Имам супер колеги со кои сум кликнала, си муабетам и ми ја прават работната средина ептен пријатна. ≠ 2 месеци сум во хаос и сум емоционално вознемирена поради еден единствен колега за кој развив чувства кои инаку ги имав само за мојот дечко.
Епа тука лежи зајакот, значи не е само колега, него е колега со чувства што утре да и се закачи на некоја предновогодишна, оде воз у кукуруз. Мислам луѓе, сите сме биле на една од двете страни (кој рече не, лаже бар според мене) затоа и има луѓе што зборат од искуство. Ја би бил и слонот у собата и би прашал дал се е по старо со дечкото (интимни односи а у) ама знам и што е и како е, и дека и да ги има, не е тоа тоа пошо паметот е на друго место. Небитно.
Ти се појавува нов, шармантен лик со кул муабетчиња и хехенца, не прди по дома, не го гледаш 24/7, ја немаш истата секојдневна рутина како со дечко ти, го романтизираш плус пошто ти ја покажува само најубавата страна од себе (сите се овакви на почеток), оди па не си поставувај прашања дали тој дома е вистинскиот. Еден куп луѓе го доживуваат ова, само не секој си го признава. Или презема чекор, ризикува, раскинува/изневерува, или му останува во глава ова како мала, слатка тајна. Ризик е, или/или. Знам само дека не сакам да сум ,,другата страна", да дознаам дека некој се преиспитува во врска со мене и дека е шармиран од некој(а) друг(а).
Луѓе, членкава ниту изневери ниту рече дека треба да си ја преиспита врската со дечко и. Напротив, кажа дека со дечко и и е убаво и не и фали ништо и притоа е свесна дека не треба и нема да направи ништо со кое ќе си ја расипе таа врска. А во долга врска ќе поминете сè и сешто и кога љубовта е одлука, нема да паднете на никакви искушенија. Ќе има луѓе што ќе ви привлечат внимание, но нема да направите ништо што не треба, како што членкава не направи ништо со колегата. Да потенцираме, не направи. Полека со преувеличувањето.
Точно, акцент на болдот. Овде ќе се објаснуваме дека искушенија не постоеле, не би можеле да постојат, зошто би постоеле.
Не направи, ама кажа како се чувствува, во близина на колегата, едно е да речеш колегата е супер и секси, а друго сосема да сакаш да си во негова близина, ова се нејзини зборови, патем: Емотивно во тотален хаос, зошто не знаеш што со себеси!?!? Каков клик? Како кога почнуваш да сфаќаш дека ти се свиѓа некој? Убаво ти е, ок. Ама и помислата дека ќе го видиш те прави среќна? Ок. Да, проблемот е во тебе! Се појавија чувства! Значи се појавиле чувства! Вие не читате што е напишано луѓе или ние сме будали, друга јасна причина не гледам.
Може мислам, од кај знаеш. Само знам дека врската ми е доволно цврста да не подлегнувам на искушенија.
Пишува дека и се појавиле чувства за друг маж, кои биле резервидани само за дечко и. Ова е повеќе од искушение. Ова е емотивно прашање, дали сакаш да си со таа личност, или сакаш да си со дечко ти што се вложува во тебе 7 години. Анат јас се согласувам за многу работи со тебе, генерално. Ама ова не ми личи на искушение само, според напишаното.
Девојчево почнало да чувствува нешто ама на самиот старт на тоа, свесна е дека не е во ред. И сече во корен, толку. Има чувства кои се само минливи, зависи ние дали ќе ги прифатиме тие чувства и ќе оставиме да нè водат или не.
Еве, не знам, како дефинирате вие искушение? Постои или не, ако постои, како го замислувате? Јас и во викенд ги мислам, толку се неспособни, што мака ми е оти пак иде поделеник
Проблемот е во терминологијата што си ја користиме кај ваквите емоционални неверства. Велиме „се случи некаков клик меѓу нас“, небаре кликот е живо битие и тој ете така независно од нас доаѓа од некаде и не напаѓа. Не. Ние сме тие што кликаме. Ние сме тие што дозволуваме друга личност да ни чукне на вратата на срцето. Ние сме тие што иницираме. Ние сме тие што дозволуваме некоја друга личност да ни прави муабети на теми или хехенца на кои знаеме дека ни се сензитивни. Ние сме тие што дозволуваме од колегијален однос некој да ни премине во пријателски, па блиско-пријателски, па емотивен, па комуникација и надвор од работа итн. Ние сме тие што не сечеме во старт кога ќе се појави недопустлива комуникација со некој. Ние сме одговорни да си го чуваме срцето. Ама сепак ова што го зборам важи повеќе за брак. Врската е само запознавање и се додека не се вериме со таа личност, сосема е во ред да се раскине ако сфатиме дека не е тоа што го бараме/очекуваме од врската. Со други зборови, ниту таа е моја, ниту јас сум нејзин пред брак.
Па пак овде не станува збор за искушение. Искушението е краткотрајна искра, минливо, опционално, нe вложуваш енергија ни време да го мислиш. Мозокот забележува некој нов, интересен или згоден и во мислите флертуваш со идејата за него. И следниот момент ти поминува и не ти направило разлика во секојдневието. Она што членката го доживува е промена во нејзиниот нервен систем, емоционално е инвестирана, се соочува со емотивен хаос, аларм кој и вели дека приоритизира нешто надвор од врската, друг извор на чувства. И да, ни совршените врски не се имуни на хемијата на мозокот и на реакцијата на нешто ново. Но, има разлика нешто да трае во моментот наспроти нешто да те мачи 2 месеци. Повеќе звучи како енергијата и емоциите доживеале промена, без разлика дали тоа девојката си го признава на себеси или не. И апсолутно ова не е напад кон неа. Ама лично не би минизирала нешто што ја мачи 2 месеци дека е само монотонија или не е ништо, дека на сите ни е вака, кога не е. Треба дефинитивно да седне сама со себе и да со биде искрена what's going on
Јас лично не верувам дека има чувства спрема него. Симпатија да, ама чувства, не. Оти треба многу долго време да поминеш со некого, и да имаш доверба за да развиеш чувства. Барем кај мене е така. Емоции или чувства немам спрема секој што ми се допаѓа, искрено. Не се врзувам лесно за луѓе, може затоа така размислувам. Многу искушенија има во животот, наше е како ќе реагираме на нив.
Мала криза да фати во врската или брак и во меѓувреме ако се појави личност која што ќе ја пополни таја криза или нештото што фалело во бракот или врската и почнуваат проблемите. Разни мисли во глава шо понатаму дали ќе згрешам или не,одбивност кон партнерот и така натаму.
И имањето симпатија кон некого е претежно light, забавно и минливо, не ти создава ваков хаос во главата. Пак ми е ова на еден начин минимизирање. За симпатија од работа никој не доаѓа да пише на форум дека е многу вознемирен Или да се мислиш и прашуваш дали е нормално "и со друг човек да осеќаш поврзаност на ваков начин" - her own words. А временската рамка за развивањето чувства е екстремно индивидуална работа. На некој му требаат неколку недели, на некој неколку месеци
Овде The thought police од 1984 на форумов, ќе апси макар и само да сте помислиле... Бреј, како и самите никогаш да не помислиле, или им се допаднал друг/а ама сепак свесни за што имаат дома/во врска нe подлегнале на "зовот на хормоните" . Се разбира можеби некој не бил во таква ситуација никогаш, еве немале хемија со никој/никоја освен еден/една целиот живот, или имаат очи стриктно за партнер, или да сме реални некои луге немаат преголем избор, или ете едноставно го пронашле совршениот за нив. ( Совршенство не постои, и кога некој ќе го употреби терминот макар и преносно, мене ми делува фејк). Емоциите се човечки. Грижата на совест и таа. Со единствена добра улога да те сепне да размислиш како да делуваш. Бурата секако ке помине. The grass is greener.
Среќна сум што не можат да се читаат мислите. Инаку сите ќе бевме изневерувачи, вака сите светци и светици, со очи за само еден човек цел живот. Ама да, во долги врски можат да се појават вакви случаи, иако не секој ќе го признае тоа на глас. Има и разлика што правиш во врска со симпатијата. Јас би отишла до таму дека самите ние си ги "храниме" симпатиите и ги правиме да преминат во нешто повеќе, дури и кога сингл сме. Ако не му придаваме никакво значење и го прифатиме како минливо нешто, може да помине побрзо отколку што се појавило. Девојката не направила ништо во врска со тоа досега, така да не мора да се распнува дека го изневерила емоционално со самото тоа што помислила дали чувствува нешто за колегата. Таа што треба да направи е да седни и размисли дали е монотона врската или има друг проблем, дали си гледа иднина со партнерот, а тоа сама си го знае длабоко во себе. Ако преовладуваат чувства за трета личност, а првата е само навика, тогаш да, најдобро е да се разделиш. Ама само фактот што си кликнал со друга личност и ти е интересна не значи дека си го изневерил партнерот. Кога ќе го вклучиш разумот нема да направиш никаква глупост.