Не можам да вратам на сите поединечно, ве прочитав и сакам да разјаснам една работа, кликот со колегата е само кога разговараме за заеднички теми бидејќи имаме исто хоби. Не сме ни пријатели, ни блиски, не го ни познавам во поинакво светло освен во работна атмосфера. И ве молам не ги извртувајте работите дека не сум вљубена во дечко ми или дека го сожалувам па не му раскинувам. Барем за тоа сум сигурна дека не е така бидејќи јас сама не можам да бидам со некого ако не го сакам и не ми е привлечен на секој можен начин. Кажав дека ова со колегата е клик кој нема да прерасне во ништо друго. Ниту го посакувам сексуално, нити ми е симпатија, нити се дружиме вон работно време, ни телефонски број му имам, значи ништо. Тоа нема да се промени зошто знам со кој човек сакам да го поминам остатокот од животот. Најверојатно нема да сфатам како се деси ова ајде да го наречам интелектуално поклопување (за да не ја сексуализирате работава). Размислував дека можеби е и до самата работна средина, не ни се најсјајни односите, па дечково ни беше вистинска промена. Супер карактер е, сите колеги се смееме со него, попозитивна е атмосферата и можеби тоа ми привлекло внимание кон него. А коментарите за виножита и еднорози, пробување, хехенце мемиња и не знам уште какви хиперболизирани небулози ќе ги прескокнам. Па и копи пејст-от на аи текст во недостаток на мозочни клетки ќе го прескокнам. На останатите ви благодарам за мислењата.
Ти побара мислење, не знам што очекуваше? Тапшање по рамо? Спремна и на критика треба да си, зошто не секој го сака истото што и ти.
Ама немој така значи, заљубена си во глумецот УБав ти е ! Не секој што размислува поразлично од тебе значи дека е погрешно.
А кај кажав дека сум заљубена? Ти сама измисли, тоа било исто со ова, како да не, важи. Прочитај и го првото мислење, па пиши пак, симпатии не се појавуваат туку така за некого, да ти е убаво со него, едвај да чекаш да го видиш, да имаш мн заеднички теми, итн...
Иронија е првото бре мамасита, поентата е дека ти ја убеди дека е заљубена, како што сеа ја тебе ти истакнувам дека си "заљубена" во глумецот пошо убав нели. Девојката е прво исплашена што и се има појавено првпат такво нешто и незнае очигледно како да го дефинира, па пишува симпатии, па чувства и сето тоа затоа пиша тука за да може полесно да дојде до заклучок. Ние можеме наши перспективи и мислења до утре да си кажуваме, мада не верувам дека е заљубена во него, зашо реално може да се поклопиш со некој интелектуално и никад да не се развие хемија и обратно. Не би навлагала понатаму. Забележувам премногу исмевање на нечија проблематика. Тоа ми е премногу ниско. Барајте си совети у пораки
Ама ти кажав, прочитај што има пишано во првичниот пост, тоа не се оправдува со твоето "исто како да кажеш некој е убав" или за глумец што спомна, апсурдно ти е.
Очекував нормален разговор без исмејување и мемиња. Осеќам како со децата да правам муабет а не со мајката. Не гледам што е смешно али океј. И не апсолутно не сакам тапшање, мислам дека објаснив доволно за ситуацијата. И ми се потврди тоа што и го правам, се поставува граница и готово.
Сакаш конструктивен и убав муабет? Ти имаш потреба од некој да бидиш слушната, да разговате и слично, ете сте се погодиле со хоби. Со овој тип идеализираш затоа што не ти е дома, да си перите, јадите заедно, спиете, да се ебете и скарате понекогаш. Ти фантазираш девојко, а не го ни знаеш типов.
Ако вака мислите ич не треба да не изненадува кај оди светов, загреота. Заљубеноста е минлива, љубовта останува. Без да го цитирам џипити, да ви кажам- заљубеност поминува во зависност од интензитетот на врската, во период од месеци до години. Оставајте се и разведувајте се штом ќе помине. Заљубеноста секогаш поминува. Одржување љубов, долга врска, брак, бара работа и посветеност, пеперутките не се вечни. И не се појавуваат само еднаш во животот. Ама ако се само пеперутки, не е тоа-тоа, и онака пеперутките живеат многу кратко. Кој разбра-разбра, кој не- здравје.
Многу од ликовиве се тотално некомпетентни да дебатираат, ем незрели, ем немаат нишо доживеано за да солат памет. @Biljarkata ги реши, гасиме нет. Кој нема да разбере, нека е жив и здрав, а светот секако у курац отишол, нема враќање назад.
@J. T. Како што самата знаеш и си свесна, спречи го развојот на чувства кон колегата. Те нападнаа па уште и обвинија дека тролаш ко да е којзнае што. Непријатно, да, но додека си ги знаеш границите и не си изневерила, не е страшно. Твојот партнер е твојата љубов со кого 7 години си делела живот, не е тоа само сигурност и комфорт зона туку многу повеќе и не се остава поради минливи симпатии кон некого. Кога колегата е во близина, мисли на твојот партнер, а и посвети му се повеќе периодов.
Не знам дали ќе ти е од помош, но би сакала да ја споделам мојата перспектива како некој на кој лани му заврши 10 годишна врска заради тоа што му се појавија чувства за друга девојка на сега бившиот дечко. Прво да кажам дека таа заљубеност/симпатии кон девојката кај него се задржаа три месеци (по раскинувањето) и после се каеше, сфати дека избрзал (негови зборови) и неколку пати се обиде да се смириме, така што на некој начин тој помина низ фазите на тагување три месеци после мене зашто на крај со моето одбивање да бидеме заедно, ко одново да раскинавме т е ко да му „раскинав" јас на него. Ова го кажувам со цел да дадам временска рамка колку време траат тие чувства и дека во најголем број на случаи се минливи, иако ми е сосема јасно дека е индивидуално и не е секоја ситуација иста. Она што за мене беше изненадување, не знам во каков bubble сум живеела дотогаш, е колку е честа оваа појава во долги врски, сѐ она што го чувствуваш што си го пишала во првиот пост е нешто што го слушнав неброено многу пати кога луѓе решија да се отворат пред мене и да споделат низ што поминале, како им било и како го надминале тоа. Тука ќе додадам дека никој од нив не споделил со партнерот, самите „живееле" со тие чувства и чекале да поминат. Не беше мое да ги судам нив за таа одлука, како што нема ни тебе да ти кажам дали да споделиш со партнерот или не, јас можам за мене да кажам дека сум благодарна што мене ми беше кажано, што јас имав шанса да размислам што понатаму, да се преиспитам, да анализирам what went wrong во врската и на крај да добијам еден closure и да продолжам со животот. Помислата јас да сум на „седмо небо", а некој да се мачи со мене и никогаш да не ми каже дека имало таков кризен период ме плаши и научена од ова искуство не би го приредила утре на партнер, како што не ми беше приредено мене. Уште нешто, по многуте разговори со бившиот „раскопавме" длабоко и најдовме многу проблеми кои тлееле, за ова со чувствата кои тој ги разви да бидат капка која ја прели чашата, па доколку се решиш да разговараш со партнерот, да знаеш дека би следеле исцрпни разговори и анализи, ама навистина се потребни во вакви долги врски и верувам дека има решение, само фали малку храброст за искреност, првин со себе, па и со другиот. Со среќа и не се обвинувај за ова што ти се случило, ќе се среди сѐ.
Леле многу сте чудни со тоа дека нешто моментално не може да смени врска од толку години. Она ако не се сомневаше у своите чувства према дечкото, немаше ич ни да го пише проблемов
Убо ме расонивте. Ве молам држете се до цивилизирана дискусија без: 1) офтопик; 2) препукување и 3) исмевање. По некој мим стварно не ви тргам, ама цела страна преписки - не. --- Сега до членката. Сама знајш колку време фаќаш чувства за некој. Дали е некоја опсесија, limerence или почнуваш да развиваш чувства. Исто разграничи дали едноставно осеќаш шо осеќаш зошто сте физички блиски. Колега како љубовен интерес или афера е tale as old as time. И то знајш зошто? Зошто најголем дел денови и саати врвиме со колеги и некогаш мислиме дека сме поблиски од шо реално сме. Додуша и сме во моментот, ама ако не сме работеле на исто место немало ни да се здружиме и забележиме. Ако мислиш дека се заљубваш - не троши време на партнерот твој. Заслужва подобро. Ако барем малку го сакаш и почитуваш - раскини. Ако сметаш дека ова шо осеќаш е пролазно и резултат на физичка близина и досада - види како можиш да вратиш возбудата назад во врската и максимално оддалечи се од колегата.
Од збор до збор како јас што би пишала. Повеќето овде очигледно не ни имале подолга врска кај што имало монотони периоди што се сосема нормални во подолга врска/брак. Нели запознавате и други луѓе во животот освен партнерот? Никогаш не ви се случило да ве привлече некој само затоа што енергиите ви се поклопиле во одреден момент? Ако сте зрели и изградени личности знаете што сакате во животот - нема некој нов да ви растури нешто што сте граделе без ваша дозвола. Не е крај на светот ако ви се допадне некој друг или ако почувствувате пеперутки во стомакот затоа што со некого ви оди муабетот, и не значи дека не го сакате партнерот ако ви се допадне некој друг. @Ј.Т.. ако сте во монотон период од врската, а седум години не се малку, нормално е ова што се случува. Не е љубов тоа, само едноставно убаво ти е кога е во твое присуство. Ако се плашиш дека може да прерасне во нешто повеќе, преиспитај ги своите чувства спрема партнерот, поработи на врската. Ако ти е убаво дома со дечкото и уживате во заеднички активности, разговарате, имате убав живот, верувај, колегава не ти е опасност за врската ако си ги поставиш границите, а си ги поставила. Ама ако не си сигурна во врската, разговарај искрено со дечкото.
Е ова! Ми ги зема зборовите од уста. Се собрале сите светци и светици да ја распнат девојката која ете, развила минливи симпатии за некој колега. Притоа, не направила ништо со него, дури и се тргнала скроз настрана. Па и неверство направила, аман луѓе добри сте?
Сѐ додека немаш силна привлечност мислам дека може да имате пријателски однос. Сите запознаваме луѓе во кои се пронаоѓаме, со кои делиме заеднички работи и скроз е нормално некогаш да развиеш симпатија. Не е грев, не е крај на светот. Најнормален дел од нашето комплексно човечко постоење. Ако имаме еден човек што го сакаме, не значи дека не сме способни да се зближиме и со друг. Нашиот мозок не е роботска програма. Плус, самата близина на поминување 8 саати со истите луѓе те става во ситуација да некој што во други услови не би ти бил привлечен, наеднаш да имаш желба за него. Доколку не ја храниш симпатијата и си одржувате граници - ќе помине. Сосема може да остане платонска и другарска врска ако знаеш дека вистинската љубов која ја чувствуваш е кон дечко ти и си сигурна дека не сакаш да го расипеш тоа. Остави, ако избледе и помине значи било пролазно.
A Kako si sigurna deka SE minlivi? I deka SE trgnala skroz na strana? Istata pisue deka srceto I trepwri I umira od srekja cim go vidi. Izvini, Ima tuka lugje so znaat so e Kako e I so imaat projdeno niz takvi gluposti. Ne e prepukuvanje ili teranje inat. Da ne staam meminja ili hehenca poso ete mi SE brisat mislenja zasluzeno, nek SE stavi ona a I site sto ja branite vo koza na deckoto kakov I da e. I Dali on ako I'ma koleska so koja sto imaat isti hobinja ama umiral od srekja koga ke ja vidi ke bide seedno. Ne, nema!