Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.782
    Пол:
    Женски
    Штом си увидела дека е грешка и сама на себе си признала дека такви мисли се погрешни тогаш доволно е самото тоа што си свесна. Не си го изневерила, продолжи понатаму како ништо да не се случило. Дистанца од колегата и тоа е тоа.

    Значи жив човек е не е робот. Со колегата поминува 8 часа дневно, се разбираат ете како што кажа кликнале со муабет. Што има сега да ја преиспитува врската кога се заедно толку време и сѐ им е супер. Некогаш чувствата не можеш да ги контролираш. Не го изневерила свесна е дека грешка е тоа што го чувствува. Моментално е ќе помине.
     
    Последна измена од модератор: 14 февруари 2026
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.023
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Не го заслужуваш дечкоти ниту пак не треба да го нарекуваш иден маж се додека во мислите не си сигурна дали го сакаш дури и после 7 години врска и поминато време со заеднички моменти. Не си дете за вакво нешто да паѓаш платонски. Шо значи ова дека утре на било кое место ете се појави и друг човек, земјава е преполна со луѓе, истото би го правела? Ова ништо не се разликува од другото неверството, иста димензионалност е.

    Или сепак да не тролаш?
     
    На Melissa_39, Gosh, Dekoo и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    18.865
    Пол:
    Женски
    Шо знам, чудно ми е.

    Е од таа неможност да се регулираат чувства, се дешаваат неубави работи.

    Добро што е свесна.

    Да ја преиспитува не е лошо, оти често мислиме дека ни е добро, а уствари се лажеме и нешто ни фали , па вака преку вајбнување со некого, гледаме да си го компензираме тоа :)
     
    На FlirtBerry, Трагедијаупмм, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    И јас го делам истово мислење. Доколку вистински сакаш некого, ако гледаш некаква иднина со тој човек, и ако си стварно среќна во таа врска, нема да те интересира никој друг.

    Седум години не се малку време, за да видиш дали некој ти одговара ко човек или не.
    Не викам дека девојкава изварала, не се работи за физичко изневерување, ама самата вика дека се осеќа како да го изневерила емоционално, што значи дека е свесна.

    Можеби стварно треба да расчисти со себе и да се преиспита дали е среќна, дали и што ѝ фали во таа врска, што е тоа што довело до тоа друг да ѝ го привлече вниманието.
    Најверојатно има нешто.
     
    На Melissa_39, FlirtBerry, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    12.084
    @J. T. Според мене,

    Замислувам вака мојот партнер во кој јас сум вљубена и кој го сметам за иден сопруг, да развил чувства, пеперутки и виножита за нова колешка? :drunk:

    Дури до степен да мора да сведува контакт на минимум за да се контролира и да пишува на форум есеј за совет од толку што го мачи? (heidy)

    Па утре брак со мене? Ма нека човеку, не требит веќе, може само да ме одмине во најширок круг :D

    Тоа што сте 7 години, впечатокот е дека го гледаш само како сигурно резервирано место, а не нешто повеќе.

    Which is kinda sad и за двајцата:*:
     
    На Medea., Buttermilk, Lostinparadise и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    4.499
    Пол:
    Машки
    Со дечкото со кој е во врска поминала 7 години па изгледа не развила искрени чувства кон него, така што тие 8 часа не се ништо што ги поминува со колегата..
    Со многу луѓе ти кликнува муабетот и поминуваш 8 часа на работа па не развиваш чувства кон нив..
    Девојкава очигледно не го сака дечкото со кој што е во врска, не сака да раскине поради толку години поминати заедно, а со него е затоа што тој ја сака и убаво се однесува кон неа.. Тој очигледно се труди за погрешна личност, има многу девојки кои што би му возвратиле со љубов на се што прави а не да посакуваат други на негово место..
    @J. T. Кажи му го сето ова на дечко ти, дека си заљубена во друг, како нас што ни кажа..
     
    На Frida-, FlirtBerry, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Истово сакав и јас да го кажам.
    Можеби ѝ е жал да му раскине затоа што е премногу добар, како што кажува.
    Може мисли дека ќе го повреди доколку му каже дека ѝ се допаѓа друг.
    Или може само се навикнала на него, сигурна зона, комфорт зона, како сакаш наречи го.

    Што според мене е многу погрешно.
    Еве, се ставам на местото на дечко ѝ.
    Дефинитивно не би сакала партнерот да остане со мене само затоа што сум предобра и да ме ,,сожалува", или за атер на ,,добра стара времена".
    Доколку некоја друга му го ,,украде" вниманието, би сакала да го дознаам тоа од него и да не ми го губи времето повеќе.
    Во спротивно е само мачење, за двете страни.

    Ама, тоа сум само јас.
     
    На theowndemon, Mr.Limonko, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    6.517
    Пол:
    Женски
    Моногамијата е избор. Може да се случи друг да ти украде внимание, на тебе е да поставиш граница сам со себе до каде може да одиш. Наивно е да верувате дека никогаш не може да ви се случи и вам.

    Женска, размисли дали навистина немаш подлабок проблем во врската. Ако си искрена спрема себе нема што да те плаши. Си направила што треба, си намалила контакт, продолжи си со животот. @J. T.
     
    На Cutiepie123, FlirtBerry, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Ако ова го чувствуваш, подобро не се мажи, земи со време заврши се, па после биди си со други. Или сама, сеедно.
    Не стапувај во брак, со вакви чекори, никако. Само полошо ќе направиш.
     
    На Peperutce6, FlirtBerry, Mr.Limonko и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    18.865
    Пол:
    Женски
    Еден разумен одговор на темава
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Најразумно е да прекине со дечкото, и поради себе и поради него. Ако некој друг ти краде внимание, ништо нема од врската, со време да се заврши е најдобро, а не да се лажеме и правиме будали, па уште и во брак? Никако, уште поголема одговорност, секако нема ништо да се смени ако влезеш во брак со вакво размислување, само полошо може да биде.
     
    На Mr.Limonko, Mrs. right и Panda00 им се допаѓа ова.
  12. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    882
    Пол:
    Женски
    Читам и размислувам дали вистински до крај само очите ви се врзани за еден партнер/ка до крај на животот или некогаш да бидеш искрен е полошо отколку да си веруваш на сопствените лаги ?

    Девојкава е живо суштество и мн свесна личност што го има ова пишано, зашо е искрена спрема себе и знае дека ете и дошло симпатија спрема некој друг и како резултат на тоа што е свесна и има нагон да се контролира, е многу подобро отколку сите ние што сме биле во врска или сме во брак, а сме искоментирале или сме си напраиле некој фин моабет со некој шо ни се бендисал, а притоа никогаш не сме си признале гласно, а верувам како живи суштества дека на секој му се случило вакво нешто, тој шо ќе пише не, никако ако го сакаш партнерот несмееш да кажеш дека некој е фин/а, добар/а или симпатичен/а, длабоко е неискрен спрема себе најпрво.
    Никако дечки, многу е подобро да си се лажеме себеси отколку отворено да признаеме.
    А што е со прљавите мисли што ги имаме кон дадени секси глумци или глумици што не надразнуваат сексуално, дали тоа да го наречеме изневерување ? Или време е да раскинеме или да се разведеме кога ќе ни дојдат тие мисли без разлика што не сме збореле во живо со нив ама сме се палеле на нив ?
     
    На Cutiepie123, Golden, Stressed Out и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.435
    Нек проба со колегата, дур не проба, нема да знае дал е заљубена во дечкото од 7 години :)
     
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Не биди ироничен ти. :rofl:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.435
    Не сум уопште. Ако не е тролање постот, мртов озбилен сум. Мислам, се надевам дека е тролање постот.
     
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Ллелелеел, каква споредба, мајко мила. (facepalm)
    Глумецот ако ни бил убав, или сме искоментирале за некого дека е убав и згоден, е исто со ова да сакаш да си во нечиво присуство 2 месеци, да имаш заеднички теми, и да имаш симпатии за него?
    Дај те молам!

    И да е тролање, и да е вистина, твојот одговор е ироничен. :nod:
     
    Последна измена од модератор: 14 февруари 2026
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    882
    Пол:
    Женски
    Па убав ти бил сексуално те привлекол, зашто си го дозволила тоа? Не го сакаш маж ти значи... кој апсурд

    Она е свесна дека има симпатии ама не е исто симпатија кон некој и љубов кон друг (во овој случај партнерот).
    Ако сакала ќе го изневерела ама била свесна и затоа пишала тука за да и дадеме мислење, а не да кажуваме дека трола.
    Секој што ќе побара некое мислење или ако искаже некоја мака овде што не е сфатлива за нас одма напаѓаме и осудуваме до коска !
    Дај бе некад размислете надвор од кутијата.. има секакви случаи.
     
    На ArabellaStarfall, Billy Idol, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    62.271
    Пол:
    Женски
    Непопуларно мислење, но јас мислам дека не е толку ретка појава во долгите врски да се развијат некакви чувства кон друга личност кога ќе се појави, особено ако е станато монотоно и не правите нешто ново посебно, само не секој на глас го признава тоа.
    И не, не мора да значи емоционално неверство ако некој друг ти фати внимание, разликата е во тоа што правиш во врска со интересот кој ти се појавил. Ако активно го "бркаш" тој интерес и цело внимание и емоции ги пренасочуваш кон новата личност, па и крајно стануваш физички интимен, тогаш да, неверство е. Но ако го прифатиш само како минливо нешто и не правиш ништо во врска со тоа ќе си помини само како да не било. Така да, во оваа ситуација најдобро е да се распраша човек зошто дошол до тука, дали врската е станата монотона, дали можи да направите нешто за да ги разгорите чувствата повторно како на почетокот, дали кога ќе ги затвориш очите и ја замислиш иднината по 10, 20 години од сега сакаш да го видиш сегашниот партнер до себе?
    Одговорот на ова секој си го знае. Но апсолутно не мислам дека треба да се суди толку јако кога некој друг ќе ти фати око, бидејќи да, луѓе сме и нормално е да не ти се свиѓа само еден човек цел живот.
     
    На ArabellaStarfall, Srckata28, Cherry333 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Ајде да препрочитате што пишала:
    Ова не е обична симпатија, вака почнуваат да се развиваат чувства за некого, ова може да е и прв чекор до "заљубување".
     
    На Mrs. right и Panda00 им се допаѓа ова.
  20. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.435
    [​IMG]

    Тука завршуем :)