Девојката никаде не спомна монотонија. Баш напротив, вели дека сè им е совршено. What I'm saying is, нијансите се вака: 1. Скроз човечко и нормално е да помислиш дека колегата е згоден човек или да имате квалитетни разговори. 2. Сум среќна кога ќе го видам - it happens и може да се менаџира. 3. Ова не е само монотонија: Да си емоционално вознемирен 2 месеци, да се преиспитуваш себе, својата врска и да пишуваш есеј на форум за тоа. Значи ако некој е емоционално дестабилизиран од друга личност, мора да форсира дистанца, а внатрешно се опседнува значи дека полека е веќе емоционално инвестиран. И тоа "само интелектуално се поклопивме" е почесто поопасно од сексуалната привлечност. Но, и да беше стварно неутрално, немаше да губи од својот мир, да се преиспитува себеси и да пишува воопшто за тоа. Апсолутно е зрело да се оддалечиш. Но, и зрело е да се осврне кон самата себе и да види ако сè е совршено во врската, не се во монотон период, зошто ова ја дестабилизирало? Погрешно е само да се притискаш и да се убедуваш во спротивното. Нема да оди во затвор и да засакала некој друг. Важно е само да биде искрена кон себе и кон другите
Можеби развиваш пријателски чувства кон колегата.Најверојатно сте се поклопиле во размислувањата,заеднички интереси,теми,хоби.Можеби врската не е монотоно а,можеби работната атмосфера била,па новиот колега внесил малку расположение и тебе сега ти е драго.Не мора секое чувство да е љубовно што се развива. Од друга страна малку е комлицирано затоа што колегата е спротивен пол,па автоматски се размислува на заљубеност.Ниту си направила нешто лошо,ниту си имала намери да направиш.Мислам дека кога ќе видиш некоја негова лоша страна(сите ја имаме)ќе ти помине и нема да ти привлекува дотолку внимание
Колку сте лабави свака част. Ако, правдајде вакви работи вие, нормализирајте. Така и се растураат долгогодишни врски и бракови Али не бе, монотонија имало. А кој е уствари крив за монотонијата? Зашто да е монотоно? Како се разбива монотонијата, преку зближување со друг?
Е ај прашај ги форумските ликови дали исто вака би реагирале да беше муж у прашање. Муж со колешка, шо има лошо у тоа? Убаво му е на чоекот, го расположува, позитивно му влијае.
@J. T. Оваа состојба знае да се случи во подолгите врски со партнери кои имаат лабилен карактер, затоа најубаво е сама да си го поставиш прашањето дали навистина сакаш да се мажиш или не, дали навистина ќе си исполнета со љубов во бракот!? Не дека си направила нешто грешно, само треба да си поставиш неколку прашања во главата, ако сега се случило ова, утре/задутре може да се случи нешто повеќе со некој друг, да се падне на тие минливи емоции и после да излезе грешка направив ама те сакам тебе (во превод се е*ам со друг, ама си го сакам сопругот).
Ај па ти од еднаш не е страшно. Се чудам кој само е незрел тука, и сум фрапирана од мислења и ставови на одредени членки у години и со искуство..
Ги прочитав сите мислења и си останав воздржена. Не би да коментирам плус, пак крива ќе излезам. За фрапирана, секако си останав, има многу што паметуваат дека имаат искуство, а на крај незрелоста излегува на врвот.
Ми се допаѓа како резонираш, со само една забелешка: дали во првите моменти го остави заради бес и повредено его, или едноставно сфати дека си го надраснала по тие 3 месеци патење? Повеќе прашањето е реторичко. Сум зборувала со луге што раскинале ради повредено его, а по неколку годинки ако коцките во животот не се наредиле за нив оптимално, се каеле, ама од инает не признавале на бившиот партнер, ма чак и на пријатели блиски дека згрешиле, едвај прво себе успеаја да си признаат. Не велам дека тоа си, или дека ќе бидеш ти, само се надоврзувам на твоите тези. Од една страна некои ја осудуваат девојката, ти и велиш ќе биде ок, во твојот случај за твојот бивши не било ок, елем кога не се наредило по негово, не си го примила назад. Те молам не ме сфаќај лично, само го коментирам твојот коментар и се надоврзувам. Со искуството и јас имам сфатено дека заљубеност, допаѓање и љубов зрела не е исто, за љубов треба и работа на врската и на себе, а заљубеноста е хормонална, сексуална привлечност, хемиска реакција која доаѓа без напор, е после дали ќе "зрее" е на актерите како ќе играат. Јас би рекла дека од грижа на совест нема многу корист, но има разлика дали ќе делуваш или нема да делуваш врз база на заљубеност или лимеранс, занесеност како една случка во 10 години. "Cold feet" пред брак се позната и честа работа. Некогаш нема потреба од драма и разврска, некогаш има, не е one size fits all. Во принцип се сложувам со тебе, само финесите мислам дека не ги сфатив, што не ни мора да ги сфатам. Битно еве ти си знаела за себе си. Но не секој може одма да пресече. Чак ни по 3 месеци. Јас многу сакам отвореност и таква сум, ама на памет не ми паѓа да си играм играчки со чувствата на партнер .
Коа ќе кажат, ај бе се дешава, се дешава и да извараш, моли се тебе да не те стрефи, иначе се дешава Ова од постари особи, е такви со искуство позади себе. Ќе се убедуваме до недоглед, али тоа е тоа, џабе нормализираат нешто ненормално. Ја ова го сфаќам дека се тапшаат колективно, ради тоа што некад и они истово го имале напраено или го прават. Монотоно ми е, па се зближувам со финиот убав колега, 8 саати со него сме неразделни, позитива на денот ми е, ме радува, ме усреќува, иам некои чувства, пази ЧУВСТВА самата рече И ова е океј? Симпатии да развиеш и пеперутки при жив партнер кој те сака, и ти го сакаш, и се спремате за брак, е океј? Нека си се преиспитаат сите до еден.
Знајш како испаѓа работава спрема либерализмот? Се е во името на "прогресот". Е таква ти работа, без разлика дали не е нормално нештото.
Imo, луѓето се ретко симетрични во толеранцијата. Односно, повеќето би ја рационализирале до бескрај својата "невина конекција" со трета личноста. Но, 100% би реагирале многу поразлично ако нивниот партнер 2 месеци нема сон, е вознемирен емоционално и пишал есеј за својата колешка на форум. I mean, be for real people И не е активно избирање на партнерот секој ден, само бидејќи физички не си го изневерил и си останал со него, a кога си со главата на друго место. Не е активно избирање и природна посветеност ако си останал со некого, само затоа што раскинувањето на долга врска/рутина ти било покомплицирана опција. Ова е повеќе performative, отколку actual commitment Модерно е да се каже дека океј е да си со некој, а да имаш чувства за друг. Но, факт е дека чувствата на крај се акции во нашиот нервен систем кои порано или подоцна ќе протечат од некаде и ќе влијаат врз врската
Писменоста на форумов - умрена. Девојка што пишува најискрено и има доволно self awareness да побара совет. Што треба да направиме, да ја утепаме?
Ако ти направиш се дешава, ако тој направи е тогаш веќе проблем е. Инаку јас гарантирам дека членката има пронајдено нешто во нејзиниот колега што го нема кај дечко и, затоа и се имаат развиено чувства и јас исто сигурна сум дека она не е сигурна дали го сака дечко и. Во главно, ова се случува кога си со партнер со лабилен карактер, т.е не дозреани.
Добро бе што ви е што и се нафрливте? Дури и дијагнози и лепите. Пре би рекла дела вие си проектирате ваши лични незадоволства врз проблемот на девојката. Барем она не пиша дека има маченце секси комшија и дека би имала секс со колешка од работа. Пред да кажеш дека некој е лабилен провери ти што пишуваш, а си мажена
Знаете, супер е што сте толку сигурни во себе, и машки и женски. Ама животот ќе ве демантира, верувајте, порано или подоцна. Не е тоа либерализам, ни прогресивност, а уште помалку оправдување неверство (затоа што овде не се работи за неверство), туку едноставно никој не е совршен. Живи суштества сме, реагираме на убав збор, пријатно друштво, позитивна енергија. Нова колешка да беше, ако си кликнат од прв ден пак можеше ова да се случи, иако девојката што пиша за проблемов е стрејт. Важно е да се исконтролираш, да не дадеш тоа што мислиш дека се чувства да те водат, оти на крај, и тоа ќе помине. Се' што е ново е возбудливо, па и интересно, ама и интересот се губи после некое време. И пак ќе кажам, никој не може да те зезне како што можеш самиот да се зезнеш. Вистинска и зрела љубов се гради, и нема да пукне ко меур од сапуница само затоа што на работа со колегата ми одел муабетот и сум среќна кога ќе го видам. Искрено, кога имам добри колеги и колешки јас сум среќна што ќе поминам 8 часа со нив, а не со некои мрчала.