велам дека готово се заљубив во колегата и не го сакам повеќе дечко ми, туку зошто се појавија чувства кон друг маж кои беа резервирани само за него?
    Збунета сум и би сакала да слушнам дали е нормално и со друг човек да осеќаш поврзаност на ваков начин. И како да го надминам ова без да прерасне во нешто посериозно?
     
  11. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се моментални чувства и ќе поминат. Немој да расипуваш љубов за некој што само ти се допаѓа или ви иде муабетот. Постави си граница во глава до кај смее да одите со муабет и држи некоја дистанца. Може понатаму ќе видиш нешто што нема да ти одговара кај него.
    Ко што и рекол маж и на Наташа Аксентијевиќ “добро данас је понедељак до петак да си се одљубила.” :rofl:
     
    На Cutiepie123, Frida-, Tam4yy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. J. T.

    J. T. Нов член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Не, нема шанси да си ја расипам врската, не вреди за некој што не го познавам добро. Веќе и поставив граници, сведов контакт на минимум. Само се осеќам како емоционално да сум го изневерила дечко ми и тоа е она што ми пречи. Се надевам дека е нешто минливо.
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.449
    Па си го изневерила емоционално, барем си свесна.


    Многу е чуден и непријатен овој дел.
    Какви чувства? Одговори си го самата ова.

    Да не се напраат други поголеми проблеми, а сепак срце е у прашање.

    И зашто ако е све совршено ко шо тврдиш, се јавува ова?

    Преиспитај ја врската и целава оваа ситуација.
    Како може да и' се допаѓа друг?
     
    На FlirtBerry, Stark, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Женски
    Штом си увидела дека е грешка и сама на себе си признала дека такви мисли се погрешни тогаш доволно е самото тоа што си свесна. Не си го изневерила, продолжи понатаму како ништо да не се случило. Дистанца од колегата и тоа е тоа.

    Значи жив човек е не е робот. Со колегата поминува 8 часа дневно, се разбираат ете како што кажа кликнале со муабет. Што има сега да ја преиспитува врската кога се заедно толку време и сѐ им е супер. Некогаш чувствата не можеш да ги контролираш. Не го изневерила свесна е дека грешка е тоа што го чувствува. Моментално е ќе помине.
     
    Последна измена од модератор: 14 февруари 2026
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    10.732
    Пол:
    Машки
    Не го заслужуваш дечкоти ниту пак не треба да го нарекуваш иден маж се додека во мислите не си сигурна дали го сакаш дури и после 7 години врска и поминато време со заеднички моменти. Не си дете за вакво нешто да паѓаш платонски. Шо значи ова дека утре на било кое место ете се појави и друг човек, земјава е преполна со луѓе, истото би го правела? Ова ништо не се разликува од другото неверството, иста димензионалност е.

    Или сепак да не тролаш?
     
    На Melissa_39, Gosh, Dekoo и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.449
    Шо знам, чудно ми е.

    Е од таа неможност да се регулираат чувства, се дешаваат неубави работи.

    Добро што е свесна.

    Да ја преиспитува не е лошо, оти често мислиме дека ни е добро, а уствари се лажеме и нешто ни фали , па вака преку вајбнување со некого, гледаме да си го компензираме тоа :)
     
    На FlirtBerry, Трагедијаупмм, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    2.482
    Пол:
    Женски
    И јас го делам истово мислење. Доколку вистински сакаш некого, ако гледаш некаква иднина со тој човек, и ако си стварно среќна во таа врска, нема да те интересира никој друг.

    Седум години не се малку време, за да видиш дали некој ти одговара ко човек или не.
    Не викам дека девојкава изварала, не се работи за физичко изневерување, ама самата вика дека се осеќа како да го изневерила емоционално, што значи дека е свесна.

    Можеби стварно треба да расчисти со себе и да се преиспита дали е среќна, дали и што ѝ фали во таа врска, што е тоа што довело до тоа друг да ѝ го привлече вниманието.
    Најверојатно има нешто.
     
    На LibreGirl, Melissa_39, FlirtBerry и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    13.505
    @J. T. Според мене,

    Замислувам вака мојот партнер во кој јас сум вљубена и кој го сметам за иден сопруг, да развил чувства, пеперутки и виножита за нова колешка? :drunk:

    Дури до степен да мора да сведува контакт на минимум за да се контролира и да пишува на форум есеј за совет од толку што го мачи? (heidy)

    Па утре брак со мене? Ма нека човеку, не требит веќе, може само да ме одмине во најширок круг :D

    Тоа што сте 7 години, впечатокот е дека го гледаш само како сигурно резервирано место, а не нешто повеќе.

    Which is kinda sad и за двајцата:*:
     
    На Medea., Buttermilk, Lostinparadise и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    5.866
    Пол:
    Машки
    Со дечкото со кој е во врска поминала 7 години па изгледа не развила искрени чувства кон него, така што тие 8 часа не се ништо што ги поминува со колегата..
    Со многу луѓе ти кликнува муабетот и поминуваш 8 часа на работа па не развиваш чувства кон нив..
    Девојкава очигледно не го сака дечкото со кој што е во врска, не сака да раскине поради толку години поминати заедно, а со него е затоа што тој ја сака и убаво се однесува кон неа.. Тој очигледно се труди за погрешна личност, има многу девојки кои што би му возвратиле со љубов на се што прави а не да посакуваат други на негово место..
    @J. T. Кажи му го сето ова на дечко ти, дека си заљубена во друг, како нас што ни кажа..
     
    На Frida-, FlirtBerry, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    2.482
    Пол:
    Женски
    Истово сакав и јас да го кажам.
    Можеби ѝ е жал да му раскине затоа што е премногу добар, како што кажува.
    Може мисли дека ќе го повреди доколку му каже дека ѝ се допаѓа друг.
    Или може само се навикнала на него, сигурна зона, комфорт зона, како сакаш наречи го.

    Што според мене е многу погрешно.
    Еве, се ставам на местото на дечко ѝ.
    Дефинитивно не би сакала партнерот да остане со мене само затоа што сум предобра и да ме ,,сожалува", или за атер на ,,добра стара времена".
    Доколку некоја друга му го ,,украде" вниманието, би сакала да го дознаам тоа од него и да не ми го губи времето повеќе.
    Во спротивно е само мачење, за двете страни.

    Ама, тоа сум само јас.
     
    На LibreGirl, theowndemon, Mr.Limonko и 2 други им се допаѓа ова.